Следете не

Кичево

Викенд програма @Република 96250

Објавено пред

на

Петок (08/07/2022) во Клуб Република 96250 уживајте во електронските звуци предводени од „Andreja Salpe“ со почеток во 21:00 часот.

The Backdoor Band” се едни од ретките, ако не и единствените во нашата држава кои сеуште ги негуваат звуците на “рок” музиката.

Сабота (09/07/2022) во Клуб Република 96250 со почеток во 21:30 часот.

 

Кичево

(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“

Објавено пред

на

©porta.mk

По повод 28 август –  „Денот на рударите“ во просториите на „РЕК Осломеј“ се одржа свечен настан на кој им беа доделени благодарници на вработените за нивниот долгогодишен труд, посветеност и придонес во развојот на компанијата и енергетскиот сектор во Македонија и Кичево.

На свеченоста присуствуваа раководството на „РЕК Осломеј“ Директорите г-дин Сашо Вренцоски и г-дин Агим Садику, заменик генерален Директор на „АД ЕСМ“ г-дин Реџеп Асани, Директорот на „ТЕ“ Синиша Стојкоски, Директорот на „ПЕ Рудник Осломеј“, Адил Сејдини како и бројни вработени кои со гордост го одбележаа празникот што им припаѓа ним – рударите и енергетичарите.

„Рударите се срцето на енергетиката. Благодарение на вашиот труд, упорност и дисциплина, обезбедуваме стабилно снабдување со електрична енергија. Денес ја искажуваме нашата искрена благодарност кон сите вас, особено кон оние кои со години покажуваат професионалност и лојалност кон компанијата,“ истакна раководството пред присутните.

Со доделувањето на благодарниците, „РЕК Осломеј“ ја нагласува својата посветеност да го вреднува трудот на вработените и да го негува чувството на припадност и заедништво. Настанот заврши во свечена и пријателска атмосфера, со порака дека рударството и натаму ќе остане темел на стабилниот енергетски систем на државата.

На овој свечен настан, свечено присуствуваше и нашата екипа која оваа прилика ја користи срдечно да им го честита „Денот на рударите“ – 28 август со желби за големи успеси и врвни достигнувања во енергетскиот сектор.

Галерија:

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП

Објавено пред

на

ФОТО: Свештена Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“

Со поддршка од Европската Унија, преку проектот „АгроСмарт“ кој се реализира од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка со „Хемера“ и „ЦЕП Можности“, во Кичево е поставен уред што нуди современ начин за набавка на свежо млеко.

Жителите на Кичево и околината отсега можат да уживаат во природно кравјо млеко произведено од Земјоделската задруга „Крнино“, составена од членови на Манастирот „Св. Богородица Пречиста“.

„Млекото што го добиваат потрошувачите е целосно свежо, со сочувани хранливи вредности, без конзерванси и додатоци, и е пласирано во строго контролирани хигиенски и температурни услови. Покрај млеко, на располагање има и сирење,“ изјави Станоја Станојоски, како претставник од манастирот.

– Г-дин Лазар Неданоски од МРФП исто така истакна дека млекоматот претставува добар пример за модернизација на фармите во земјава и нов начин на приближување на локалните земјоделски производи до потрошувачите со поддршка од ЕУ.

На настанот присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Цветан Трипуновски, кој потенцираше дека обновувањето и современиот пристап во земјоделието се меѓу главните цели на министерството.

Во рамки на промоцијата, беше организирана и посета на фармата во близина на Манастирот „Св. Богородица Пречиста“, каде што е воспоставена линија за молзење крави и современа млекарница за производство на различни млечни производи.

Прочитај повеќе...

Кичево

Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош

Објавено пред

на

©porta.mk

Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на лице место извршиле ОВР Кичево, каде привремено додека траел увидот едната делница на булеварот била блокирана за секаков сообраќај. Според очевидци во близина, веднаш по настанот медицинска екипа при Општа болница Кичево брзо интервенирала, укажувајќи брза помош на учесниците.

Подетални и официјални информации за здравјето на пешакот и возачот на автомобилот немаме, но според неофицијални извори пешакот своето лекување ќе го продолжи на комплекс клиники во Скопје.

Повеќе информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хроника5 часа

Во хотелска соба бил пронајден починат 69-годишник од Австралија

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С. (69) од Австралија....

Спорт6 часа

Со заложби на претседателот Омерагиќ и општина Битола, овој град повторно на европската фудбалска мапа, стадионот „Петар Милошевски“ доби зелено светло од „УЕФА“

Градот под Пелистер на 9 септември ќе биде центар на младинскиот европски фудбал, откако стадионот „Петар Милошевски“ доби официјална дозвола...

Кичево9 часа

(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“

По повод 28 август –  „Денот на рударите“ во просториите на „РЕК Осломеј“ се одржа свечен настан на кој им...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за четврток (28 август)

ОВЕН Многу сте одлучни кога станува збор за работата и сигурни сте дека можете да го остварите она што го...

Фото: Chris G @ unsplash Фото: Chris G @ unsplash
Автомобили1 ден

Nissan GT-R се пензионира по 18 години – крај на една ера

По цели 18 години производство, Nissan официјално го означи крајот на легендарниот R35 GT-R, откако последниот примерок за јапонскиот пазар...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин1 ден

Apple ќе ги открие новите модели на iPhone на 9 септември

Apple официјално испрати покани за својот голем есенски настан, кој ќе се одржи на 9 септември во Купертино. Настанот традиционално...

Спорт1 ден

Составот на македонската фудбалска репрезентација за мечевите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн

Фудбалерите на Македонија се подготвуваат за претстојните натпревари од квалификациите, каде што ќе се сретнат со Саудиска Арабија на 4...

Македонија1 ден

Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен...

Свет1 ден

Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет

Колосот висок околу 120 метри тргна од космодромот „Старбејс“ во Тексас, заедно со новооснованиот град што расте околу него, точно...

Временска прогноза1 ден

Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до...

НАЈЧИТАНИ