Автомобили
(ВИДЕО) Лада Нива „Sport“ крена во производство

Производството на Niva Sport започна во погоните на Lada Sport, но засега не се знае по која цена ќе им биде достапен на руските клиенти. Сепак, цената се очекува да биде повисока од верзијата Niva Bronto, која моментално чини 1,44 милиони рубљи (13.395 евра).
Накратко, Niva Sport излегува со LED светла напред, продолжетоци на лакот на тркалата, 16-инчни тркала, шини на покривот и нов довод на воздух на хаубата, заедно со предна табла со значка Sport.
Во внатрешноста има двобојни седишта со подобра странична потпора, кожен волан, како и контрастни шевови. Под хаубата се наоѓа мотор од 1,6 16 V со 122 КС и 151 Nm, поврзан со редизајниран 5-брзински мануелен менувач.
Конечно, возилото доби изменета суспензија и подобрени сопирачки.
Извор: autoblog.rs
Автомобили
Дали знаете по колку време метличките на бришачите стануваат неупотребливи?

• Многу возачи се сетат на бришачите дури кога ќе ги фати силен дожд — и тогаш откриваат дека се веќе бескорисни или дури и опасни.
• Иако нивниот животен век зависи од многу фактори, експертите препорачуваат замена на секои 6 до 12 месеци.
• Во пракса, возачите често чекаат премногу долго — сè додека не се појават траги или нерамномерно чистење на стаклото.
• Изложеноста на сонце, мраз, нечистотија и времето генерално ја оштетува чувствителната гума, поради што таа станува тврдa, кршливa и губи еластичност.
• Според истражување на германскиот клуб ADAC, бришачите треба да се менуваат најдоцна на секои 24 месеци, без оглед колку често се користат.
• Екстремните услови како летната топлина и зимскиот студ значително го скратуваат животниот век. Користење на бришачи на суво или замрзнато стакло дополнително ги оштетува.
• Квалитетот на бришачите е исто така важен: обичните гумени модели се трошат побрзо, додека брендирани како Bosch можат да траат подолго.
• Знаци дека е време за нови бришачи:
-
Оставаат линии и дамки
-
Прескокнуваат по стаклото
-
Испуштаат чудни звуци
-
Гумата е напукната или оштетена
• За подолг век:
-
Редовно чистете ги бришачите и стаклото
-
Користете квалитетна течност за миење
-
Не ги активирајте врз мраз
Извор: Vecernji
Автомобили
ЕУ инвестира 852 милиони евра во фабрики за батерии за електрични возила – еве каде ќе се градат

Европската Унија започнува со значајна инвестиција во иднината на одржливиот транспорт. Европската комисија објави дека преку Фондот за иновации ќе вложи вкупно 852 милиони евра во изградба на шест фабрики за батерии за електрични возила во неколку земји членки на ЕУ.
Целта: декарбонизација и индустриска конкурентност
Овие инвестиции се дел од Индустрискиот акционен план и Договорот за чиста индустрија. Според соопштението од Европската комисија, се работи за клучен чекор кон:
-
Намалување на емисиите на стакленички гасови
-
Намалување на зависноста од увоз на батерии
-
Поттикнување на технолошки развој
-
Создавање на висококвалитетни работни места низ Европа
Кои земји ќе добијат фабрики?
Фабриките ќе бидат изградени во следниве земји:
• Франција
• Германија
• Шведска
• Полска
Сите проекти се очекува да започнат со работа пред 2030 година и ќе придонесат кон создавање на стабилна и одржлива индустриска база на ЕУ.
Што точно се финансира?
Финансирањето ги опфаќа и капиталните и оперативните трошоци на фабриките, со можност дел од средствата да бидат исплатени и пред почетокот на активното работење. Средствата ќе бидат распределени според исполнувањето на клучни проектни пресвртници.
Очекувани резултати до 2040 година
Проектите имаат амбициозна цел:
-
Намалување на емисиите за 91 милион тони CO2
-
Комбиниран производствен капацитет од околу 56 GWh батериски ќелии годишно
Овие фабрики ќе користат иновативни, еколошки прифатливи технологии, што е од суштинско значење за европската стратегија за климатска неутралност и технолошка независност.
Извор: B92
Автомобили
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот

Во деновите кога температурите достигнуваат и над 40 степени, клима уредите во автомобилите работат со полна моќност. Ова, за жал, значи и значително зголемување на потрошувачката на гориво, што се одразува на вашиот буџет.
Но, постои едноставен и генијален трик кој може да ви помогне да заштедите гориво додека уживате во пријатно разладена кабина.
Клучот е во рециркулацијата на воздухот – еве како функционира
Клима уредот во автомобилот може да лади на два начина: внесувајќи воздух однадвор или рециркулирајќи го воздухот кој веќе е во кабината. Кога климата зема топол воздух однадвор, троши повеќе енергија за да го излади. Од друга страна, со рециркулација, системот го користи веќе изладениот воздух, што значи дека се потребни многу помалку ресурси за одржување на пријатна температура.
Рециркулацијата заштедува гориво до 15%
Со притискање на копчето за рециркулација на воздухот, климата работи поефикасно, бидејќи воздухот во кабината е веќе постуден. Ова може да ја намали потрошувачката на гориво за 10 до 15 проценти, што значи реална заштеда на месечно ниво.
Совет од експертите е оваа функција да ја активирате веднаш штом ќе влезете во автомобилот, особено во најжешките делови од денот. На подолги патувања повремено вклучете свеж воздух однадвор за подобра циркулација, но најголем дел од времето оставете ја рециркулацијата вклучена.
Извор: Telegraf
-
Кичево2 дена
Викендов во Кичево СВР Охрид и ОВР Кичево реализираа „Соседска патрола“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (5 август)
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Во с. Челопеци кичевско изгаснат бил избувнат пожар на стрниште речиси до живеалишта
-
Македонија2 дена
Предмалку земјотрес регистриран во западна Македонија, кај Тетово
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за среда (6 август)
-
Спорт2 дена
Србија официјално остана без „АТП“ турнирот
-
Македонија2 дена
ЦУК: До моментот поради невремето, не се пријавени материјални штети или повредени лица
-
Македонија22 часа
ОВР Македонски Брод санкционира пијан возач, управувал возило со 2,39 промили среде бел ден