Спорт
(ВИДЕО) Аргентинецот Мастантуоно ги заврши медицинските тестови во Мадрид, наскоро се очекува официјално претставување во кралскиот клуб
Франко Мастантуоно успешно ги заврши медицинските тестови во Мадрид, а неговиот трансфер во еден од најголемите светски клубови – Реал Мадрид – наскоро ќе стане официјален. Овој млад и перспективен аргентински фудбалер потпиша шестгодишен договор со „кралскиот клуб“, откако само една сезона блескаше во дресот на Ривер Плата.
Со своите настапи, Мастантуоно покажа дека има потенцијал за големи достигнувања – неговата игра остави силен впечаток уште на самиот почеток на кариерата.
🚨🤍 Franco Mastantuono has completed medical tests as new Real Madrid player as part of the plans.
Formal contract until June 2031 due to be officially signed next as @CLMerlo reports.
Mastantuono will play Club World Cup with River Plate… and then join Real from August. pic.twitter.com/L5mqBHOIYO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 11, 2025
Благодарение на неговите одлични настапи, тој веќе доби шанса да игра за аргентинската репрезентација, за која неодамна дебитираше. Реал Мадрид не се двоумеше да плати 45 милиони евра за да го донесе во својот тим.
Иако потпиша со шпанскиот гигант, Мастантуоно најпрво ќе настапи за Ривер Плата на Светското клупско првенство, по што ќе се приклучи на Реал. Договорот е валиден до 2031 година.
Погледнете за каков профил на фудбалер станува збор:
Спорт
ФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија
На 18 ноември, во Кардиф, машката А селекција на Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против репрезентацијата на Велс. За да се обезбеди уредно и безбедно искуство за сите наши поддржувачи, ФФМ ги проследува следните насоки добиени од организаторите, наменети за македонските навивачи кои ќе присуствуваат на стадионот:
– Влезните порти ќе бидат отворени два часа пред стартот на мечот. Се препорачува пристигнување најмалку еден час претходно.
– Македонските фанови се распределени во секторите 119, 121 и 122; влезот е дозволен единствено преку Gate 12.
– По напуштање на стадионот не е дозволен повторен влез.
– Нема потреба од покажување лична карта или пасош на влезот.
– Навивачи со билети купени за домашните трибини може да бидат спречени да влезат или отстранети од трибините.
– Пабот Walkabout на St. Mary Street традиционално ги пречекува гостинските навивачи (walkaboutbars.co.uk/cardiff).
– До стадионот има околу 25 минути пешачење од центарот; на располагање се такси и јавен превоз (станици Ninian Park и Grangetown).
– На денот на натпреварот нема да има продажба на билети.
– Паркингот за автобуси е бесплатен. За автомобили има ограничен број места, со цена од 10 фунти која се плаќа на лице место.
– Штандовите за храна и пијалаци работат од моментот на отворање на влезовите. Плаќањето е исклучиво безготовинско.
– За лица во инвалидски колички е предвиден посебен страничен пристап веднаш до Gate 12.
– Забранети се пиротехнички средства, професионална фотографска опрема, сопствена храна и пијалоци, како и големи торби. Мали торби се дозволени по безбедносна проверка. Знамиња до величина 2×1 м се прифатливи доколку немаат недолична или забранета содржина.
– Употреба на пиротехника во близина или внатре во стадионот може да резултира со апсење и забрана за влез.
– Лица кои се во видлива, тешка алкохолизирана состојба нема да бидат пуштени на стадионот.
Извор: ФФМ
Спорт
Македонија ремизираше на пријателскиот натпревар против Летонија на „Тодор Проески“
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови на контролниот дуел против Летонија во Скопје, меч во кој создадовме неколку солидни прилики, но завршницата повторно не беше на потребното ниво.
Првата посериозна ситуација ја создаде Милан Ристовски во 14. минута, кога со вешт дриблинг се ослободи од противнички играч и биеше од дистанца, но летонскиот голман Рихард Матревичс беше подготвен. Летонците возвратија десет минути подоцна преку Гутковскис, кој по центаршут од левата страна шутираше со глава, но топката заврши крај нашиот голман Столе Димитриевски.
Летонија ја имаше најдобрата своја шанса во 70. минута, кога Икауниекс шутираше од дваесетина метри и ја погоди гредата.
До самиот крај, двете екипи не успеаја да креираат сериозни обиди, па средбата заврши со почетниот резултат.
МАКЕДОНИЈА – ЛЕТОНИЈА 0:0
Присуство: 4.000 гледачи
Главен судија: Милош Савовиќ (Црна Гора)
Жолти картони: Серафимов, Костадинов (Македонија) – Икауниекс (Летонија)
Спорт
Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот од Сасуоло со 0–3. По овој неуспех, тимот од Бергамо падна на 13-тото место на табелата со вкупно 13 освоени бода.
Јуриќ ја презеде клупата на Аталанта во јули и го предводеше тимот на вкупно 15 натпревари, од кои забележа четири победи – по две во Серија А и во Лигата на шампионите.
– „Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници. Аталанта им се заблагодарува на Јуриќ и на неговиот стручен штаб за посветеноста и им посакува успех во понатамошната кариера,“ се наведува во официјалното соопштение на клубот.
Според италијанските медиуми, главен кандидат за нов тренер на Аталанта е Рафаеле Паладино.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (13 ноември)
-
Хороскоп21 часХороскоп за петок (14 ноември)
-
Временска прогноза1 денПопоски: Следната седмица ќе имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер
-
Lifestyle1 денКолку кафе пиете дневно? Медицината вели дека ова се безбедни количини.
-
Балкан1 денАвион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
-
Lifestyle1 денКако да ја направите вашата правосмукалка да трае подолго и да работи како нова
-
Занимливости1 денМрсната коса бара секојдневна грижа и одржување
-
Магазин1 денPinterest претстави паметен асистент со вештачка интелигенција за пребарување и инспирација
