Балкан
(ВИДЕО) Пијан србин завршил во болница откако со својот автомобил проба да помине покрај спуштена рампа, моментот го снимиле безбедносните камери
На снимката од надзорните камери се гледа моментот кога вчера вечер околу 3 часот по полниќ товарен воз удрил во возило „пежо“ во Мајур кај Шабац.
Полицијата во Шабац вече ќе поднесла прекршочна пријава по Законот за безбедност на сообраќајот против триесет и три годишен маж од околината на Шабац кој управувал автомобил под дејство на алкохол со 1,22 промили во крвта и поминал преку пруга на веќе спуштена рампа.
— zoranceran (@zoranceran2) November 2, 2021
Како што може да се види на видеото, српската полиција додава дека возачот во ниту еден момент не застанал пред да тргне на шините.
Возачот на „пежото“ со повреди бил префрлен во болницата Шабац, додека неговиот совозач (41) останал неповреден.
Извор: blic.rs
Фото: printscreen / video twitter
Балкан
Авион од типот „AT-802“ попладнево се срушил во близина на Сењ, Хрватска
Турскиот авион „Ер Трактор“ се урна попладнево во близина на Сењ, објавија хрватските медиуми, додавајќи дека е пронајдено телото на пилотот. Според информациите на Управата за цивилна заштита, авионот од типот „AT-802“ се срушил додека извршувал кружен лет на релација Риека–Загреб.
Хрватската контрола на летање во 16:53 часот пријавила дека авионот исчезнал од радар, а во 17:11 часот бил добиен извештај за падот и избувнатиот пожар.
Првичните податоци укажуваат дека леталото се урнало во областа Криви Пут. На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи, пожарникари и служби за итна медицинска помош.
Пожарникарите од градот Сењ успеале да го пронајдат авионот.
– „Откако го лоцираа леталото што се урна во подрачјето Криви Пут, пожарникарите го изгаснаа запалениот авион и го обезбедија местото на несреќата“, соопшти Хрватската противпожарна служба.
Од Министерството за одбрана на Хрватска потврдија дека не станува збор за авион или екипаж на хрватските воздухопловни сили, демантирајќи ги шпекулациите кои се појавија во некои медиуми.
Извор: sputnikportal.rs
Балкан
Црвена Ѕвезда во Белград убедливо го совлада грчки Панатинаикос во рамки на 9-то коло во Евролига
Црвена Ѕвезда синоќа во Белград извојува убедлива победа над Панатинаикос со резултат 86:68, во рамките на 9. коло од кошаркарската Евролига. Најистакнати поединци кај домаќините беа Милер-Мекинтајр и Монеке, кои постигнаа по 14 поени, додека кај гостинскиот состав најдобар беше Слукас со 16 поени.
Со овој триумф, „црвено-белите“ ја продолжија својата победничка серија на седум натпревари и се искачија на првото место на табелата со учинок 7 победи и 2 порази.
Тимот на Панатинаикос моментално се наоѓа на осмата позиција со биланс 5-4.
Карактеристично е што после мечот, во прес салата тренерот одговараше на прашања од новинарите, каде извесен Гоце од Кичево, кој барем така се претстави, праша според „присутните“ нелогично прашање, со што ги збуни присутните и тренерот, па побараа следно прашање.
Проследете го моментот ТУКА. Евидентно е дека се работи за монтирано видео/пародија, останува да видиме. Некои во коментарите пишуваат дека според гласот тоа бил извесен новинар Горан, а со помош на модерни алатки гласот да е модериран дека станува збор за Гоце од Кичево.
Извор: off.net.mk
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
-
Хороскоп17 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за среда (10 декември)
-
Македонија2 денаНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Македонија1 денОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Lifestyle1 денЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Технологија1 ден„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Автомобили1 денГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Магазин1 денSamsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година
