Кичево
Вчера на ул „Рудничка“ затекнат крадец во полициски час, додека ТППЕ и вработени од „Лопушник“ изгасија пожар на шума во кичевската месност „Јани“
 
																								
												
												
											Портпаролот на СВР Охрид г-дин Стефан Димоски ги извести медиумите дека вчера на 10.04.2021 година во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.А. (34) од Кичево, бидејќи го затекнале при обид за извршување тешка кражба во угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден во полициското одделение Осломеј, пријавен е пожар на нискостеблеста вегетација во месноста „Јани“, помеѓу кичевските села Туин и Поповјани. Пожарот, во кој нема повредени лица, е изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кичево и Шумското стопанство „Лопушник“.
Извор: СВР Охрид
Кичево
Поради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда
 
														СВР Охрид ги известува граѓаните дека поради изведување на градежни работи во делот на автопатот Охрид-Кичево, кај клучката Подмоље, во наредните денови, односно до среда – 05.12.2025 ќе се врши пренасочување на сообраќајот и тоа возачите кои ќе се движат од Охрид кон Струга, од Струга кон Скопје и од Скопје кон Струга ќе треба да се движат исклучиво преку клучката кај Св. Еразмо, за Порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Јанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид
 
														Во рамки на денешната работна посета на Одделението за внатрешни работи во Кичево, директорот на БЈБ Александар Јанев оствари средба со раководствата на регионалниот Сектор за внатрешни работи Охрид и регионалниот Граничен центар Запад. На средбата, како што беше соопштено, детално биле разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во гостиварска златара, како и општата безбедносна состојба во регионот со особен акцент на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.
Јанев изрази благодарност кон сите полициски службеници кои, како што нагласи, секојдневно ја вршат својата должност со интегритет, посветеност и професионализам.
Кичево
„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“
 
														Во насока на унапредување на своите активности за корпоративна општествена одговорност, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево во соработка со ОВР Кичево реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“.
Активноста беше спроведена во основните училишта „Д-р Владимир Полежиноски“ и „Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево, со цел подигнување на свеста кај учениците за значењето на безбедното однесување во сообраќајот и превенција од сообраќајни незгоди.
Преку презентации, едукативни активности и практични совети, вработените на компанијата на учениците им овозможија да стекнат нови знаења за правилното движење по улиците, користењето на пешачки премини, препознавањето на сообраќајните знаци, значењето на внимателноста при учество во сообраќајот и значење на употребата и користењето на системите за безбедност.
Со оваа иницијатива, Џојсон Сeјфти Системс Македонија ДООЕЛ Кичево уште еднаш ја потврдува грижата за луѓето и заедницата како и својата заложба за поддршка на локалната заедница и промовирање на општествено одговорни вредности. Компанијата останува посветена на континуирано реализирање на проекти кои придонесуваат за создавање побезбедна и поодговорна средина за сите граѓани.
Во прилог, повеќе фотографии од овој настан:
/ПР
- 
																	   Хороскоп2 дена Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (30 октомври) 
- 
																	   Кичево1 ден Кичево1 ден„Џојсон Сeјфти Системс“ – Кичево заедно со „ОВР Кичево“ во кичевските училишта реализираа едукативна кампања на тема „Безбедноста на учениците во сообраќајот“ 
- 
																	   Кичево23 часа Кичево23 часаЈанев денес беше во посета на ОВР Кичево, заедно со раководствата на „РЦ Запад“ и регионалниот сектор за внатрешни работи Охрид 
- 
																	   Хороскоп17 часа Хороскоп17 часаХороскоп за петок (31 октомври) 
- 
																	   Временска прогноза6 часа Временска прогноза6 часаПопоски: Ни претстои потопла зима, но со повеќе снег од лани 
- 
																	   Кичево6 часа Кичево6 часаПоради градежни активности на автопат Охрид-Кичево кај Подмоље ќе се врши пренасочување на сообраќај до среда 
- 
																	   Спорт2 дена Спорт2 денаЈувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот 
- 
																	   На денешен ден1 ден На денешен ден1 денСветот „На денешен ден“ – 30 октомври 

 
								 
 
 
 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																			





 
 
 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														