Временска прогноза
Важно: Викендов следува голема промена на времето

До петок, Македонија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде претежно сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурите ќе бидат високи, но нема да бидат екстремно високи, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 38 тепени, додека особено во четврток и во петок во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до 40 степени.
Во Скопје максималната температура овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.
Под влијание на Џеновски циклон, за време на викендот кај нас ќе има поголема промена на времето, односно во сабота на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можна е појава на невреме.
Од недела ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите позначително ќе се намалат (за околу 10 степени).
Текст: Славчо Попоски
Временска прогноза
Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец.
Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.
Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни) и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.
Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, предмалку информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Бран кој носи дожд се спушта над Македонија, првично кон север потоа кон западните делови

Во моментов, од север кон Македонија се спушта влажен фронтален бран кој со себе нови локални но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ова значи дека во следните часови најпрвин во северните, а потоа и во западните предели ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Уште од следните часови можна појава нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер можна е и во делови од Скопскиот регион.
Во текот на денов кај нас следува ново големо дестабилзирање на атмосферата. Многу повеќе детали токму оволу ова следуваат наскоро, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендот посвежо со повремено засилен северен ветер и без дожд

Под влијание на стабилна, сува и малку посвежа воздушна маса од север и од североисток, за време на викендот (сабота и недела 21/22 јуни) ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, а температурите ќе опаднат за 3 до 4 степени во споредба со сегашните.
Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде посвежо со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу 13/14 степени, а максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.
И во Скопје и околината за време на викендот повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, предмалку информираше Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (21 јуни)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за недела (22 јуни)
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден – 21 јуни
-
Македонија1 ден
Возач од тетовско нов рекордер, возел 190 на саат на место ограничено 80 км/ч
-
Временска прогноза1 ден
Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер
-
Lifestyle1 час
Што навистина се случува кога кожата ќе изгори од сонце?