Спорт
(ВИДЕО) Кулушевски одби да даде интервју на македонски јазик не го познавал добро, „само Инглиш“
Кулушевски настапуваше за репрезентацијата на Македонија до 16 години, а потоа престана да дава поддршка на повиците за националниот тим, за покасно да го облече шведскиот дрес, кој го носи и ден денес.
Инаку Кулушевски е роден во Стокхолм, а неговите родители потекнуваат од Македонија. Тој има девет настапи за македонската репрезентација до 16 години, каде на деветте натпревари постигна три гола. На тие мечеви за кои може да се каже дека не биле толку одамна тој комуницираше на македонски јазик без проблем и со селекторот и националниот тим, како и официјалните интервјуа и натписи од ФФМ.
Во неколку наврати после мега трансферот во Јувентус за дел од спортските редакции изјавил, цитираме: „Среќен сум што ќе го подобрам и англискиот јазик, плус зборувам шведски а моите се од Македонија, така што зборувам и македонски исто“ – каде категорично признал дека немало никаква пречка за македонскиот јазик.
– Денес по натпреварот застана пред микрофонот на „Sportklub“, каде новинарот Невен Цвијановиќ започна да зборува на српски (веројатно поради неговите балкански корени), а Кулушевски го прекина и наговори: „На кој јазик треба да зборувам? Бидејќи не можам да одговорам на…“, а новинарот му рече: „На македонски“, на што „Швеѓанецот“ Дејан категорично врати: „Не, не, … инглиш“. – му порача дека македонски зборува „по малце“ и продолжи на англиски.
Моментот е во продолжение:
– Да напоменеме ова момче за нас било од секогаш ѕвезда во фудбалот, горди на него секогаш бил во фокусот на фудбалските збиднувања, пред се поради неговите одлични игри, и секако поради фактот дека неговите корени се македонски, а за него претстои голема фудбалска кариера и дрес од голем клуб.
Среќно понатаму мајсторе, ваша е одлуката како ќе се промовирате пред јавноста!
Спорт
ФФМ: Благодарност до селекторот Милевски, време е за нов импулс и свежа енергија во националниот тим, до 25 декември Македонија ќе има нов селектор
На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да не го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, чиј мандат заврши на 30 ноември 2025 година. Милевски беше дел од работата со најважните македонски репрезентации уште од 2014 година.
Како тренер на А репрезентацијата, од 1 август 2021 година, Милевски ја водеше Македонија на 48 натпревари, остварувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази. Под негово водство, репрезентацијата обезбеди два бараж дуели за пласман на Светско првенство, заврши како првопласирана во Ц сегментот од Лигата на нации и се избори за настап во Б дивизијата во следното издание на натпреварувањето.
ФФМ преку интегралното соопштение на своето гласило, му изрази искрена благодарност на Благоја Милевски и неговиот стручен тим за нивната посветеност, професионалност и постигнатите резултати. Му посакуваме многу успех во понатамошната тренерска кариера.
Управниот одбор на ФФМ смета дека македонската А репрезентација сега има потреба од нова енергија и различен мотив за предизвиците што ја очекуваат. Со нов стручeн тим се очекува „нов ветер“ во работењето на селекцијата, што ќе придонесе за поголема конкурентност и амбиција во идните натпревари.
– ФФМ останува целосно посветена на обезбедување оптимални услови за работа и максимална поддршка за репрезентацијата. Досегашната соработка со Милевски и неговиот тим беше на високо професионално ниво, и ја цениме нивната посветеност и односот кон националниот тим. Истата посветеност ќе ја продолжиме и при поддршката на идните предизвици на македонската А репрезентација.
Управниот одбор на ФФМ ќе донесе одлука за нов предводник на А репрезентацијата најдоцна до 25 декември 2025 година.
Спорт
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП
Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА, по победата над Азербејџан со резултат 3:1.
Нашите фудбалерки играа одлично и ја контролираа играта на целокупниот натпревар. Првиот гол беше постигнат од Калина Попоски во 19. минута по мајсторски изведена акција. Во 27. минута, Теона Галабовска ја зголеми предноста од пенал. Таа повторно се запиша во листата на стрелците во 49. минута, со што стави крај на одличниот настап.
Азербејџан успеа да постигне еден гол преку Јуругова во 35. минута, но не беше доволно за сериозна закана по нашата победа.
Со оваа победа, Македонија прави важен чекор во својата квалификациска трка и ги насочува погледите кон последниот дуел со Словенија, кој ќе има решавачки карактер.
Македонија до 19 години: 1. Ведрана Комненова, 4. Кристина Крстева, 5. Михаела Додевска, 6. Андреа Коловска, 7. Меланија Грозданова, 8. Ева Величкова, 9. Емили Митковска, 10. Теона Галабовска, 11. Калина Попоски, 15. Канита Емини, 16. Мила Панева;
Селектор: Кирил Изов.
Извор: ФФМ
Спорт
(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од првенството во Третата фудбалска лига „Запад“.
Одлично прикажана игра, во една динамична атмосфера, иако не стартувавме најдобро, примивме гол, во второто полувреме поставеноста на играта и искуството на нашите најдобри момчиња резултираше со целосен пресврт и победа.

„ФК Напредок“ после победата врз „ФК Ренова“ на гостински терен, 29.11.2025 г.
Стрелци за нашиот тим: Исмаили, Вренцоски и Никодиноски.
Секоја чест за прикажаната пожртвувана игра, во пролетниот дел продолжуваме со појако темпо до вистинската цел!
-
Кичево2 денаПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Кичево21 час(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (2 декември)
-
Магазин16 часа(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Кичево2 денаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Македонија2 денаЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
-
Хороскоп8 часаХороскоп за среда (3 декември)
-
Кичево17 часа„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
