Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани со овации во полн сјај блеснаа на големиот Велигденски и Ѓурѓовденски концерт
Третата недела од Светата Пасха, посветена на светите жени Мироносици и на благообразните Јосиф и Никодим, донесе голема пасхална радост во Кичево.
Имено, со благослов на почитуваниот наш Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, вчеравечер во НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ се случи културно-уметнички настан со големо културолошко значење за Кичево.
Впрочем, ова е прв концерт од ваков вид во Кичево и општо земено, прв духовно-културен настан по подолго време, на кој кичевчани одговорија со сето срце и со голем восхит, исполнувајќи ја докрај салата од Центарот за културата.
Нашиот тим со благослов од беше и свечено поканет заеднички да го одбележиме овој свечен чин, за кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција.
Неколку фотографии преку нашиот објектив
Кичево
(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
Веднаш по доаѓањето на новата локална самоуправа во Општина Кичево се отпочна со значителни чекори напред со нова енергија, нова визија и со цврста решеност да се работи заеднички без поделби, без разлики, со една единствена цел, подобар и подостоинствен живот за секој сограѓанин. Се исполнуваат дадените ветувања, а првиот доказ за тоа е започнатата реконструкција на должина од околу 800 метри на ул. „Тренко Тасески“ што би рекле во длабоко заборавената населба „Иванидол“. Инаку да потсетиме оваа населба беше застапена и во предизборните проекти на градоначалникот кој ја доби најголемата доверба од кичевчани.
Со нови тротоари, современи дренажни канали и целосно асфалтирање, оваа улица ќе добие модерен и функционален лик што одговара на стандардите на модерното урбано живеење. Подобрената безбедност, поквалитетната проодност и полесното секојдневно функционирање ќе бидат директен бенефит за сите жители од овој дел на градот.
– Со заедничка сила, со взаемна доверба и со постојана мотивација можеме многу. И ќе успееме. Кичево ќе биде пример за развој, за единство и за искрено работење во интерес на народот, ова е само почеток, стоиме зад проектите што ги ветивме и истите ќе се реализираат, чекор по чекор, со транспарентност и посветеност. Заедно ќе го градиме Кичево, Кичево кое обединува, Кичево во кое секој граѓанин има место и перспектива – за Порта.мк истакнаа од кабинетот на новиот градоначалник Д-р Александар Јовановски во текот на вчерашниот ден.
За сите новости и проекти кои следуваат, може да се најдат на официјалниот веб сајт од Општина Кичево – ТУКА
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 18.11 и 20.11 – вторник и четврток, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места и села од град Кичево:
Кичево
ОВР Кичево лиши од слобода жител на струшко, кај с.Другово „летал“ со 107 км/ч, на место каде дозволено е 50 км/ч максимална брзина
На 11.11.2025 во 12:22 часот на во с.Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од с.Велешта, струшко. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час, инфомираше МВР.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ најави прекин на електрична енергија на овие локации, работите на терен се планирани за вторник и четврток
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Кичево9 часа(ФОТО) Кичево: Се работи во населба „Иванидол“, чекор по чекор до реализација на сите ветувања за подобар по квалитетен живот за сите граѓани
-
Временска прогноза2 денаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Хороскоп21 часХороскоп за вторник (18 ноември)
-
Македонија1 денПоскапи нафтени деривати од ноќеска, ова е новата цена за источен литар
-
Македонија1 денНелегално ја преминал границата „Ќафасан“, потоа превезувал огревно дрво без таблици и без документација
-
Спорт1 денВажен натпревар, врвен судиски тим. Макеле ќе биде главен судија на Македонија – Велс во Кардиф








