Свет
Според последните информации на СЗО од почеток на пандемијата заразени се 129,9 милиони луѓе, 662,000 новозаразени и 2,83 милиони починале

Повеќе од 662 илјади новоинфицирани луѓе со Ковид-19 се регистрирани во светот, вкупно 129,9 милиони од почетокот на пандемијата, објавено е во последниот билтен на Светската здравствена организација (СЗО).
Вкупниот број на мртви е зголемен за 24 часа од последниот извештај на СЗО за уште 11.300 и изнесува вкупно над 2,83 милиони од почетокот на пандемијата, пренесува Ројтерс.
Во Европа, повеќе од 37 проценти од новозаболените лица се регистрирани во последните 24 часа, односно над 251 илјади, во Северна и Јужна Америка 241 илјади, а во Југоисточна Азија скоро 102 илјади.
Индивидуално по земја, најмногу потврдени случаи од почетокот на пандемијата се регистрирани во САД – 30,2 милиони, потоа во Бразил 12,84 милиони, во Индија 12,3 милиони, во Франција 4,6 милиони, во Русија 4,5 милиони, во Велика Британија 4,3 милиони, Италија 3,6 милиони, Турција 3,4 милиони, Шпанија 3,2 милиони, Германија 2,8 милиони, во Колумбија 2,417 милиони и во Полска 2,415 милиони, според СЗО.
Свет
Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.
Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.
Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.
Свет
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.
Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.
Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.
#ALERTA Se descarriló el Funicular de Lisboa, el Elevador da Glória, que realiza un recorrido por la zona vieja; obligado al viajar a Portugal. Al menos 15 muertos y 18 heridos. Con mas de 100 años de historia, no le daba mantenimiento el municipio. Turistas, muchas víctimas pic.twitter.com/7ou9NYCppb
— Víctor Sánchez Baños (@vsanchezbanos) September 3, 2025
Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.
На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.
Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.
Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.
Свет
Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет

Колосот висок околу 120 метри тргна од космодромот „Старбејс“ во Тексас, заедно со новооснованиот град што расте околу него, точно во 19:30 часот по источна временска зона. Полетувањето беше поддржано од 33 „Раптор“ мотори на метан, а по приближно три минути лет беше извршено раздвојувањето на засилувачот и горниот степен.
При враќањето, бустерот „Суперхеви“ првпат изведе специјален маневар – наместо да слета со истите мотори, намерно ги исклучи и се префрли на резервните. Овој експеримент треба да им даде на инженерите увид во тоа како системот реагира при евентуален дефект. Маневарот се одвиваше како што беше планирано, а 75-метарскиот бустер прецизно заврши во Мексиканскиот Залив.
Горниот степен – исто така наречен „Старшип“ – стигна во орбитата и таму за првпат го отвори товарниот отсек, сличен на дозерка за „Пез“ бонбони, од каде беа ослободени осум тест сателити што имитираат маса на „Старлинк“. Тоа е демонстрација што SpaceX долго ја планираше, но не успеваше да ја реализира во претходните летови. Дополнително, еден „Раптор“ мотор беше повторно запален во вселенски услови, пред леталото да биде насочено кон Индискиот Океан, каде што по ударот се преврте и експлодираше.
За време на повторното влегување во атмосферата, надворешноста на леталото беше изложена на екстремни температури, што овозможи значајно тестирање на надградениот термички штит. Инженерите намерно отстранија дел од плочките и поставија нови метални и активнo ладени елементи, за да ја оценат издржливоста на обвивката.
Најголемото достигнување сепак беше тоа што „Старшип“ ја заврши целата мисија и се спушти во Индискиот Океан без губење на врската со контролниот центар – нешто што SpaceX го смета за клучна пресвртница во развојот на ракетата.
Извор: spaceflightnow.com
-
Спорт23 часа
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт1 ден
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Магазин1 ден
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин1 ден
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Македонија6 часа
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза9 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно