Спорт
УЕФА ги промени градовите „домаќини“ за Европското првенство. Севиља, Санкт Петербург и Лондон ќе бидат дел од мундијалот
Извршниот одбор на УЕФА денеска преку видеоконференција донесе одлука за промена на градовите домаќини на Европското првенство 2020. Четири натпревари кои според програмата требаше да се одиграат во шпански Билбао се преместуваат на стадионот во Севиља, а три меча кои требаше да се одиграат во Даблин се прераспределени во Санкт Петербург и Лондон.
Извршниот одбор на УЕФА ја потврди организацијата на ЕУРО 2020 во Минхен и ја прифати одлуката на локалните власти за присуство на најмалку 14.500 гледачи на натпреварите во Минхен. Автономната покраина Андалузија ја поддржа Севиља како домаќин и прифати присуство на 30 отсто од капацитетот на стадионот за три натпревари од групата Е и еден осминафинален меч.
Три натпревари од групата Е кои требаше да се одиграат во Даблин се пренасочуваат во Санкт Петербург. Мечот од осминафиналето кој требаше да се одигра во Даблин ќе се игра на Вембли во Лондон.
Кога е во прашење Билбао, после одлуката на локалните власти беше јасно дека навивачи веројатно нема да можат да присуствуваат на натпреварите во тој град и УЕФА со помош на Шпанската фудбалска федерација предложи замена на градот домаќин.
– Внимателно соработувавме со националните федерации и локалните власти за да осигураме безбедна и празнична атмосфера на првенството. Навистина сум задоволен што ќе можеме да пречекаме гледачи на сите натпревари ширум континентот, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Кичево2 часаНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (22 ноември)
-
Хороскоп17 часаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Спорт2 денаУтре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
-
Македонија2 денаПоради обилен дожд, на подрачјето од Општина Ресен се поплавени над 50 куќи и магацински простории
