Свет
Универзитетот во Австрија одлучи: Нема предавања за невакцинирани студенти
Ректоратот на Универзитетот Алпе Адриа во Клагенфурт одлучи да ги затвори вратите на таа високообразовна институција за невакцинирани студенти и вработени од 10 ноември.
Со одлуката на Ректорската управа се одлучи да се воведе правилото „2G“ за пристап до универзитетот, како што направи австриската влада, што значи дека можат да влезат само оние со потврда за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 не постара од шест месеци.
Во е-пошта до студентите, ректорот Оливер Витух напиша дека веќе се размислувало да се воведе правилото „2G“.
Тоа правило, како што истакна, важи и за студентите и за вработените.
Ќе се бараат алтернативи за студентите кои не го исполнуваат правилото „2G“ за следење на предавањата.
„Одлуката за воведување 2G не е никакво вознемирување или желба за поделби, туку чиста причина“, подвлече Витух.
Тој нагласи дека вакцината не е совршена, но, судејќи по науката, таа е најдобриот превентивен инструмент што го имаме.
Универзитетите, но и компаниите имаат можност, според новата епидемиолошка регулатива, да го применат правилото „3G“.
Извор: Nova
Фото: Unsplash
Свет
Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.
Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.
Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.
Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.
Извор: RIA / engadget.com
Свет
Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“
Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.
Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.
Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.
Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.
„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.
WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.
Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.
Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.
Извор: independent.co.uk
Свет
Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.
„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.
„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.
-
Спорт10 часаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин15 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина2 денаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Lifestyle13 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Хороскоп1 часХороскоп за сабота (6 декември)
-
Македонија1 денСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Временска прогноза16 часаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
