Спорт
Трајковски: Очекувам да продолжиме во исто темпо и максимална мотивација, со новиот селектор ќе имаме нови идеи и ќе го оствариме добриот резултат

„Среќен сум што повторно сум дел од оваа репрезентација, радосен сум што повторно ги гледам момците, има и неколкумина млади и очекувам да го продолжиме континуитетот на добри настапи.
„Имаме нов стручен штаб и искрено, мислам дека се максимално мотивирани. Ние ќе го дадеме нашиот максимум да се наметнеме на нивните идеи и се надевам дека се ќе биде во најдобар ред.
Слушнете ја изјавата на Александар Трајковски и за нашиот противник Ерменија и за новите фудбалери во репрезентацијата на Македонија.
Инаку што се однесува до македонскиот репрезентативец штотуку стигна информација од Данските медиуми дека пред крај се разговорите со данскиот Алборг, дека во преодниот рок нашиот „АС“ би можел да се пресели во тимот, откако не ја доби својата заслужена минутажа во шпанска „Мајорка“
Останува да видиме..
Спорт
Одлични вести: ВАР системот стана реалност во македонскиот фудбал

Во „Куќата на фудбалот“ официјално беше претставен ВАР системот, кој првпат ќе се користи во историјата на македонскиот фудбал, почнувајќи од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (Прва МФЛ).
Изградени се три ВАР соби, сервер и контролна просторија, сè според стандардите на ФИФА. Деталите за примената на системот ги презентираа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ВАР проект-лидерот Дејан Јакимовски и Јосип Бартон, претседател на комисијата за делегирање судии.
Покрај ВАР технологијата, Фудбалската федерација на Македонија набави и специјално репортажно возило, кое ќе се користи за телевизиски пренос на натпреварите.
Повеќе прочитајте на официјалниот линк од ФФМ, ТУКА
Спорт
Србија официјално остана без „АТП“ турнирот

Турнирот „Белград Опен“, кој беше закажан за ноември 2025 година, е официјално откажан. И покрај големите напори и вложени ресурси, не беа исполнети условите за организација на настанот во предвидениот термин и формат. Поради тоа, организаторите решија да го откажат овогодинешното издание. Овој викенд се потврди веста дека годинашното издание на АТП турнирот нема да се одржи во Белград.
Од 2021 година, организаторите имаа успешно портфолио од девет професионални тениски турнири, меѓу кои пет АТП 250 настани, еден WTA 250, еден WTA 125, еден ATP Challenger 125, како и еден турнир под покровителство на ITF. Овие турнири привлекоа бројна домашна и меѓународна публика, позиционирајќи го Белград како важна дестинација на тениската мапа.
Дефинитивно ништа од АТП турнира у Београду. Нису могли да се обезбеде услови.
Једина прилика за уживо тенис у Србији биће Дејвис куп септембра у Нишу. pic.twitter.com/YgT6jrwHox— Стефан Милић (@StefanMilic00) August 4, 2025
Организаторите изразија гордост за сето досега постигнато и упатија благодарност до сите кои дадоа поддршка — партнери, спонзори и верната публика.
Тие нагласуваат дека остануваат посветени на развојот на тенисот во Србија и дека ќе продолжат да работат на создавање услови за враќање на професионалните турнири во Белград во иднина.
Планираниот турнир требаше да се одржи од 2 до 8 ноември во ОАКА Арената во Атина, каде што инаку настапува кошаркарскиот клуб Панатинаикос. Со оваа одлука, Белград останува без АТП турнир, што претставува значителен удар за тениската сцена во градот.
Посетата на Новак Ѓоковиќ на Атина во јуни се поврзува токму со испитување на можноста за организирање на турнир во Грција, со цел истиот да се премести од Белград.
Спорт
Во петок започнува новата сезона на првата македонска фудбалска лига, првото дерби ќе се одигра во Тетово, подоцна Вардар го дочекува Пелистер

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига започнува во петок, на 8 август, и веднаш носи возбудливи натпревари. Првото дерби ќе се одигра во Тетово, каде што Шкендија и Шкупи 1927 ќе се соочат од 17:00 часот. Ова е еден од најочекуваните дуели од првото коло, истакна Фудбалската федерација на Македонија.
Подоцна истиот ден, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одржи уште еден голем натпревар – Вардар против Пелистер, со почеток од 20:00 часот.
Целосниот распоред на првото коло од сезоната 2025/26 изгледа вака:
Петок, 8 август:
- Шкендија – Шкупи 1927 | 17:00 | Тетово
- Вардар – Пелистер | 20:00 | Скопје
Сабота, 9 август:
- Башкими 1947 – Аресими 1973 | 17:30 | Куманово
- Струга Трим Лум – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Струга
Недела, 10 август:
- Тиквеш 1930 – Работнички | 17:30 | Кавадарци
Понеделник, 11 август:
- Силекс – АП Брера Струмица | 17:30 | Кратово
Фановите со нетрпение ја очекуваат новата сезона и возбудувањата што ги носи уште од првото коло.
Извор: ФФМ
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Во кичевското село Мидинци денеска беше осветен новиот Крст, симбол на надеж и љубовта Божја кон луѓето
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (9 август)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за недела (10 август)
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство
-
Хроника20 часа
Трагедија на охридско езеро, жител на Бугарија при нуркање повеќе не излегол од водите на езерото
-
Временска прогноза2 дена
Топлиот бран во Македонија ќе се задржи до следниот викенд