Кичево
Сообраќајна несреќа предмалку се случила на магистрален пат Кичево-Гостивар во близина на с.Зајас

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на Трапчин Дол на магистрален пат А2, Кичево-Гостивар.
Првичните информации се дека станува збор за тешка сообраќајка и има зголемен сообраќаен метеж.
Излезени на терен се ОВР Кичево и екипи на Медицинскиот центар Кичево, ТППЕ Кичево исто така се упатени дополнително на терен.
За учесниците и нивното здравје, подетални информации немаме, да се надеваме дека нема фатални последици.
* Неофицијално причинета е голема материјална штета, а учесници биле три возила.
Повеќе детали прочитајте ТУКА
Кичево
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 82 годишнина од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена „Македонска Кадињача“. Во битката кај село Кленоец-Кичевско животот го положиле 67 борци и триесетина жители од регионот и оваа битка засекогаш ќе биде забележана како една од најкрвавите што се случила кај нас во Втората светска војна.
Исто така на денешен ден 1943 година кај селото кленоец, кичевско, во борба против балистичките банди, загинал Јосиф Јосифовски-Свештарот.
Јосиф Вангелов Јосифовски – Свештарот е роден на 2 август 1915 година во Гевгелија, во сиромашно семејство.Потекнува од семејството Јосифови, едно од стотината семејства што селото Мачуково ги имало кон средината на 19 век.
Чичко на Јосиф бил учителот и револуционер Сава Михајлов, кој заедно со гевгелиските војводи Аргир Манасиев и Иванчо Карасулски за време на Илинденското востание биле учесници во неколку акции Основно училиште завршил во својот роден град, а потоа своето гимназиско образование го продолжува во Крагуевац, каде се запознал со напредното револуционерно движење и станал активист.
По доаѓањето на студии во Белград, продолжил со својата револуционерна активност, но тоа не му сметало редовно да ги полага испитите на Правниот факултет.
Член на Комунистичката партија на Југославија станал во 1938 година. За време на распустот, исто така бил активен, особено во Студентската колонија. Секогаш кога доаѓа во Гевгелија, носел напредна литература. Собира околу себе обесправени, организира читање на забранети материјали. Кога дипломирал, полицијата веќе била добро информирана за неговата комунистичка активност, па не му дозволила да добие работа во родниот град. Затоа работи како приправник во Струмица, каде наишол на добра почва за сеење на комунистичката идеја.
Во првите месеци по окупацијата, Јосиф Јосифовски – Свештарот работи на подготвување на востание во Струмица. Секретар е на месниот комитет на КПЈ за Струмица. Во септември 1941 година, како инструктор на ПК КПЈ за Македонија, бил испратен во Ресенската област да работи на разгорување на вооружена борба против окупаторот. Италијанската полиција го уапси во Корча, како опасен комунист.
Тој дејствувал, главно во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Уште за време на формирањето на првиот преспанскиот партизански одред “Даме Груев”, 6 јули 1942 година, тој стана нејзиниот политички комесар.
Уште во првата половина на јули 1942 година во село Кленоец бил формиран илегален Народно-ослободителен одбор, како прв орган на народната власт, по што се започнати разни деиверзантски акции на пругата Кичево-Охрид.
Офанзивните акции во реонот на село Кленоец започнале на 5 октомври 1943 година. На 6 октомври 1943 година, во жестоката борба и двете страни имаа многу мртви. Политичкиот комесар на втората оперативна зона Јосиф Јосифовски Свештарот, заменик помошникот на баталјонот Мите Трпоски – војводата и заменик комесарот Трајан Белев биле убиени, како и многумина борци од кичевско, охридско, струшко и други места на Македонија.
Јосиф Јосифовски – Свештарот е опеан во неколку народни песни, а прогласен за народен херој на 11 октомври 1951 година.
Кичево
(ФОТО) Директорот на БЈБ Јанев денес во посета на Кичево, Осломеј и Зајас

Во рамки на денешната работна агенда директорот на БЈБ г-дин Александар Јанев ги посети полициските одделенија во Зајас и Осломеј, како и Полициската станица во Кичево, при што се остварија средби со полициските службеници кои секојдневно ја извршуваат својата работа на терен и во заедницата.
Фокусот на посетата беше улогата на полицијата во предизборниот период и на изборниот ден, како и потребата од професионално, одговорно и етичко постапување не само во овој чувствителен период, туку и во рамки на редовното работење. Во разговорите се опфатија актуелните состојби, можностите и предизвиците со кои се соочуваат службениците, како и претстојната реорганизација на Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност.
Посебно беше нагласено дека нема место за насилство, криминал и непрофесионално или неетичко однесување. Полицијата претставува една од клучните институции во системот и има обврска да ја гарантира безбедноста, да го спроведува законот и да обезбеди секој граѓанин слободно да го оствари своето демократско право на избор. Тоа зависи од професионалниот и одговорен пристап на секој полициски службеник и од соработката со сите чинители, истакна директорот на својата официјална фејсбук страница.
Кичево
ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и кичевските села Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и Прострање.

„ЕВН Дистрибуција“ известува дека непланиран прекин на електрична енергија има на превој „Стража“, с.Вранештица, Цер и Црско, Кладник, Велмевци и Прострање. Како што дознаваме од извори на терен, екипите на ЕВН Македонија се на терен и вложуваат напори за што побрзо стабилизирање на електрична енергија во овие краеви.
-
Хроника6 часа
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 октомври)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Кичево8 часа
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Временска прогноза1 ден
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег
-
Македонија3 часа
Од вечерва горивата со намалена цена за литар