Следете не

Lifestyle

Ова се најдобрите плажи во Европа за одмор со деца (ФОТО)

Објавено пред

на

Ибица, Мајорка, Тенерифе и други атрактивни дестинации се на втор план кога ќе пристигнат децата, бидејќи приоритетите се менуваат. Кои одморалишта во Европа се погодни за одмор со деца и што ги прави идеални?

Стравот од патување со мали деца е присутен кај голем број родители, особено кај оние кои првпат во животот се во оваа улога. Дали водата во морето е доволно топла? Дали плажата е погодна за играње? Кој е влезот во водата? Има бесконечен број прашања, а со секое ново притисокот се зголемува.

Палеокастрица, Грција

Палеокастрика е една од најпопуларните плажи на Крф, поделена во 6 различни зони – од камчиња до оние со најситен песок. Водата на оваа плажа е исклучително чиста и прилично топла, а спуштањето во неа е постепено. Плажата е опкружена со борови шуми и насади со маслинки, кои не само што обезбедуваат заштита од сонцето, туку и идеален поглед.

Агиос Георгиос, Грција

Плажата Агиос Георгиос се наоѓа на грчкиот остров Наксос и се смета за рај за семејства со мали деца. Северниот дел од плажата е заштитен од ветрот со околните ртови, благодарение на кои водата во морето е мирна и прилично плитка. Овде можат да уживаат и постарите деца, бидејќи можете да сурфате на јужниот дел од плажата.

Свети Константин и Елена, Бугарија

Сместена помеѓу живописната Варна и Златните Песоци, плажата Свети Константин и Јелена е совршена дестинација за оние кои бараат мир. Благодарение на ситниот песок и кристално чистото, исклучително мирно море, оваа плажа е како магнет за семејства со деца, пренесува порталот 1001Bič.

Коралниот залив, Кипар

Волшебниот Корален залив е вистински скапоцен камен меѓу кипарските плажи. Позната по кадифениот песок и топлата мирна вода, оваа плажа ги повикува сите оние кои одат на одмор со малечките. Спасувачите на оваа плажа постојано ги следат гостите, што на родителите со мали деца може да им даде дополнително чувство на сигурност.

Ривазура, Италија

Сместена во северниот дел на Римини, плажата Ривазура нуди исклучителни услови за релаксација и безгрижен одмор со деца. Широк е околу 100 метри, што е сосема доволно за забавни активности на песокот, а спуштањето во водата е многу благо, па родителите нема да мораат да се грижат доколку малите си играат во плиткото – првата подлабока длабочина е неколку десетина метри подалеку.

Lifestyle

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/tiktok/anatoly_pranks

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно тешки килограми, а секој негов тренинг претставува ново изненадување за неговата публика. Со голема посветеност на фитнесот, тој секојдневно работи на подобрување на својата сила и техника, а најимпресивните моменти ги споделува токму на своите видеа.

Неговите кратки, динамични објави не се само демонстрација на физичка моќ тука има и забавен елемент, хумор и мотивација. Анатоли успева да го пренесе она што го чувствува кога ја надминува сопствената граница, па многумина го следат токму со цел да се инспирираат. Секој нов рекорд што го поставува во теретаната предизвикува бројни реакции и восхит кај гледачите, а неговата самодоверба и ентузијазам се препознатлив белег на сите негови видеа.

По три години активна работа и редовно снимање, Анатоли конечно доживува и уште еден важен момент да биде препознаен во фитнес центар. Тој со насмевка раскажува дека тоа веќе му станува нормално, бидејќи луѓето кои ги следат неговите видеа сè почесто го препознаваат во живо и му приоѓаат со поддршка.

Со растечка заедница на следбеници, Анатоли сè повеќе се истакнува како мотиватор за младите кои сакаат да влезат во светот на фитнесот. Тој покажува дека со труд, дисциплина и упорност може да се достигнат резултати што некогаш изгледале невозможни.

Секое негово видео е потсетник дека границите постојат само за да се поминат. Во прилог и видео записот каде неговиот лик е препознат од фитнес момците:

@anatoly_pranks

Of course, over the last 3 years a lot of people have recognized us. But this time… it was different. Full on YT 🤭 #anatoly #gym #prank

♬ original sound – ANATOLY

Прочитај повеќе...

Lifestyle

„Travelers Cycling Macedonia“ – Кичево ја лансира првата андроид мобилна апликација за велосипедизам во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Óscar Aguilar Elías

Пред неколку недели во употреба е пуштена првата мобилна апликација за велосипедизам во Македонија – „Travelers Cycling Macedonia“. Апликацијата има за цел да го поттикне користењето на велосипедот како здраво превозно средство, како и да им помогне на велосипедистите полесно да се движат низ урбаните средини и да дојдат до потребните информации.

Во оваа почетна фаза, апликацијата е достапна ТУКА само за Android корисници, а во текот на следната година планирано е проширување и за други уреди и платформи.

Со споделувањето на информацијата, ќе придонесеме за промоција на здрави навики, одржлива мобилност и развој на велосипедската заедница во Кичево и во државата.

За потсетување, „Travelers Cycling“ е неформална, непрофитна група посветена на поддршка на велосипедистите и развој на велосипедската култура. На платформата може да се најдат бројни корисни информации: велосипедски патеки, паркинг-локации, сервиси, пумпи, интересни совети, новости, календар со настани, временска прогноза, препораки за облека додека возите и многу повеќе.

ТУКА ќе најдете повеќе информации за „Travelers Cycling

Прочитај повеќе...

Lifestyle

5 раси на кучиња што речиси не пуштаат влакна и немаат непријатен мирис

Објавено пред

на

Фото: Damian Kamp @ unsplash
Фото: Damian Kamp @ unsplash

Ако размислувате да вдомите куче, а чистотата во домот ви е важна, една од овие пет раси може да биде идеален избор. Професионалниот тренер на кучиња Кејси Реј, со речиси 30 години искуство, ги издвојува расите што минимално им паѓа влакно, слабо мирисаат и речиси воопшто не се лижат прекумерно.

5. Шнауцер

  • Достапни во три големини.

  • Познати по интелигенција и лојалност.

  • Крзното има многу малку природни масла, па затоа минимално им паѓа влакно и речиси не мирисаат.

4. Малтезер

  • Мало, нежно и пријателско куче.

  • Хипоалергично и паѓа исклучително малку.

  • Реј ги нарекува „кучиња без смрдеа“ поради ниското количество масла во кожата.

3. Португалско водно куче

  • Интелигентни, енергични и многу послушни.

  • Обожаваат вода.

  • Водоотпорното крзно не задржува мириси, а со редовно чешлање остануваат чисти и уредни.

2. Бишон Фризе

  • Разиграно, нежно и многу приврзано куче.

  • Имаат малку природни масла во крзното, што значи речиси без мирис.

  • Со редовно четкање изгледаат прекрасно и остануваат свежи.

1. Пудлица

  • Една од најинтелигентните раси во светот.

  • Густите кадрици речиси воопшто не им паѓаат.

  • Многу слаб природен мирис и одлична дресибилност.

  • Како што вели Реј: „Никој нема ни да знае дека има куче дома ако е добро воспитано.“

Совет: Како да го намалите мирисот кај било кое куче?

  • Правилната исхрана е клучна.

  • Раната социјализација и добра дресура спречуваат стрес и несакани навики.

  • Редовната нега и чешлање се неопходни, без разлика на расата.

Извор: Vecernji

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп10 часа

Хороскоп за сабота (6 декември)

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете...

Македонија18 часа

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт18 часа

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

Lifestyle21 час

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

Магазин23 часа

Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по...

Автомобили23 часа

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во...

Временска прогноза24 часа

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (5 декември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија1 ден

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради...

Свет1 ден

Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“

Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток...

НАЈЧИТАНИ