Временска прогноза
Попоски најавува снежна бура на Балканот, но истата нема да стигне кај нас?

Како што претходно најавивме, за време на викендот, и тоа особено во недела, како и во понеделник низ Балканот (особено во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и делови од централна и западна Србија, како и планинските предели на Црна Гора ќе ги зафати вистинско СНЕЖНО НЕВРЕМЕ.
Сето ова ќе биде поради вцлијанието на МОЌНИОТ ЏЕНОВСКИ ЦИКЛОН и поради продорот на СТУДЕН воздух од север.
Локално ќе наврне и до 50 цм снег (и понекаде во градовите). Во Горски Котар (Хрватска) се очекува и до околу еден метар снег (100 цм).
Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат а сето ова ќе биде проследено со силен ветер од североисточен правец (на Јадранот СИЛНА БУРА).
Во Македонија од викендот ќе има врнежи само од дожд и тоа поради пристуство на потопол воздух од југ. Снег е можен само на највисоките планини а ќе дува и ЗАСИЛЕН јужен и југозападен ветер. Температурите кај нас ќе бележат тенденција на мал пад, што значи дека и понатаму ќе биде НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За време на викендот, особено во недела како и во понеделник нашите граѓани доколку планираат да патуваат во горе наведените Балкански држави, да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ кое би можело да биде проследено и со грмежи, како и ОЛУЕН ВЕТЕР, особено долж Јадранот (можни се локални ПОПЛАВУВАЊА).
На картата која се наоѓа подолу можете да погледнете точно каде и колку снег ќе наврне низ Балканот до 28 февруари
За Порта.мк пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд

Вчера (среда 3 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на изминатата ноќ под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која беше поврзана со фронталниот бран со поладен воздух на висина кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до нашиот дел од Европа услови на повеќе места во нашата Македонија времето да биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Најмногу дожд до утринава наврна во Битола и тоа 23 литри на метар квадратен дожд, во Прилеп наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен.
Врнежи имаше и на другите места од нашата Македонија.
На првата метеоролошка карта можете да го видете наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до овие утрински часови. На втората метеоролошка карта пак можете да ги видите измерените температури во Македонија ова утро.
Најсвежо од градовите е во Битола со измерени 15 степени, а највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија. Во Скопје и околината температурата изнесува 17 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер

Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре и во четврток (3 и 4 септември) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината.
За време на овие два дена (среда и четврток 3/4 септември) локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 литри на метар квадратен дожд).
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, во Скопје температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 30 степени. Тоа значи дека температурите повторно ќе бидат во опаѓање, утрово истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба

Во текот на оваа ноќ територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од уште една голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која ќе услови поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог за кратко време (нови над 20 литри дожд на метар квадратен).
Локално пак повторно ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да усалови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопје и околината оваа ноќ ќе има нови врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Температурите ќе бележат понатамошно опаѓање и ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до денес напладне, предмалку истакна Славчо Попоски
-
Кичево21 час
Апел за изгубено лице од Кичево, доколку имате било какво инфо известете
-
Кичево18 часа
Кичево на нозе: Да помогнеме во потрагата утре во с.Белица кичевско за исчезнатата баба Велјанка
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Кичево2 часа
Среќен крај, баба Велјанка е пронајдена жива и здрава
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (8 септември)
-
Кичево1 ден
Започнува „Наше театарче“ на „Intellect Education“ место каде најмилите ќе го развијат својот талент, ќе ја откријат својата креативност и ќе блеснат на сцената!
-
Македонија3 часа
Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 34 години самостојна и независна Република Македонија!“