Кичево
(ВИДЕО) Прекрасен документарен извадок на нашиот кичевски Манастир „Пресвета Богородица – Пречиста“
Нашиот кичевски Манастир „Благовештение на Пресвета Богородица“, познат меѓу народот како „Пречиста“ завршен со градба во 1320. година. Како што знаеме од овој Манастир „Пречиста“ датираат многу стари манастирски ракописи. Најважно иконографско дело e чудотворната икона на Пресвета Богородица. Секој кој пристапувал со вера, љубов и надеж кон чудотворната икона наоѓал исцеление…
Погледнете го краткиот документарен извадок на екипата од „Fun Продукција“ во покровителство на Оливер Ангелески (режија и сценарио)
Кичево
ОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
На 25.11.2025 во 22:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(25) од Кичево и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од Кичево, по што возачот А.Ф. со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден и со него е извршен службен разговор.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.
Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.
– Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил, истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
Како современа и опшествено одговорна компанија која веќе 32 години успешно функционира на домашниот пазар, преку нашиот веб го најавуваме дефинитивно најголемиот „Black Friday“, во нашиот град кој трае на 28.11 и 29.11. Можете да искористите и до 70% попуст на одредени производи од врвни светски производители како што се, ATLAS CONCORDE, Geberit, Liv, Sanovit, Creavit, STN, Qua, Bien, Gomez, Navarti, Tilezza, Geo Tiles, Unitas, Ideal Standard, итн.
Во понудата има голем избор на керамички и порцелански плочки, „wc школки“, „кабини“, „паравани“, мебел за бања и уште многу други производи за вашата бања кои ќе го подобрат и олеснат секојдневието!
Дополнителни информации и резервации можете да добиете на телефонските броеви 075/264-634 и на 075/228-948, на фејсбук, инстаграм или директно во нивниот продажен салон секој работен ден од 09:00 до 18:00ч, најдете ги на гугл мапа на магистрален пат, ТУКА
-
Кичево23 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево1 ден„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Кичево19 минутиОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Хроника22 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза23 часаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Магазин1 денРецепт за најсочните мини пици: Брзи, меки и едноставно неодоливи
