Следете не

Временска прогноза

Викендов се враќаат високите температури и УВ индексот, не излегувајте во најтоплиот дел од денот без потреба!

Објавено пред

на

Пред нас е нагла и голема промена на времето, и тоа гледано по температурите на воздухот и сето тоа особено лошо ќе влијае врз метеопатите кои ќе почувствуваат поголеми здравствени проблеми. Изминатиов период имавме навистина свежо време, особено во ноќните  и во утринските часови кога имавме есенски температури на повеќе места во Македонија. Понекаде во државава температурите во утринските часови се спуштија дури и под 10 степени.

Веќе од овој викенд нашата територија ќе подпадне под влијание на нов многу топол бран од Африка, па така температурите нагло и позначително ќе порастат. Насекаде тие ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени.

Времето ќе биде претежно сончево и стабилно а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец.

За време на овој викенд  и во Скопје  и околината ќе имаме стабилно, сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 34  и 36 степени.

Ув индексот пак ќе има многу висока вредност  и ќе има коефициент 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности, за порта.мк пишува Славчо Попоски

Временска прогноза

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде кај нас и истите ќе бидат обилни особено во јужните предели од Македонија каде локално за 24 часа ќе наврнат над 40 литри дожд. На планините пак над 1700/1800 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. И во Скопје и околината денес (Петок 5 декември) времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 9 степени.

Поради очекуваните обилни врнежи, целата територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза, а југоисточните предели ќе се наоѓаат во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд. Исто така, поради обилните врнежи од дожд повторно се очекува зголемувања на нивоата на реките и на езерата кај нас, особено во јужните предели каде се можни и нови локални поплавувања.

Апелирам поради можните нови поплавувања особено возачите да внимаваат како управуваат со своите возила, односно тие да не се движат покрај водотеците, соопшти Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jason Miller

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.

Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).

На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за сабота (6 декември)

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете...

Македонија15 часа

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт15 часа

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

Lifestyle18 часа

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

Магазин20 часа

Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по...

Автомобили20 часа

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во...

Временска прогноза21 час

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за петок (5 декември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија1 ден

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради...

Свет1 ден

Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“

Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток...

НАЈЧИТАНИ