Балкан
(ВИДЕО) И во соседна Србија мака мачат со фекалните отпадни води по улиците по обилните врнежи вчера..

Дождот кој не престанува да паѓа цел ден создаде проблеми и во соседството, потточно во некои населени места во Бања Лука.
Водата се излеа на игралиштето и според локалниот Жељко Јокановиќ, се заканува на станбена зграда. Јокановиќ за РТРС вели дека станува збор за фекални отпадни води кои се проблем за жителите на оваа населба од 2014 година.
Тој тврди дека за тоа е одговорен Водовод и бара багерот да ги исчисти водоводните канали.
Тој додава дека мештаните се обратиле и до пожарникарите и до Цивилната заштита, но дека им било кажано дека тоа не е во нивна надлежност.
Извор: Blic.rs / ATV
Фото: printscreen/video
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
Балкан
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.
– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
Балкан
(ВИДЕО) Исчезнати цели семејства по катастрофалните поплави во БиХ, се трага од утро до мрак

Босна и Херцеговина неделава ја погодија големи поплави во кои загинаа најмалку 18 лица, а неколку десетици се водат како исчезнати, а причинета е и голема материјална штета. Исто така продолжува и потрагата по исчезнатите. Според официјалните податоци, 16 лица загинале во поплави и одрони. Најтешко е во Јабланица. Исчезнаа цели семејства.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, утринава во пет часот ги испрати спасувачките екипи на МУП во Босна и Херцеговина, кои беа испратени по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, истакна дека БиХ го активирала механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дека тимови за одговор пристигнуваат во таа земја, понудена е и помош во форма на инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Работата на спасувачката екипа ја отежнува и дождот, а тие работат од утро до мрак.
Извор: rts.rs / insajder video
-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот