Спорт
Се по неизвесен е стартот на Формула 1 за големата награда на Белгија, лошите временски услови не дозволуваат, љубителите бесни!

Белгија и Спа Франкошамп се веќе долга линија во календарот на Формула 1 и за многу љубители на мотоспортот ова е една од омилените патеки.
Имавме хаотичен настап на квалификациите во саботата, кога возачот на тимот на Мекларен, Ландо Норис, имаше инцидент поради силниот дожд на „О Руња“.
Ландо Норис бил однесен во болница за детални прегледи, а превентивно биле направени рентген снимки, што покажало дека повредите не се сериозни, па затоа е подготвен да вози во недела.
Што се однесува до самите квалификации, мора да го издвоиме феноменалниот настап на Џорџ Расел од тимот на Вилијамс. Тој стигна до втората позиција пред 50 -та трка во кариерата, што е огромно изненадување!
Пол позицијата е во рацете на Макс Ферстапен, додека трет беше актуелниот шампион Луис Хамилтон.
На огромно разочарување на светската јавност, трката како што знаеме неможе да се овозможи поради обилните врнежи од дожд. Предмалку црвено знаме беше покренато и возачите повторно се вратија на пит-лејн.
Се понеизвесно е дека трката ќе се одложи, но останува да видиме…
Yeah. 🌧🌧🌧 pic.twitter.com/izrDjlGsRW
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) August 29, 2021
Mick's doing his best to keep the crowd's spirits up#BelgianGP 🇧🇪 #F1 pic.twitter.com/j5oHSXkz3E
— Formula 1 (@F1) August 29, 2021
ФОТО: printscreen/livestream
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за вторник (16 септември)
-
Магазин2 дена
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин2 дена
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Македонија22 часа
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза1 ден
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно
-
Здравје и убавина22 часа
Единствен рецепт за појак имунитет