Следете не

Спорт

(ВИДЕО) Новото име во македонската репрезентација Бојан Миовски за првиот меч, победата над Лихтенштајн и предизвикот со Германија

Објавено пред

на

Видео со дебитантот во нашата македонска А репрезентација Бојан Миовски, за неговиот прв репрезентативен настап, победата против Лихтенштајн и предизвикот на 11. октомври на Националната арена против Германија.

Спорт

(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.

Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.

Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.

Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.

Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!

Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ истакна официјални дисциплински одлуки за овие фудбалски клубови

Објавено пред

на

ФФМ предмалку ги истакна одлуките на дисциплинската комисија, што значи, против ФК Воска АД се поведува постапка поради непојавување на натпревар во Струмица помеѓу ФК Брера А.П. и ФК Воска во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.

Алпер Потук –  фудбалер на ФК Гостивар АД се казнува со забрана на настап во период од 2 (две) години поради повикување на директни учесници на натпревар да го напуштат натпреварот од 29. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД

Останатите одлуки ќе ги најдете на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Првиот човек на ФФМ оствари средба со раководствата на финалистите кои ќе се соочат за „Купот на Македонија“, со негова заложба на мечот ќе има ВАР технологија

Објавено пред

на

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, во текот на вчерашниот ден оствари средба со раководствата на ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум, клубовите кои ќе се соочат во финалето од Купот на Македонија.

Финалниот натпревар е закажан за 21. мај на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Целта на средбата беше координација околу подготовките и организацијата на настанот, кој треба да биде вистински празник на фудбалот.

Во духот на фер-плејот и меѓусебното почитување беше истакната заедничката заложба – финалето да помине во најдобар ред и да победи подобриот тим.

На состанокот присуствуваа и претставници на Судискиот одбор, со цел унапредување на транспарентноста и довербата во судиските одлуки. Како дел од заложбите во таа насока, на финалниот натпревар ќе биде во функција ВАР технологија за носење судиски одлуки во спорни ситуации.

Овој чекор за имплементирањето на ВАР технологија на финалето од Купот на Македонија е резултат на иницијативата на претседателот Омерагиќ и соработката со фудбалските федерации од регионот, со цел унапредување на судиските стандарди и зголемување на довербата.

Финалето од Купот на Македонија ќе биде емитувано во живо преку телевизиски пренос.

ФФМ ќе преземе сè што е потребно натпреварот да биде организиран на највисоко ниво, во интерес на клубовите, навивачите и македонскиот фудбал, истакна Фудбалската федерација на Македонија во интегралното соопштение на нивното електронско гласило кое ви го пренесовме во целост.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

На Табановце уапсен грк, во возилото пронајдена марихуана

На 05.05.2025 околу 12.45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.К.(30)...

Култура12 часа

Денес се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за вторник (6 мај)

Бик  Љубов Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост...

Автомобили14 часа

(ВИДЕО) „Ферари Ф50“ оваа година слави 30 години од производство на еден од најзначајните суперавтомобили

„Ферари Ф50 Легаси тур“ 2025 слави 30 години од еден од најзначајните суперавтомобили на „Ферари“ со патување низ Тоскана и...

Македонија23 часа

Ноќеска мало намалување на цената од нафтените деривати

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат...

Временска прогноза1 ден

По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (5 мај)

Овен Доколку сте ангажирани околу нешто кое е поврзано со продажба или патувања- ќе бидете многу успешни. Ќе доживеете многу...

Кичево2 дена

(ВИДЕО) „Тргнете го ѓубрето од градот, нè задушивте!“: Кичевчани денес со нов протест за дивата депонија, најавија и по радикални мерки доколку нема решение

Во рамки да денешниот ден се реализираше и вториот најавен протест поради настанатата дива депонија, која како проблем е доста...

Хроника2 дена

Кај Дебар во страотна сообраќајка со мотор загина млад жител на Кичево

Неофицијалните информации кои ги објавивме пред повеќе од два часа дека трагичен крај има сообраќајката во Дебар, за жал се...

Хроника2 дена

АМСМ: Од 14:30 патниот правец Дебар-Струга во двата правци затворен поради случена сообраќајка, неофицијално станува збор за трагична сообраќајка со мотоцикл

Од 14:30 часот сообраќајот патниот правец Дебар – Струга е во прекин во двата правци, поради случена сообраќајна незгода, информираат од...

НАЈЧИТАНИ