Следете не

Свет

Парламентот на ЕУ даде зелено светло за дигитални ковид пасоши

Објавено пред

на

Европскиот парламент во средата го одобри дигиталниот сертификат „Ковид“ на ЕУ за да се олесни слободното движење на граѓаните во ЕУ за време на пандемијата на коронавирусот.

Сертификатот ќе стане достапен во сите земји-членки на ЕУ од 1 јули, иако некои земји, вклучително и Шпанија, веќе започнаа да го користат.

Овој сертификат ќе биде доказ дека лицето е вакцинирано против коронавирус, има негативен тест за коронавирус или се опоравило од инфекција.

Свет

Вакцината Pfizer и AstraZeneca ефикасна против делта сојот на коронавирус

Објавено пред

на

Вакцините против ковид развиени од Pfizer/BioNTech и AstraZeneca генерално се ефикасни против варијантите на делта и капа на коронавирус, кои за првпат беа идентификувани во Индија, покажа новата научна студија.

Студија на научници од Универзитетот Оксфорд, објавена во списанието Cell, ја утврди способноста на антителата во крвта на луѓето кои примиле обете дози на вакцината да ги неутрализираат високоинфективните варијанти на делта и капа, се вели во соопштението.

„Нема докази за големо бегство од вирус од имунитет што сугерира дека сегашната генерација на вакцини ќе обезбеди заштита од вирусни варијанти Б.1.617“, се наведува во студијата. Ова се варијанти на делта и капа што за прв пат беа идентификувани во Индија.

Но, концентрацијата на неутрализирачки антитела во крвта беше малку помала, што може да доведе до бројни инфекции, предупредуваат научниците.

Минатата недела, анализата на Англиската агенција за јавно здравје (PHE) покажа дека вакцините произведени од Pfizer и AstraZeneca обезбедуваат висока заштита од повеќе од 90 проценти од хоспитализација од делта варијанта на вирусот.

Делта станува глобално доминантна варијанта на коронавирусот

Делта варијантата станува глобално доминантна варијанта, рече во петокот главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО).

Научниците од Оксфорд исто така ја анализирале фреквенцијата на реинфекција кај луѓето кои преживеале ковид-19.

Ризикот од повторна инфекција со варијантата делта се покажа како особено висок кај лицата заразени со бета и гама варијанти кои потекнуваат од Јужна Африка и Бразил, соодветно.

Претходната инфекција со алфа варијантата (Б117), прва откриена во Британија, обезбедува „разумна“ заштита од сите варијанти на загриженост и може да биде основа за развој на нова генерација на вакцини.

„Б117 може да биде кандидат за вакцини против нови варијанти за да се обезбеди најширока можна заштита“, велат истражувачите.

Прочитај повеќе...

Свет

За прв пат во историјата на Шведска: Изгласано недоверба на премиерот

Објавено пред

на

Шведскиот премиер, социјалдемократот Стефан Левен беше соборен денеска откако парламентот изгласа недоверба на неговата влада.

Ова е првпат да се случи во политичката историја на Шведска.

Левен има една недела да поднесе оставка или да распише нови избори.

Повеќе од 180 пратеници гласаа против премиерот.

Прочитај повеќе...

Свет

(ФОТО) Камион влета на велосипедска трка во Аризона, има повредени..

Објавено пред

на

Шест велосипедисти се во критична состојба во болницата откако камион влета во мал планински град северо-источно од градот Феникс врз група учесници на трката со вкупно 270 велосипедисти, соопшти полицијата. Полицијата која била задолжена за обезбедување на настанот, по бркотниците го сопрела камионот многу подалеку и со неколку истрели го раниле возачот.

Шлемови, обувки, луѓе и скршени велосипеди се наоѓаа на улица, а тркалото на еден велосипед беше пронајдено забиено во маската на камионот кој беше оштетен од судир дури и на покривот, а на прозорецот има дупка од куршум – вели еден од присутните.

Во тешка, но стабилна состојба хоспитализиран е и возачот на камионот, 35-годишник.

„Не го знаеме неговиот мотив“ да налета на велосипедисти, „знаеме само дека тој сакал да побегне од местото на несреќата“ – изјави полицијата за АП.

 

ФОТО: abc15.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 32 минути

Денеска 10 нови случаи на Коронавирус и три починати во болнички услови

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а...

Временска прогнозаПред 9 часа

И денес продолжуваат тропските температури со над 40°C

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до...

СкопјеПред 9 часа

Денес и утре делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 24.06 – вторник и утре 25.06.2021 година – петок, ЕВН Скопје ќе...

На денешен денПред 15 часа

На денешен ден – 24 јуни

79.- Умре римскиот император Тит Флавиј Веспасијан, основач на династијата Флавијан. За време на неговото владеење, во Рим бил изграден...

ХороскопПред 17 часа

Дневен Хороскоп [ 24 јуни ] четврток

ОВЕН Ќе имате најголема корист од одмор или барем краткорочно менување на животната средина. Ако не можете да си дозволите...

КичевоПред 18 часа

Бакарди распишува оглас за пица мајстори и келнери за претстојната сезона кои ќе бидат во редовен работен однос

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека поради проширување на својата дејност и надополнување на својот...

МакедонијаПред 1 ден

Денес 5 нови случаи на Ковид-19, 1 починат и 8 оздравени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а...

СветПред 1 ден

Вакцината Pfizer и AstraZeneca ефикасна против делта сојот на коронавирус

Вакцините против ковид развиени од Pfizer/BioNTech и AstraZeneca генерално се ефикасни против варијантите на делта и капа на коронавирус, кои...

МакедонијаПред 1 ден

Програмите Vavoom & Pikaboo за сите дечиња достапни на Тотал ТВ

За сите безгрижни дечиња, Vavoom и Pikaboo програмите за деца се дел од Екстра и Премиум пакетите на Тотал ТВ....

Временска прогнозаПред 1 ден

Денес ќе биде многу топло, висок УВ индекс и температури над 40 степени, ова се деталите..

Нашиот регион од денес влегува во портокалова и во црвена алертна фаза поради ЕКСТРЕМНО ТОПЛИОТ бран кој беше најавен. Времето...

НАЈЧИТАНИ