Македонија
(ВИДЕО) Пресечен меѓународен транспорт на дрога, запленета марихуана во вредност од околу 600.000 илјади евра, приведени 6 лица
На 08.12.2021 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, и тоа Оддел за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога пресекоа меѓународен канал за транспорт на дрога од територијата на Р.Косово на територија на нашата држава, при што е запленета марихуана во количина од околу 200 килограми со вредност од околу 600.000 илјади евра, а лишени од слобода се шест лица, македонски и косовски државјани.
Како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, на автопатот „Пријателство“, од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од Скопје, биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана. Истовремено, при контрола на патничко возило „БМВ туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(30) од Скопје биле пронајдени црни вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.
Во близина на бензинска пумпа биле сопрени две патнички возила, и тоа „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од О.А.(36) од Скопје, каде како сопатник бил косовскиот државјанин Џ.Љ., како и патничко возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(33) од Скопје, каде како совозач бил Б.Р.(24) од Скопје, кои биле ангажирани за да го обезбедуваат транспортот на дрогата.
Во консултација со Јавен обвинител, по добиена наредба од страна на Судија на претходна постапка на Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес во дом кај Б.Р., при што биле пронајдени торба со 29 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, фантомка, дигитална вага и 11 куршуми, додека при извршен претрес во домот кај Е.А. пронајдени се еден сигнален пиштол марка „Екол“ 9мм со празна рамка, како и еден пиштол „Црвена застава“ 9 мм со една рамка со 10 куршуми за него, додека во куќниот двор било пронајдено патничко возило „БМВ“ донесено од Р.Косово без соодветна документација, при што од страна на Царинската управа е одземено за понатамошна проверка.
Денеска до надлежното Јавно обвинителство против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.
Извор: МВР
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
Македонија
РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“
Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.
Притоа, полициските службеници, ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.
Целта на оваа вежба беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки , меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл.
– Во вежбата учество зедоа ТАВ „Аеродром“- Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и ТППЕ „Охрид“ и ТППЕ „Струга“, медицински екипи од „ТАВ“ и амбуланта „Охрид“ и „Струга“, „Црвен Крст“. Вежбата успешно заврши со покажана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки, за Порта.мк соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево2 денаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Култура2 денаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (4 декември)
-
Временска прогноза2 денаДождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
-
Технологија2 дена„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура
-
Спорт1 денБлагоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика
-
Хороскоп2 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина16 часаСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
