Временска прогноза
Попоски со вонредни информации за времето, изразен студен бран носи снежни врнежи, некаде веќе се присутни..
Вечерва и во текот на ноќта врнежите од запад ќе се прошират насекаде и ќе бидат НАЈИНТЕНЗИВНИ во западните предели, каде локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. На повисоките планини ќе врне снег, додека локално ќе има услови и за појава на грмежи. Ќе дува и умерен до засилен, повремено на некои места и СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите вечерва и во текот на ноќта ќе се движат во интервалот од 4 до 10 степени.
Утре и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Локално е можна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.
Под влијание на СТУДЕН БРАН од север, во вторник ќе има врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира снежна покривка, а на планините ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми. Услови за провејување на снег во вторник ќе има и на некои пониски места, особено во западните предели. Ќе дува и засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.
Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели.
Потоа поради разведрувањето во среда наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од – 9 до 0 степени. На планинските места истите ќе се спуштаат и под – 10 степени.
И во Скоспкиот регион утре ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет, додека во вторник ќе дува засилен северен и северозападен ветер а температурите значително ќе се намалат, со што услови за локално провејување на снег ќе има и во Скопскиот регион. Температурите ќе се искачуваат до околу 13 степени, а од вторник истите ќе се спуштат на 6 степени. Во среда наутро ќе биде студено и минималната температура ќе се спушти до околу – 4 степени.
НАПОМЕНА: Со овој студен бран, доаѓа и првото поголемо количество на снег на скијачките центри, па затоа доколку сте лубители на скијањето и на снегот, искористете го ваквото време во текот на следниот период.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Временска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
Во текот на целата наредна седмица и тоа во периодот од 15 декември па се до 22 декември територијата на целиот Балкан и Македонија останува да биде под влијание на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој се протега од југ и истиот условува да имаме температури значително над просекот за месец декември и стабилно и суво време без никави врнежи.
Сепак наутро останува да е ладно и на повеќе места температурите ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така се очекува појава на слана и на слаб мраз. Во ваква ситуација по котлините и по речните долини и понатаму особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност и таа повремено ќе биде густа и ќе условува намалена видливост.
Појава на магла и на ниска облачност особено во ноќните и во утринските часови ќе има и во делови од Скопската котлина.
Температурите пак како и до сега остануваат значително да бидат над просекот за месец декември и тие на повеќе места кај нас ќе надминуваат 10 степени а во југоисточните предели температурите ќе се искачуваат до околу 15 степени.
Во Скопје и околината наутро пак температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или ќе надминува 10 степени, доцна вечерва соопшти метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Ладно на утро со температури под нулата
Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево време со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините ќе продолжи и за време на овој викенд. Сепак, температурите ќе бидат за неколку степени пониски за разлика од изминатите денови но и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
И во Скопје и околината за време на овој викенд ќе продолжи стабилното суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во делови од колтината особено во утринските и во ноќните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.
Викендов наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени а преку ден температурата ќе се искачува во интервалот од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 9 и 11 степени, соопшти Славчо Попоски
Временска прогноза
Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на стабилно, суво и на претежно сончево време. Утре (петок 12 декември) и повторно во недела (14 декември) повремено ќе засилува ветерот од северен правец а температурите малку ќе опаднат во однос на оние температури кои ги имавме изминатите неколку денови. Сепак и покрај ова тие и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември.
Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и на ниска облачност па во овие места преку ден температурите ќе останат пониски.
И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите предели од Македонија. Наутро и повторно во ноќните часови во делови од Скопската котлина ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро останува поладно со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу или за некој степен под нулата. Преку ден пак тие на повеќе места ќе се искачуваа до околу или пак ќе надминуваат 10 степени. Во југоисточните предели пак температурата ќе се искачи до околу или пак ќе надмине 15 степени, утрово соопшти Славчо Попоски
-
Кичево2 денаПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Кичево13 часаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (17 декември)
-
Култура17 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Македонија7 часаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Здравје и убавина2 денаНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Хороскоп4 часаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Магазин16 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
