Спорт
За прв пат беше организиран регионален фитнес камп и семинар за фудбалски судии, Сејдини истакна дека се работи на развој на сите сегменти на фудбалската игра
Фудбалската федерација на Македонија за прв пат, воопшто, надвор од рамки на УЕФА, беше организатор на првиот регионален фитнес камп / семинар за судии.
Нашата федерација е иницијатор и целосно го организира кампот на кои учествуваат судии (машка и женска судиска тројка) од десет држави од регионот.
За предавач на семинарот, ФФМ успеа да го обезбеди Вернер Хелсен. Главниот тренер за судии на УЕФА ги селектираше и подготвуваше судиите за последните три Светски првенства и последните шест Европски првенства.
На отворањето на семинарот, присутните судии од Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Романија, Бугарија, Албанија и Македонија беа поздравени од раководството на ФФМ, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски.
– „Ние како Фудбалска федерација на Македонија веруваме дека само со работа може да се постигне развој на сите полиња. Затоа и во овој сегмент, за развојот на судиите сметаме дека е неопходна континуирана едукација на сите нивоа за да се достигне повисок степен на знаење, но исто така и на физичка подготвеност. Целосно стоиме на располагање, како и досега, на сите наши заинтересирани страни да ја обезбедиме поддршката и да се посветиме на развојот на фудбалската игра“, изјави во своето обраќање претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
– „Наша цел и овој пат, со организација на првиот семинар во ваква рамка е да размениме знаења и искуство во делот на судењето и фитнес подготовката на судиите, но исто така и да изградиме нови мостови на соработка и поврзување. Делот од предавањата и практичната подготовка сакавме да го прошириме со останатите колеги од регионот, како што впрочем го правиме во останатите сегменти на фудбалската игра. Благодарност до сите кои придонесуваат да имаме убаво и искуство кое ќе не направи и посилни и побогати со знаење”, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Хроника2 денаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево14 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево18 часа„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Македонија2 дена16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија2 денаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
-
Хроника12 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Хороскоп4 часаХороскоп за среда (26 ноември)
