Спорт
Расел за прв пат го отвори победоносниот Шампањ
Возачот на Мерцедес дебитираше во кариерата на Големата награда на Бразил. Британецот Џорџ Расел најбрзо заврши возбудлива трка, со неколку судири, на познатиот „Интерлагос“ и со право на 24 години доби можност да го отвори својот прв триумфален шампањ во Ф1.
Луис Хамилтон се потруди уште повеќе да ја разубави првата прослава на Мерцедес во сезоната, бидејќи седумкратниот шампион на „најбрзиот циркус“ ја мина целта веднаш по својот тимски колега.
Третото место му припадна на Карлос Саинц Јуниор од Ферари, а бодови освоија уште Шарл Леклер, Фернандо Алонсо, Макс Верстапен, Серхио Перез, Естебан Окон, Валтери Ботас и Ленс Строл.
Бранителот на титулата, Маркс Верстапен, веќе ја обезбеди втората титула за најбрз возач (болид) на планетата, бидејќи има 429 бодови пред последната трка сезонава, Големата награда на Абу Даби следниот викенд.
Односно недостижна предност пред Леклер и Перес, со по 290 поени. Во конкуренција на конструктори Ред Бул е прв со 719 бодови, пред Фераи со 524 и Мерцедес кој има 505.
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Никола Јокиќ го сруши рекордот, оствари нов трипл-дабл
Никола Јокиќ испиша нова страница во НБА историјата во победата на Денвер над Орландо од 126-115, со што го надмина досегашниот рекорд на Карим Абдул-Џабар.
Српскиот центар на овој натпревар ја забележа својата 5.654-та асистенција во кариерата, со што стана центарот со најмногу асистенции во историјата на лигата, оставајќи го зад себе легендарниот Абдул-Џабар.
Покрај тоа, Јокиќ го оствари и својот 195-ти трипл-дабл во НБА кариерата, запишувајќи 23 поени, 11 скока и 13 асистенции, и беше клучниот фактор за шестата последователна победа на Денвер.
Во следното коло, тимот од Колорадо ќе се соочи со Хјустон, а натпреварот е закажан за сабота, 20 декември.
/021.rs
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Кичево (Квалитет на воздух, ♻️ секој 2ч)
-
Кичево1 денСреќна потрага во Кичево, пронајден 12-годишникот кој родителите го пријавија за исчезнат
-
Кичево2 денаПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Временска прогноза24 часаНи претстои промена на синоптичката состојба со времето, не се исклучува можноста да имаме снег за новогодишните празници!
-
Македонија2 денаЖивот непредвидлив, вчера вечер до темел изгоре куќата на Јане во село Воѓани, општина Кривогаштани, да донираме и да помогнеме да се возобнови!
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (18 декември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за петок (19 декември)
-
Кичево18 часа(ФОТО) Вкусете ја свежината и направете го секојдневието повкусно со пиљара „Бамби“ – вистинскиот избор за секој дом!
-
Кичево19 часаВнимание: Измена во сообраќаен режим кон Охрид по една коловозна лента
