Следете не

Видео

ВИДЕО Демонстранти фрлаат супа на сликата „Сончогледи“ на Ван Гог во Лондон

Објавено пред

на

Фото: ScreenShot Youtube

Активистите од Just Stop Oil фрлија конзерва супа од домати врз сликата „Сончогледи“ на Ван Гог во Националната галерија во Лондон.

Две млади жени од групата за кампања Just Stop Oil ја фрлија содржината на две конзерви супа од домати врз сликата, која, како што соопшти групата, има проценета вредност од 84,2 милиони долари.

Тие потоа се залепија на ѕидот под сликата.

Во соопштението објавено на Твитер, Националната галерија го потврди инцидентот во собата 43, каде што беше изложена сликата „Сончогледи“ и даде ажурирање за нејзината состојба.

„Има мали оштетувања на рамката, но сликата е неповредена“, се вели во соопштението. Во следниот твит, галеријата објасни дека сликата е застаклена и затоа е заштитена.

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Свет4 часа

Тлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени

Денес, во 22:52 часот, беше забележан нов земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтерова скала на јапонскиот остров Хокаидо....

Хороскоп5 часа

Хороскоп за вторник (9 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас....

Спорт7 часа

Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?

Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа...

Македонија8 часа

Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди

На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“...

Македонија13 часа

ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана

Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (8 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите...

Кичево1 ден

„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на...

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
Здравје и убавина1 ден

Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје

Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (7 декември)

ОВЕН Вдишете длабоко и одвојте малку повеќе време за себе. На овој начин ќе сфатите дека ништо нема да се...

Здравје и убавина2 дена

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден...

НАЈЧИТАНИ