Кичево
Во Кичево се враќа „Паб“ омиленото место за кафе во срцето на градот

Токму така утрешниот ден нуди позитивни нешта, започнувајќи со работа од 07:00 до 00:00 часот се враќа омиленото место за кафе и останатите алкохолни и безалкохолни пијалоци со традиционалното име – „Паб“ !
Уникатниот класичен стил со модернизирано дрво, грижата за најдоброто кафе, точено пиво, сите видови пијалоци, апетисани, го прават ова место најдобро до сега од своето постоење.
Од утре, првото утринско кафе нека ни биде во „Паб“, добредојдени сте!
Кичево
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај

Во понеделник, 25 август 2025 година, ГД „Гранит“ АД Скопје, изведувач на работите на Автопатот А2 Кичево–Охрид, ќе започне со асфалтирање на девијацијата кај месноста Крушино, заедно со надпатникот на км 0+780.
Работите според известувањето ќе се одвиваат во следните периоди:
* од 08:30 до 10:00 часот – при започнување на активностите,
* од 13:00 до 14:30 часот – при завршување на асфалтирањето.
– Апелираме до жителите и граѓаните, доколку немаат итна потреба, да го избегнуваат користењето на локалниот пат кон с. Кнежино, со цел да се намалат метежите и застои во сообраќајот, како и да се овозможи непречено изведување на градежните работи, известува ГД „Гранит“ АД Скопје, а пренесе МЗ Кнежино преку нивното е-гласило.
Кичево
(ВИДЕО) Пожарот во с.Душогубица кичевско сеуште активен, опожарени се пчелни сандаци и куќа

Денес околу 10:30ч забележан и пријавен бил пожар во атарот на село Душогубица кичевско. Село кое се простира во височините на југоисточните падини на планината Бистра, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Маврово и Ростуше.
Пожарот на кој интервенираа ТППЕ Кичево и полицискиот хеликоптер допре дури до живеалиштата, а опожарени се околу 40-тина пчелни сандаци, истакна претседателот на МЗ с. Душогубица, г-дин Димче Стојкоски.
Пожаротега е распространет кон горниот срт на планината на непристапен терен над селото.
Порта.мк останува на овој дел од селото и активно ја следи состојбата со пожарот.
ЦУК до 18:00ч:
🔥 На ден 21.08.2025 година, до 18:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 12 изгаснати.
АКТИВНИ: 7
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума)
2. Општина Струга: с. Подгорци (нискостеблеста шума)
3. Општина Прилеп: с. Беловодица – место викано Ливада и с. Лењиште (букова шума)
4. Општина Долнени: с. Стровија и с. Долгаец (мешана шума)
5. Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација)
6. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума)
7. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица – планински врв Китка (мешана шума)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Старо Нагоричане: с. Канарево (ниска вегетација)
ИЗГАСНАТИ: 12
1. Општина Маврово – Ростуше: с. Церово и с. Симница (нискостеблеста шума и сеча)
2. Општина Боговиње: с. Оловјане (ниска вегетација)
3. Општина Ѓорче Петров: с. Орман (ниска вегетација)
4. Општина Струга: с. Велешта и с. Белица (стрниште)
5. Општина Липково: с. Слупчане и с. Ваксинце (стрниште)
6. Општина Струмица: с. Ангелци (ниска вегетација)
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација)
8. Општина Кратово: место викано Рашковец (ниска вегетација)
9. Општина Кичево: с. Горица (стрниште)
10. Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и ѓубре)
11. Општина Ѓорче Петров: с. Волково (ниска вегетација)
12. Општина Гази Баба: с. Трубарево (ниска вегетација)
Кичево
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината

Од „ЕВН Дистрибуција“ информираат дека има непланиран дефект на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината. Веројатно се работи на санација за истиот.
-
Хроника1 ден
Кичево и кичевско во тага по страшната трагедија која се случи вчера, каде по пад од четирицикл две малолетнички ги изгубија своите животи
-
Кичево4 часа
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (22 август)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за сабота (23 август)
-
Култура2 дена
Бдение и Божествена Литургија по повод „Успение на Мајката Божја“ во кичевскиот Манастир „Св.Богородица Пречиста“, богослужение на човечка посветеност и небесната утеха, земната привременост и вечниот живот
-
Македонија20 часа
Времен прекин на сообраќај утре и задутре поради меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар „Тодор Проески“
-
Македонија1 ден
Уште една измама со лажна сообраќајка, тетовчанка измамена за огромна сума на евра и швајцарски франци
-
Спорт1 ден
Утре започнува првото коло во втората македонска фудбалска лига, според новите правила само шампионот обезбедува место во ПМФЛ