Кичево
Вчера кај кичевското с. Колари се случила тешка сообраќајна несреќа

На 06.04.2022 година во 14.50 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај селото Колари, случена е сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Фиат Дукато“,управувано од З.А.(62) од тетовското село Камењане и патничко возило „фолксваген тигуан“, управуван од М.Г.(55) од тетовското село Селце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“ З.А. и И.Г.(45) од селото Стрелци, сопатник во возилото „фолксваген“, констатирани во Општата болница во Кичево.
Со телесни повреди се здобил возачот М.Г. Увид на местото извршија Јавен обвинител и полициски екипи, за медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
(ВИДЕО) Кичевчанец со огорченост говореше за смрдеата и заразите од дивата депонија „На Онкологија има над 700 кичевчани“

Во четвртокот во 18:00ч се одржа третиот по ред протест пред општинската зграда во Кичево, овој пат на кеј.
– Барањата беа исти, протестите се со цел дислокација на дивата депонија, настаната во местото повеќе познато меѓу кичевчани Керамички комбинат.
– Околу 200 кичевчани изразија револт поради до сега никаквото решение со депонијата која шири заразни болести и е закана по здравјето повеќе од 8 години.
– „На гости ми дојдоа луѓе од Истанбул, кога излеговме на балкон веднаш ме прашаа што е оваа смрдеа, јас приморан бев да им кажам дека на 100м имаме депонија, а тие на тоа ми одговорија ова да беше во Турција, ќе следеа низа казни и медиумски блам“ – на говорот истална Џани Вели, старограѓанин од Кичево, долгогодишен пациент на Онкологија.
Свое излагање пред присутните имаше и еден од организаторите кој даде крик за оваа немила ситуација со депонијата, г-дин Бојан Мишкоски, кој потсети дека само сè бара чист воздух, здрава средина, она што е загарантирано со закон.
– Тој исто така истакна дека тука нема да застанат и дека ќе го мобилизираат народот се до разрешница на овој долгогодишен проблем кој ги труе кичевчани, а најмногу младата популација.
Да потсетиме за овој проблем истражуваше и ИРЛ:
Кичево
(ВИДЕО) Кичевските матурани со веселба и дефиле денес го завршија последниот средношколски ден

Кичевските матуранти, генерација 2021-2025 денес со веселба и дефиле го завршија и последниот училишен ден како средношколци. Дождот не беше пречка за нивно славје. Тие најпрво во дворот на гимназијата со развиорени знамиња заиграа оро и пееја песни, со што ја заокружија четиригодишната дружба од средното образование.
п.с. Забележливо е дека кај младите се враќа трендот на прославување со македонски знамиња, нешто што во изминатите години беше подзаборавено. Секоја чест!
– Апел да внимаваат денес на својата и на безбедноста на сите други граѓани, да се памети и оваа година по убави спомени вашата матура!
Кратко видео од прославата пред гимназијата Мирко Милески – ТУКА
Со среќа!
Кичево
Денес кичевчани по трет пат ќе протестираат за дивата депонија, долгогодишен проблем кој се наоѓа речиси до живеалиштата

Денес пред општинската зграда во Кичево ќе се одржи третиот протест за настанатата дива депонија која тлее доста време и ги труе кичевчани. Организаторите и кичевчани уште еднаш ќе пробаат да извршат притисок врз надлежните институции веднаш да се зафатат со решавање на нашиот долгогодишен проблем, депонијата, која се наоѓа во градското подрачје, кај стар Керамички Комбинат.
Преку социјалните мрежи го повикуваат градоначалникот и советниците на Општина Кичево, да излезат на овој протест и да соопштат што превземале или што ќе превземат за решавање на овој проблем.
Во меѓуредови упатуваат порака дека протестот не е партиски, не е национален ниту религиски, туку граѓански протест и дека се строго забранети партиски обележја.
– Протестот според изворот е закажан за денес од 18:00 часот, пред новата зграда на Општина Кичево.
Фејсбук настан – ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (20 мај)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (21 март)
-
Македонија2 дена
Од вечерва бензин 95 и дизел поскапуваат, ова е новата цена за литар
-
Храна2 дена
Следните 6 витамини се најзастапени во магдоносот, истиот може да помогне при висок крвен притисок
-
Македонија21 час
Посебен сообраќаен режим за експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучка Крупиште до клучка Кочани
-
На денешен ден2 дена
Времеплов: На денешен ден (20 мај)
-
Здравје и убавина16 часа
Вниманието во храната во борбата против заморот е многу битна за човековиот организам
-
Спорт2 дена
Македонската репрезентација во фудбал до 18 години, ќе одигра два контролни натпревари со Словенија во гости