Автомобили
VW Passat запали по осум години стоење (ВИДЕО)

За некои тоа е руина, а за други е автомобил што сè уште може да служи – тоа е Volkswagen Passat од 1996 година.
Јутјуберот Flexiny се обиде да го „оживее“ Passat кој со години стои на ливадата.
Покриен со нечистотија, некогаш многу популарниот караван изгледа навистина сиромашно. Тешко дека некој би помислил да оживее ваков автомобил, но еден човек го прифати предизвикот.
Од видеото можете да видите што направил авторот за да го оживее стариот Passat. Тоа е изданието B4 кое остана на пазарот до 1997 година и доаѓањето на популарниот B5.
Под хаубата се наоѓа 1,8-литарски бензински мотор со 90 КС и 135 Nm, во комбинација со автоматски менувач. Иако не пука од моќ, убаво е повторно да се види и слушне жив, особено во ова време кога Passat стана загрозен вид.
За потсетување, лимузинската верзија се прекинува, а караванот ќе се произведува во друга генерација. Ќе ги задржи конвенционалните мотори, со стандардот Euro 7, а на пазарот ќе се нуди паралелно со технолошкиот близнак на Škoda, моделот Superb.
Автомобили
Утре во Прилеп ќе се одржи традиционалниот „Авто слалом“, учество ќе земе шампионот од Кичево, Кристијан Бојоски!

Утре (недела), 1-ви јуни со почеток од 11:00ч, град Прилеп повторно ќе биде домаќин на традиционалното државно првенство на Македонија во „Авто слалом“ со возила „Олд тајмери“ и „Јанг тајмери“ во организација на Национална Федерација за историски возила на Македонија која припаѓа во семејството на „FIVA“ – Fédération Internationale des Véhicules Anciens и „Класика Прилеп“ поддржано од Министерство за Спорт.
На наше огромно задоволство и под наше медиумско покровителство свое учество ќе земе нашиот кичевчанец, поранешен шампион и долгогодишен искусен учесник Кристијан Бојоски со својот модифициран „Опел Кадет“, кој долги години е миленик на прилепската публика, а владее голема поддршка и од нашиот град Кичево.
Инаку да потсетиме лани Кристијан Бојоски се натпреваруваше во класа 3 заедно со уште 11 учесници, рекорден број во таа категорија. Бојоски заврши на четвртата позиција со извозено време 1:40
Бидете дел и заедно да навиваме за кичевчанецот кој благодарение на пријателите и спонзорите кои здружено помагаат првично во техничката спремност, а тука не смее да се заборави поддршката на „Adler“, успешно плови по автомобилистичките води.
Имено да потсетиме, во октомври 2023, Бојоски го извози најдоброто време во класата „олд тајмери“ и се закити со пехар и медалја.
Настанот е на официјалната локација пред „Палма Шоп“ во Центарот на градот. Истиот беше закажан за 11-ти мај, но доби нов датум 1-ви јуни поради санација на делови од патеката, тогаш истакнаа од организацијата.
Со среќа на сите учесници!
Автомобили
„BMW“ во својата палета на електрични автомобили ќе го истакне својот модел „i4 M60“, со неверојатни 593 коњски сили

Помина нешто повеќе од една година откако BMW направи освежување на Серија 4 Gran Coupe и електричниот модел i4. Сепак, спортската верзија i4 M50 тогаш не доби технички промени. Таа продолжи да се нуди со истата M Performance поставка која развива 536 коњски сили и 795 њутн-метри вртежен момент. Неколку месеци подоцна, BMWBLOG објави информации дека се подготвува помоќна верзија – i4 M60. Сега, иако неофицијално, таа верзија се појави на холандската страница на BMW.
Новата i4 M60 веќе е наведена меѓу понудените модели, иако сè уште не може да се конфигурира. Интересно е што i4 M50 сè уште стои во понудата, но тоа веројатно ќе се промени наскоро. Новиот модел носи 593 коњски сили, што е за 57 КС повеќе од претходниот. Вртежниот момент останува ист – 795 њутн-метри.
Поради дополнителната сила, i4 M60 е побрз – од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,7 секунди, што е за 0,2 секунди побрзо од M50. Максималната брзина останува ограничена на 225 км/ч. Покрај подобрените перформанси, има и други новитети кај оваа верзија, која е најпродаван BMW M модел последниве три години.
Според податоците од холандскиот сајт на BMW, новиот i4 M60 има автономија од 432 до 551 километар според WLTP стандардот. Иако минималниот дострел е помал од претходната верзија (469 км), максималниот сега е поголем (513 км порано). Батеријата и натаму има капацитет од 81,1 kWh, со максимално полнење на 205 kW со еднонасочна струја.
Новата верзија троши малку повеќе енергија – од 21 до 16,6 kWh на 100 км, додека старата верзија имаше потрошувачка од 19,7 до 17,9 kWh. Исто така, автомобилот е малку полесен – намален е за 5 килограми, па сега тежи 2.285 кг.
Брзината на полнење исто така е подобрена. За само 10 минути, може да се добие енергија за 141 до 185 километри, додека кај претходниот модел тоа беше 135 до 175 километри. Бидејќи BMW веќе ги подновува своите веб-страници со новиот модел, целосното претставување на i4 M60 најверојатно ќе се случи многу наскоро.
Извор: bmwblog.com
Автомобили
(ВИДЕО) „Ферари Ф50“ оваа година слави 30 години од производство на еден од најзначајните суперавтомобили

„Ферари Ф50 Легаси тур“ 2025 слави 30 години од еден од најзначајните суперавтомобили на „Ферари“ со патување низ Тоскана и круг на патеката Фиорано. Но, ова не е само прашање на возење – ова е и деби на сосема нова гума Pirelli направена ексклузивно за F50.
Ферари ја оживува историјата со секој настан на Легаси. Од Сатурнија до Маранело, од кривулести патишта до бучавата на тркачката патека, ова е прослава на инженерството, убавината и длабоката врска помеѓу машината и возачот, пренесува autoblog.rs.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (2 јуни)
-
Кичево1 ден
ТППЕ Кичево вечерва спречи поголем пожар на дива депонија помеѓу кичевските села Мидинци и Зајас
-
Македонија2 дена
Бигорскиот Манастир за прв пат се огласи во јавноста по јавните собири
-
Спорт1 ден
(ФОТО) „Градско дерби“, фудбалско надигрување, многу голови и фер плеј – Фудбалот е најубавиот спорт на светот!
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за вторник (3 јуни)
-
Македонија2 дена
На место каде е дозволено 60 км/ч, службеници од БПС Гостивар на радар сопреле возач кој „летал“ со 145 км/ч
-
Македонија2 дена
МВР со детали за страотната сообраќајка кај Тетово, каде трагично згасна млад живот
-
Македонија2 дена
Регионалниот центар Запад во содејство со СВР Охрид во охридско кабаре приведоа странски државјанки, злоупотребиле туристички престој