Спорт
Верстапен денеска победи за големата награда на Абу Даби, последната трка за овогодинешниот шампионат
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен денеска победи во Формула 1 трката за Големата награда на Абу Даби, последна во овогодинешниот шампионат. Верстапен ја постигна рекордната 19-та победа сезонава, 54-та во кариерата, а четврта во низа во Абу Даби. Тој е трет во историјата по бројот на победи, зад Луис Хамилтон кој има 103 и Михаел Шумахер кој има 91 победа.
Холанѓанецот ја освои третата последователна шампионска титула сезонава, а Ред Бул ја одбрани титулата во шампионатот за конструктори. Второто место го зазеде Шарл Леклер од Ферари, а трет возачот на Мерцедес Џорџ Расел. Серхио Перез беше казнет со пет секунди и трката ја заврши на четвртото место.
Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри ги освоија петтото и шестото место, а седми беше Фернандо Алонсо од Астон Мартин. Возачот на Алфа Таури Јуки Цунода беше осми, Луис Хамилтон од Мерцедес беше деветти, а Ленс Строл од Астон Мартин беше 10-ти.
Второто место во конкуренција на конструктори го освои Мерцедес, со три бода повеќе од Ферари, а доколку Перес не добиеше казна од пет секунди, Ферари ќе беше втор во шампионатот.
Следната сезона во Формула 1 започнува на 2 март 2024 година со Големата награда на Бахреин.
Спорт
Македонската ракометна репрезентација со „реми“ го започна големото натпреварување, испуштивме голема победа против Унгарците, но одиме понатаму!
Репрезентацијата на Македонија го постигна првиот бод на Светското првенство, бидејќи во првиот осминафинален натпревар ремизираше со Унгарија 27:27. Во првото полувреме Македонија имаше предност, избраниците на Кирил Лазаров одиграа добро, но Унгарија успеа да се консолидира и да оди на полувреме со нерешен резултат.
Неизвесен и интересен натпревар гледавме во второто полувреме, каде малку водеа Унгарците, а малку нашите. Нашата репрезентација во претпоследната минута имаа два гола предност, но на крајот по мала техничка грешка испуштија голема победа. Следен противник за нашата селекција е репрезентацијата на Холандија!
Кире Лазаров – селектор на Македонската ракометна репрезентација: „Одигравме лавовски натпревар, ако со оваа енергија играме и против Холандија убеден сум дека би можеле да оствариме добар резултат. Холанѓаните се многу побрзи, знаат да не прават измена повеќе време. Конкретно за овој меч, можеби требаше покасно да направам тајм-аут но тогаш имам чувство и тогаш го направив, им честитам и на цела Македонска публика но и на нашите момчиња, одиме понтаму!“
Најголемото изненадување на првото коло на Мундијалот го направија Бразилците кои ја совладаа Норвешка со 29:26.
Оваа победа на Бразилците добива уште поголемо значење, особено ако се земе предвид дека Норвежаните овој меч го одиграа на домашен терен.
Спорт
Ноер останува верен на „Баерн Минхен“
Германскиот „АС“ Мануел Ноер има договор со Баерн до 30-ти јуни оваа година.
– „Точно е, наскоро ќе потпишам нов договор со Баерн“, изјави Ноер на прашањето на новинарот на германската телевизија „Спорт 1“ дали ќе продолжи да брани за Баерн и следната сезона.
Германските медиуми пренесуваат дека Ноер ќе остане во клубот од Минхен до 30 јуни 2026 година. Ноер (38) во Баерн пристигна во 2011 година од Шалке, а за клубот од Минхен одигра 541 натпревар.
Тој освои 28 трофеи со Баерн, од кои 11 титули во Бундеслигата, тој беше петкратен шампион во Купот на Германија, шест пати победник на Суперкупот и двапати ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.
Пред нашиот објектив имавме чест да го фотографираме на мечот против нашата најдобра селекција на „Тодор Проески“ 11-ти октомври 2021-та година, пред полупразен стадион поради корона кризата.
Спорт
ФФМ: Рокот за пријавување на испит за стекнување лиценца за ФИФА фудбалски агент до крајот на месец февруари
ФФМ денес го ажурираше рокот за пријавување на кандидати за испит за стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент. Имено рокот за пријавување на кандидати за испит за стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент е во периодот од 4 март до 17 април 2025 година, а испитот ќе се одржи на 18 јуни 2025 година.
Сите заинтересирани лица доколку не се уште регистрирани, да се регистрираат како нови, тоа можат да го направат на:
а) платформата: agents.fifa.com
б) апликантите треба да ги исполнуваат критериумите наведени во Правилникот за ФИФА фудбалски агенти.
в) успешно да го положат испитот кој го спроведува ФИФА (електронски).
г) доколку успешно го положат испитот да го платат утврдениот годишен надоместок кон ФИФА во износ од 600 долари.
ФИФА дополнително ќе ги соопшти одредбите и условите за испитот за ФИФА фудбалски агенти, како и правилата за испитот кои ќе бидат објавени на платформата и на веб страната на ФФМ.
За сите прашања и информации во врска со стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент можете да се обратите кај одговорните лица од ФФМ, Јана Смугреска Маркоски, [email protected] и Александра Ѓурчиновска, [email protected], тел: 075339716.
За сите прашања и информации во врска со стекнување со лиценца за ФИФА фудбалски агент можете да се обратите кај одговорните лица од ФФМ, Јана Смугреска Маркоски, [email protected] и Александра Ѓурчиновска, [email protected], тел: 075339716, истакнаа од Фудбалската Федерација на Македонија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (16 јануари)
-
Кичево7 часа
Познато времето на спуштање на светиот Крст во Кичево, како и распоредот за претстојниот празник „Богојавление Водици 2025“
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за петок (17 јануари)
-
Македонија13 часа
Дизелот од ноќеска поскапува за 2 денари, додека бензините остануваат со иста цена
-
Автомобили1 ден
Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена
-
Временска прогноза1 ден
Стабилизација и целосно разведрување, но со многу ниски ноќни и утрински температури, нови снежни врнежи за сега на повидок после големиот празник Богојавление „Водици“
-
Спорт1 ден
Македонската ракометна репрезентација со „реми“ го започна големото натпреварување, испуштивме голема победа против Унгарците, но одиме понатаму!
-
Магазин2 дена
Не трошете пари за поправки! Шест знаци дека е време за нов мобилен телефон