Македонија
(ВИДЕО) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Денеска (20.07.2025) полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, с. Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен, соопшти МВР.
Македонија
Од ноќеска дизел и бензин горивата поевтинуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит.
Македонија
Одделот за внатрешна контрола при МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началник ќе биде разрешен

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка.
Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.
МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.
Македонија
(ФОТО) Полиција од РЦ Запад, Франгово и Лабуништа запленија огревно дрво, безправно исечени, сторителите во бегство

На 08.08.2025 година во 14:30 часот, при контроли извршени кај месноста „Студенец“ во атарот на струшкото село Радолишта, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Франгово и Лабуништа, при граничната полиција регионален центар „Запад“, пронајдоа, два трактори без регистарски ознаки, натоварени со буково огревно дрво.
Две лица кои вршеле бесправна сеча со моторна пила, откако ги забележале полициските службеници, избегале од местото оставајќи ги тракторите, моторните пили и другата опрема.
– При извршен увид, констатирано е дека се работи за бесправна сеча на дрво за огрев од околу 60 метри просторни кои, по консултација со јавен обвинител, се предадени на претставници на Шумското стопанство од Струга.
По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (10 август)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (11 август)
-
Хроника2 дена
Трагедија на охридско езеро, жител на Бугарија при нуркање повеќе не излегол од водите на езерото
-
Македонија18 часа
Одделот за внатрешна контрола при МВР констатира непрофесионално однесување во случајот со Демир Хисар, началник ќе биде разрешен
-
Македонија25 минути
Од ноќеска дизел и бензин горивата поевтинуваат
-
Автомобили2 часа
Еве кои предмети не треба да останат во автомобил на лето и во екстремно топли температури
-
Кичево9 минути
Вчера малолетник од Кичево се здобил со тешки телесни повреди управувајќи електричен тротинет во сообраќај