Кичево
Сѐ е полесно со „топла вода“, остатоците од замрзнат снег веќе не се проблем – Самопослужна автоперална и Вулканизер „Виктор“ – Кичево
Покрај достапноста за самоуслужување на вашиот автомобил од денес повторно е активно перењето со „топла вода“ која за сегашниот зимски период носи посебна нега и отстранување на секој мал дел од зимските остатоци/замрзнат снег по најтешко достапните површини на возилото. Да напоменеме, топлата вода сервисот ја активира само овој период од годината, а од денес може слободно да се користи.
Да потсетиме за „ВИКТОР“ како мултифункционален објект кој се занимава и со авто-лимарија за сите ретки возила од светските производители, масла од највисок квалитет, хемиско чистење, како и професионално полирање во посебен дел од објектот, што се однесува до нови и половни гуми, исто така ви нуди голем избор на пневматици по екстра цени со дополнителна бесплатна монтажа и балансирање.
Сега кога зимската опрема е задолжителна, бидете сигурни на патиштата, обезбедете квалитетни гуми по екстра цени + со секоја купена гума добивате гратис монтажа и балансирање на истата.
Контактирајте преку фејсбук фан страната ТУКА или на 075/271-993 за информации повеќе или упатете се директно до нивниот авто центар ТУКА
Квалитетно, брзо и ефтино перење и нега за вашиот автомобил, посетете ги!
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (29 октомври)
-
Македонија19 часаМВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
-
Македонија15 часаДополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар
-
Магазин2 денаИлон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
-
Lifestyle2 денаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
-
Хороскоп6 часаХороскоп за четврток (30 октомври)
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Магазин2 денаWhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
