Спорт
Верстапен за големата награда на Австрија ќе стартува од првата позиција, по денешните квалификации..

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе стартува од првата позиција на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Австрија, бидејќи беше најбрз на денешните квалификации. Двократниот светски шампион постигна резултат од 1:04.391 минути и ја освои четвртата последователна пол-позиција, вкупно шеста сезонава.
Холандскиот возач трета година по ред ќе ја започне трката во Спилберг од првата позиција.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер денеска беше втор со заостанување од 0,048 секунди, додека неговиот тимски колега Карлос Саинз беше трет со заостанување од 0,190 секунди.
Возачот на Мекларен Ландо Норис беше четврти, Луис Хамилтон од Мерцедес петти, додека возачите на Астон Мартин Ленс Строл и Фернандо Алонсо ќе стартуваат од шестото и седмото место.
Нико Хулкенберг од Хас беше осми, возачот на Алпина, Пјер Гасли беше деветти, а Александар Албон од Вилијамс беше 10-ти. Програмата в сабота започнува во 12:00 часот со квалификациите за спринт трката на 100 километри, која започнува во 16:30 часот.
Трката за Големата награда на Австрија е закажана за в недела во 15 часот, додека официјалното видео од денешните квалификации може да го погледнете ТУКА
Спорт
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Севиља со 1:0 на отворањето на 8.коло од Примера. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во вториот дел, а тоа всушност беше автогол на стоперот на гостинскиот тим Серхио Рамос во 76. минута.
Барселона имаше поголем посед и напаѓаше во текот на целиот натпревар, но тие напади често беа залудни.
Во првото полувреме Жоао Феликс ја пропушти најдобрата прилика кога од добра позиција ја погоди гредата, а во вториот дел по ударот со глава на Ламина Џамал, топката косо удри во ногата на Рамос и заврши зад Орјан Ниланд. .
По овој натпревар Барселона се врати на првото место на табелата во Примера, иако има натпревар повеќе од првите вицешампиони Жирона и Реал Мадрид кои играат меѓу себе во дербито на колото во сабота од 18:30 часот на стадионот „Монтилви“ во Каталонија.
Највозбудливите моменти може да ги прегледате во продолжение:
Спорт
Извлечени паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал

Од „Куќа на фудбалот“ за медиумите истакнаа дека е реализирано извлекувањето и со тоа беше одреден распоредот на мечеви за натпреварувачката сезона 2023/24 во Првата македонска футсал лига.
Паровите за воведното коло на новата натпреварувачка сезона во футсал се:
- КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 – КМФ КАРАДАКУ
- КМФ ШКУПИ 1927 – КМФ ОСОГОВО 2022
- КМФ ЦРНА РЕКА – КМФ ФОРЦА 2015
- КМФ КЛИМИ – КМФ БУТЕЛ 2020
- КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ – КМФ КЕГИ МОБИ
Во продолжение, распоредот на натпревари за сезоната 2023/2024 може да ги проследите на официјалниот линк ТУКА
Спорт
На денешната седница на Управниот одбор при ФФМ одлучено да продолжи поддршката на училишниот спорт за најмладите како и формирање на совет за едукација на тренери

На денешната седница на Управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:
– У.О. на ФФМ го донесе Правилникот за работа на Центарот за едукација за тренери при Фудбалската федерација на Македонија;
– У.О. на ФФМ донесе одлука за формирање на наставен совет на Центарот за едукација за тренери, а највисокото тело на ФФМ, исто така донесе одлука, проф. д-р Небојша Марковски да ја извршува функцијата директор на Центарот за едукација на тренери и во следните четири години.
– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи со поддршка (финансиска и логистичка) на проектот „Фудбал сега – фудбал насекаде“, заедно со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот се опфатени 80 основни училишта во Македонија и повеќе од 6000 деца од второ до петто одделение кои тренираат фудбал во текот на целата школска година.
– У.О. на ФФМ донесе одлука, Фудбалската федерација на Македонија да продолжи да дава поддршка за проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ со Федерацијата за училишен спорт. Во проектот „Училишен фудбал за девојчиња“ се вклучени 30 основни училишта во Македонија и повеќе од 600 девојчиња од четврто и петто одделение.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Временска прогноза17 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Скопје10 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“