Здравје и убавина
Заборавете на кашлањето! Направете лек со четири состојки од кујната

Многу луѓе моментално имаат проблем со вирус, кој може да доведе до болки во грлото и постојана кашлица, што навистина може да биде исклучително заморно.
За да си олесните во најкус можен рок, пробајте со чај од ловор. Еве како да го подготвите, а помага многу брзо, ќе почувствувате олеснување.
Состојки за чај од ловоров лист:
- 2,5 dcl вода
- 3 ловорови листови
- малку ѓумбир
- половина лимон
- една лажичка мед
Ловорот ситно исечкајте го, ставете го во тенџере и прелијте го со вода, па додадете го ѓумбирот. Оставете сè да зоврие, а кога е готово, процедете го и додадете малку мед и исцеден лимон.
Здравје и убавина
Што сѐ знаеме за Јаболковиот оцет?

Јаболковиот оцет е популарен меѓу луѓето кои се стремат кон здрав животен стил, но привлекува внимание и кај научниците поради неговите потенцијални здравствени придобивки. Во последно време, многумина почнаа да го пијат оцетот на празен стомак пред појадок, што всушност не е најздравата практика.
Истражувањата од последниве години покажуваат дека јаболковиот оцет е најделотворен кога се консумира пред оброк, но во попладневните часови. Раствор од оцет и вода може да помогне за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, поддржува слабеење и ја подобрува апсорпцијата на железо.
Се препорачува дневна количина од 20 мл јаболков оцет разреден со вода, но важно е ова да се пие непосредно пред јадење. На тој начин може да се постигнат следниве ефекти:
- Стабилизација на шеќерот во крвта – Истражување од 2013 година покажа дека оцетната киселина го успорува разградувањето на јаглехидратите, што е корисно за луѓето со дијабетес тип 2. Друго истражување од 2011 година покажало дека помага и кај дијабетес тип 1.
- Поддршка во намалување на тежината – Јаболковиот оцет го зголемува чувството на ситост, а најдобри резултати се постигнуваат кога се користи оцет со повисока концентрација на оцетна киселина.
- Подобрување на апсорпцијата на железо – Студија од 2002 година утврдила дека оцетот ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо преку цревата.
Најдобро е оцетот да се консумира пред ручек или рана вечера. Пиењето на празен стомак, особено наутро, не се препорачува, бидејќи може да предизвика несакани појави како горушица, болки во желудникот или лошо варење. Ова посебно важи за луѓе со проблеми со дигестивниот систем.
Здравје и убавина
Само со „20 минути возење“ велосипед секој ден, се подобрува целокупното здравје кај човекот

За некои, велосипедот е средство за рекреација, за некого превозно средство и не е редок случај тоа да е и двете работи. Многу е пишувано за придобивките од велосипедизмот, но вреди да се повторат за оваа активност, што меѓу другото, го радува вашиот паричник.
Тоа е активност што е најлесно да се вклопи во секојдневниот живот, затоа што велосипедот, покрај средство за рекреација, е и превозно средство што лесно ќе ве одведе од точката А до точката Б, истовремено избегнувајќи стоење во колони.
Покрај тоа, вашиот имунолошки систем, како и срцето, мозокот и мускулите ќе ви бидат благодарни за овој вид активност, бидејќи возењето велосипед има позитивно влијание на секоја од нив. На крајот на денот, вашето тело ќе ви биде благодарно, бидејќи благодарение на возењето велосипед, полесно ќе заспиете.
Калории
Возењето велосипед со околу 20 километри на час согорува 563 калории за 60 минути.
Во исто време, недоволната физичка активност го зголемува ризикот од смрт, поради што Светската здравствена организација препорачува возрасните на возраст од 18 до 64 години да имаат најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно за да останат здрави.
И при постигнување на оваа цел, идеален партнер може да биде вашиот велосипед. Потребни се околу 20 минути возење на ден за да ја постигнете целта.
Вклопете го велосипедот во секојдневниот живот
Покрај тоа што помага да се држат голем број здравствени проблеми далеку од вас, возењето велосипед е забавна активност што можете лесно да ја вметнете во вашата дневна рутина. Нека велосипедот стане ваше превозно средство за да одите до продавница или да работите.
Возењето велосипед, со текот на времето, ќе има позитивен ефект врз вашата координација и ќе ја подобри циркулацијата, така што резултатот ќе биде побрзо закрепнување на вашето тело.
Покрај тоа, со текот на времето, ќе има зајакнување на мускулите на долниот дел од телото и подобра подвижност на одредени зглобови. Ова значи дека ова може да биде одлична вежба за луѓе кои имаат проблеми со зглобовите и артритис.
Вие нема да се откажете толку брзо
Иако е можно вие самите некогаш да започнете физичка активност и да се откажете многу брзо, возењето велосипед не е една од таквите активности.
Луѓето кои вклучуваат велосипедизам во нивниот секојдневен живот, честопати се посветени на повеќе активности отколку оние кои почнуваат да вежбаат во теретана. За разлика од другите форми на вежбање, повеќето луѓе кои возат велосипед остануваат верни на тоа цел живот.
Возењето велосипед не ги оптеретува колената како што се прави после некое време премногу трчање или пешачење, а од друга страна не бара многу опрема како што е случај со други активности.
Затоа, следниот пат кога ќе заглавите во преполн град, додека седите зад воланот, добро размислете како еден велосипед може да ви го олесни денот и да го подобри вашето здравје.
Здравје и убавина
Вниманието во храната во борбата против заморот е многу битна за човековиот организам

Кога ќе забележите дека повеќе денови по ред сте поуморни од вообичаено, физички или ментално, треба веднаш да реагирате и да се потрудите порано да заспиете и во текот на ноќта да спиете барем седум часа, редовно да вежбате и да практикувате техники за опуштање кои најмногу ви одговараат.
Многу е важно секако и како се храните – доколку не внесувате доволно неопходно хранливи материи, логично е дека ќе бидете уморни.
Обрнете внимане на големината на оброците – обилните оброци богати со масти го заморуваат организмот. Енергијата се пренасочува кон варењето и правењето залихи.
Од друга страна, недоволното внесување храна исто така го заморува организмот и за кратко време доведува до исцрпување на резервните витамини и минерали во телото.
Исто така е важно да не се прескокнуваат оброците (особено појадокот) и секојдневно да се зема оброкот во исто време.
Извор: денар.мк
-
Кичево2 дена
Жива е Македонија! Кичевските полуматуранти од ОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ со оро ги развиорија македонските знамиња!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (11 јуни)
-
Скопје1 ден
МВР: Млада охриѓанка вработена во скопско казино пронајдена без знаци на живот
-
Временска прогноза2 дена
Денес во Македонија продор на свежина од север, ова се метео информациите
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за четврток (12 јуни)
-
Спорт1 ден
Албанија и Латвија одиграа без победник во натпревар од квалификациите за СП
-
Автомобили1 ден
(ВИДЕО) „Audi“ месецов ќе го претстави новиот модел на „Q3“
-
Македонија17 часа
Возач од струшко возел пијан со 2,61 промил алкохол во крвта