Македонија
Поради сомнение за тешка кражба во трговски приведено лице од Гостивар

Вчера (26 февруари) околу 12 часот и 20 минути, на улица “Илинденска” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 21-годишниот гостиварец А.Т., поради сомнение дека дента извршил тешка кражба во трговски објект, лоциран на истата адреса, од кој противправно одзел пари.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Извор: МВР
Македонија
Регионалниот центар Запад во содејство со СВР Охрид во охридско кабаре приведоа странски државјанки, злоупотребиле туристички престој

Денеска (01.06) година во 01.00 часот, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад во содејство со полициски службеници од СВР Охрид извршиле акциска контрола во кабаре во Охрид.
При контролата поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава, спротивно на целта, биле приведени вкупно осум странски државјанки на возраст од 23 до 43 години, од кои една државјанка од Република Србија, една од Казахстан и шест државјанки од Русија.
– Превземени се мерки од Регионалниот центар Запад, тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна МВР.
Македонија
На место каде е дозволено 60 км/ч, службеници од БПС Гостивар на радар сопреле возач кој „летал“ со 145 км/ч

Денеска (01.06.) како и вчера во осум одвоени случаи полициски службеници од сообраќај остраниле и ги лишиле од слобода лицата С.З. (24) од Кочани А.О. (42) од Штип Т.Д. (53) од Делчево, М.Л. (55) од Ресен, Д.Т. (50) од Скопје, В.Б. (26) од Тетово, Е.К. (46) од Струга и В.М. (46). од Охрид, заради сторено кривично дело – „безобѕирно управување со возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.
– Имено, најпрво вчера во 15.40 часот на магистрален пат Кичево-Гостивар полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.К. којшто со патничко возило „Мерцедес“ го управувал возилото со брзина од 145 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина била 60 км/час. Истиот ден во 22.50 часот на регионален пат Желино- село Сиричино, полициски службеници од Полициската станица за безбеденосен сообраќај Тетово, ги лишиле од слобода М.Л. од Ресен кој управувал патничко возило „Рено“ под дејство на алкохол (кај него биле измерени 1.68 промили алкохол во крвта).
Денеска, пак, во 00.40 на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово лишен од слобода бил В.Б. од Тетово кој управувал патничко возило „Ауди“ со измерени 1.79 промили алкохол во крвта. Исто така денеска, во 00.00 часот на автопатот Куманово-Скопје, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т. од Скопје, кој што на истиот автопатот, управувајќи товарно возило „Тојота“ предизивикал сообраќајна незгода помеѓу пет возила, во која нема повредени лица, а при преземените мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека имал 1,58 промили алкохол во крвта.
Полициски службеници од ОВР Кочани по истиот основ денеска околу 02.55 часот на улицата „Доктор Николиќ“ во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода С.З. кој што управувал патничко возило „Фолксваген пасат“ под дејство на алкохол, односно имал 1,89 промили алкохол во крвта. Во Штип, пак, на улицата „Кирил и Методиј“ во 01.56 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.О. кој што управувал патничко возило „Фолксваген голф“ со измерени 1,68 промили алкохол во крвта, а во 02.15 часот на улицата „Крушевска“ во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д. кој што возел патничко возило „Хонда“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,71 промили алкохол во крвта.
И последниот денешен случај во 09,28 полициски службеници од ПС за БПС Тетово кај клучката Камењане на патот Тетово-Гостивар, го лишиле од слобода В.М, кој што управувал патничко возило „Пасат“ со брзина, според радарското мерење, од 158 километри на час наспроти дозволените 80 километри на час.
Против сите нив, по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР за јавноста.
Македонија
МВР со детали за страотната сообраќајка кај Тетово, каде трагично згасна млад живот

На 31.05.2025 година во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на клучката за село Камењане се случила сообраќајна незгода во која што патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од село Пирок излетало од патот.
Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(32) од село Боговиње.
Додека, пак, со повреди во Ургентниот Центар-Тетово биле пренесени – возачот на возилото Ј.С. сопатниците В.Р.(28) од село Боговиње, А.М. (10) од село Палатица кои што се здобиле со тешки телесни повреди, како и Ј.О.(21) од село Пирок, А.М.(6) од село Боговиње и А.Р.(15) од село Долно Палчиште.
Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово, информираше МВР.
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кога молкот стана глас, а гласот – сила: Кичево денес гласно ја кажа приказната на жените
-
Кичево1 ден
Кичевчани со мирен собир ќе оддадат почит за Отец Партениј, за неговите 30 години посветени во монашкиот живот
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (јуни 2025)
-
Автомобили2 дена
Утре во Прилеп ќе се одржи традиционалниот „Авто слалом“, учество ќе земе шампионот од Кичево, Кристијан Бојоски!
-
Македонија12 часа
Бигорскиот Манастир за прв пат се огласи во јавноста по јавните собири
-
Македонија9 часа
На место каде е дозволено 60 км/ч, службеници од БПС Гостивар на радар сопреле возач кој „летал“ со 145 км/ч
-
Спорт3 часа
(ФОТО) „Градско дерби“, фудбалско надигрување, многу голови и фер плеј – Фудбалот е најубавиот спорт на светот!
-
Македонија11 часа
МВР со детали за страотната сообраќајка кај Тетово, каде трагично згасна млад живот