Спорт
Судиите на 13-тото коло во првата македонска фудбалска лига супериорни во својата работа
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 13. коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Струга Т.Л. – ФК Брегалница одигран на 30.10.2022 година, анализирани се ситуациите од 24, 53 и 77 минута.
Главен судија: Благојче Ралевски; Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски;
24 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)
Играч од нападот на гостите додаде топка до свој соиграч кој во моментот кога му е додадена топката се наоѓаше во линија со претпоследнниот играч од одбраната на домаќините, истиот играч ја прими топката и постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судијата, голот е регуларен, бидејќи играчот од нападот на гостите при додавањето на топката од соиграчот беше во линија со претпоследниот играч од одбраната на домаќините.
53. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините во шеснаесетникот на гостите сакаше да додаде топка до соиграч, но истата го удри играчот од одбраната во рака, која му беше спуштена до телото, во природна положба и мало растојание меѓу двата играча.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејќи топката кога го удри играчот во раката беше во природна положба, исто така судијата во оваа ситуација е одлично поставен и има добра прегледност.
77. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри),
ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недоделен црвен картон)
Играч од екипата на домаќините влегува странично во петерец сам пред голманот на гостите и во тој момент е турнат од гостински одбранбен играч од позади (во грбот) со рака, напаѓачот губи чекор и паѓа, главниот судија со двоумење, но оправдано досудува удар од 11 метри и доделува жолт картон.
Исправна одлука на главниот судија за досуден удар од 11 метри (туркање од зад грб), меѓутоа погрешна одлука на главниот судија за доделена дисциплинска мерка жолт картон. Во оваа ситуација судијата треба да додели ЦРВЕН картон на играчот на гостите за туркање, бидејки напаѓачот на домаќините се наоѓаше во очигледна шанса за гол (сам пред голман).
На натпреварот ФК Силекс – ФК Шкендија одигран на 30.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 81 минута.
Главен судија: Стојанче Трпчевски; Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов;
81. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен црвен картон)
На средина од теренот, играч од екипата на гостите со отворен ѓон директно во тело удира противнички играч.
Исправна одлука на главниот судија што додели директен црвен картон, бидејќи ваков груб старт врз противнички играч со отворен ѓон направен на било кој дел од теренот мора да се оквалификува со директен црвен картон.
На натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Работнички одигран на 30.10.2022 година, анализирани се ситуациите во 19, 40, 51 и 74 минута.
Главен судија: Јован Качески; Помошни судии: Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски;
19. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)
Играч од нападот на гостите шутира кон голот на домаќините, во момент на шутот, соиграч на играчот што шутира се наоѓа во линија со претпоследниот одбранбен играч, натрчува на одбиена топка и постигнува регуларен гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија кој е одлично поставен и концентриран, дозволува играта да продолжи и постигнатиот гол е регуларен.
40. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен втор жолт – црвен картон)
Централно пред клупите на гостинската екипа, домашен играч несмасно го презема целосно ризикот на својот старт кој со интезитет удира противнички играч во пределот на под коленото.
Исправна одлука на главниот судија што додели втор жолт (црвен картон) бидејќи за ваков непромислен старт на било кој дел од теренот мора да се додели жолт картон.
51. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч на домаќините е во посед на топката и влегува помеѓу два одбранбени играчи во шеснаесетникот на гостите, притоа сака да искористи минимален контакт и паѓа.
Исправна одлука на главниот судија кој се наоѓа во идеална позиција и не досудува удар од 11 метри и дозволува играта да продолжи.
74. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)
Играч од нападот на гостите шутира кон голот на домаќините, во момент на шутот, соиграч на играчот што шутира се наоѓа во линија со претпоследниот одбранбен играч, натрчува на одбиената топка од пречката и постигнува регуларен гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија кој е одлично поставен и концентриран, дозволува играта да продолжи и постигнатиот гол е регуларен.
На натпреварот ФК Тиквеш – ФК Победа одигран на 30.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 39. минута.
Главен судија: Фуркан Идризи; Помошни судии: Мартин Петковски и Александар Ѓорѓески;
39. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досудено офсајд позиција)
Играч од нападот на домашните центрира од десната страна. Во момент на додавањето соиграч на играчот кој центрира се наоѓа понапред од претпоследниот играч и топката и постигнува гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е исправно поништен и досудено офсајд позиција, бидејќи играчот од нападот во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓа понапред од претпоследниот играч од одбраната на гостите.
На натпреварот Македонија Ѓ.П. – ФК Шкупи немаше спорни ситуации за анализирање.
Судиска анализа на 10 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 10. коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Вардар – ФК Воска одигран на 29.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 76 минута.
Главен судија: Александар Ставрев; Помошен судија: Дејан Костадинов и Гоце Петрески;
76. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка централно во шеснаесетникот на екипата на домаќините, голманот од домашните неспретно ја боксува топката и таа удира во рака на одбранбен играч која рака е одвоена од телото и е во неприродна положба (зголемен волумен на тело).
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Детонит – ФК Локомотива Пехчево одигран на 29.10.2022 година, анализирани се ситуациите од 29, 30, 35 и 73 минута.
Главен судија: Марјан Стојановски; Помошен судија: Петар Степановски и Осман Зекири;
29. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите додаде топка во празно, на топката стартуваа два противнички играчи тело со тело, ремплање.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, односно топката да излезе во корнер.
30. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка од корнер централно во шеснаесетникот на домаќините, на топката скокаат два противнички играчи, во тој момент на играчот на гостинската екипа кој скока на топка со глава е направен прекршок (користење рака-лакт во дуел за топка) од домашен одбранбен играч.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за неспортски направен прекршок (удар со рака-лакт) и исправно доделен жолт картон..
35. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од домашната екипа продира по десна страна и влегува во шеснаесетникот на гостинската екипа. Врз него без интензитет стартува (блокира) гостински одбранбен играч со минимален контакт кој домашниот напаѓач умешно го искористува и преувеличува и паѓа.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи контактот е мимимален и не доволен за да се досуди удар од 11 метри.
73. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ АСИСТЕНТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Домашен играч центрира топка од десната страна во близина на вториот асистент судија, топката го удира гостинскиот одбранбен играч во рака која е во неприродна положба и зголемува волумен на тело, но за цело тело се наоѓа надвор од шеснаесетникот.
Одлична соработка ГЛАВЕН – ВТОР АСИСТЕНТ и исправно досуден само слободен удар, бидејќи играњето со рака беше надвор од шеснаесетникот, а вториот асистент судија имаше одлична поставеност и прегледност за проценка на целата ситуација.
На натпреварот ФК Борец – ФК Караорман одигран на 29.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 13 минута.
Главен судија: Кирол Смоквоски; Помошен судија: Иле Мишески и Борис Трајков;
13 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (недосуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на гостинската екипа центрира топка по левата страна во шеснаесетникот, центрираната топка го удира одбранбен играч во рака која во моментот на контакт со топката се наоѓа во природна положба.
Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејќи раката на играчот беше во природна положба и блиску до телото.
На натпреварот ФК Тетекс – ФК Слога В. одигран на 30.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 70 минута.
Главен судија: Дени Лековски; Помошни судии: Владимир Митревски и Николче Дрнковски;
70. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (недосудено офсајд позиција)
Играч од нападот на гостите додаде топка до свој соиграч кој во моментот кога му е додадена топката се наоѓаше во линија со топката, истиот играч постигна гол кој е регуларен.
Исправна одлука на првиот помошен судијата, голот е регуларен бидејќи во момент на додавање на топката играчот од екипата на гостите се наоѓа во линија со топката и постигнатиот гол е регуларен.
На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“
Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (16 септември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за среда (17 септември)
-
Скопје1 ден(ВИДЕО) Снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, каде ние човечноста?!
-
Македонија1 денМинистерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата
-
Временска прогноза1 денПо ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец
-
Свет1 ден„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
-
Македонија24 часа„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила
-
Магазин1 денiOS 26 е тука! 10 големи нови функции и три модели на iPhone без поддршка
