Спорт
Репрезентацијата на Шведска во ракомет се шампиони на овогодинешниот ЕУРО 2022, одлучуваше драматичен пенал во 60-тата минута

Швеѓаните во големото финале ги совладаа Шпанците со резултат 27:26 (12:13).
Шведската репрезентација имаше гол-два предност во текот на целото прво полувреме, но на крајот Шпанија направи серија 4:1, што доведе до пресврт и предност од 13:12 по половина час игра.
Во продолжение „црвената фурија“ ја задржа предноста која во средината на вториот дел ја презеде скандинавската репрезентација. Швеѓаните во два наврати имаа дури и два гола предност, но Шпанците на крајот израмнија.
Сепак, во последниот напад на Шведска, Шпанците направија прекршок за седмерец, а титулата на Шведска и ја донесе Екберг во последната секунда од мечот со прецизен удар.
🔥🔥🔥 This final!!!! @hlandslaget 🇸🇪 #ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/E5IMSSWhL9
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022
💪 The winning goal for @hlandslaget 🇸🇪, by Niclas Ekberg#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/GUy2qxNVCz
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022
ФОТО: EHF EURO 2022 / Twitter
Спорт
Младата репрезентација на Македонија со собир пред квалификациските меча против Ерменија и Украина

Младата репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел Парк го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
Нашите млади фудбалери заедно со селекторот и неговиот стручен тим денеска официјално го означија почетокот на подготовките за двата последни квалификациски меча против селекциите на Ерменија и Украина.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Спорт
Од денес по симболични цени пуштени во продажба картите за фудбалскиот меч Бугарија – Македонија

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2. јуни од Лига на нации, од денес (26. мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.
Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава).
На следниот линк ТУКА може да купите билети за натпреварот Бугарија – Македонија:
Продажбата ќе трае до понеделник (30. мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31. мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.
Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон).
Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации, додаваат од ФФМ во интегралниот текст за медиуми.
Спорт
Шанса ќе добијат сите. Треба да продолжиме да бидеме конкурентни во Европа

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание на Лига на нации.
На првиот собир на нашата репрезентација денеска, пристигнаа дел од фудбалерите, а ќе се комплетира во текот на наредните денови.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
– Поради повреда на стопалото, капитенот Стефан Ристовски нема да биде во можност да се стави на располагање за јунските натпревари. Аријан Адеми и Адис Јаховиќ се ослободени за подготовките и натпреварите поради напорната сезона и честите повреди, додека Ердал Ракип поради свои приватни причини, исто така нема да биде дел од тимот за овој собир. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото.
– Ние сме во група со квалитетни противници. Квалитетот е израмнет, а јас не го запоставувам ниту Гибралтар, иако многумина го сматаат за аутсајдер. Нашата цел е освојување на првото место во септември кога завршува циклусот. Не чекаат шест тешки натпревари, а не само еден или четири.
– Императив во оваа селекција е секој да го даде најдоброто од себе. Фудбалерите да покажат дека имаат потенцијал, да го дадеме максимумот и на крајот да видиме што ќе ни донесе тоа. Ниту јас, ниту стручниот штаб не живее во минатото. Зад нас ги оставаме Италија и Португалија и ќе се обидеме најдобро што можеме да се носиме со новите предизвици.
– Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕП 2024.
Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока.
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за 27 мај (петок)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Македонија12 часа
Предмалку регистриран земјотрес во Македонија
-
Култура1 ден
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Кичево6 часа
Денес во кичевската касарна „Чеде Филиповски-Даме“ беше одбележан 21-ви мај – „Денот на единицата“
-
Автомобили1 ден
Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин
-
Скопје2 дена
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Магазин1 ден
Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7