Следете не

Македонија

Започнува Ипа вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда

Објавено пред

на

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре 13 јуни, започнува Ипа вело викендот „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ“ во чии рамки, во сабота (14 јуни), ќе се одржи рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда. Овој спортски настан, се одржува по деветти пат а главната цел е актуелизирање на ИПА иницијативата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града-Охрид и Струга како и вело конекција Охрид-Св.Стефан, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.

Овие проекни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на Охрид, Струга и на целот крајезерски регионот во целина, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа и ќе бидат причина плус за зголемен број на туристи на ривиерата.

Со ова, упатуваме порака до двете општини, конечно и сериозно да се заложат, велосипедското поврзување на Охрид со Струга Охрид-Св.Стефан, да станат реалност.
Утре во 19.30 часот, на градското пристаниште во Охрид ќе можат да ги подигнат своите ИПА сетови а стартот на рекреативната велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда е во сабота во 08 часот од градското пристаниште во Охрид.

Од крстосницата „Распаќе“ на булеварот „Туристичка“, вело трасата ќе води по една коловозна лента од автопатот во изградба се до поранешниот ресторан „Коцаре“ каде ќе има вклучување по стариот пат Охрид-Струга, покрај брегот на Охридското езеро. Во 08.45 кај „ЕВРО ХОТЕЛ“, е предвидена средба на охридската со струшката вело група а потоа, заеднички ќе се вози низ живописните зелени предели кај Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до преубавата Радожда.

По краткото дефиле тука, предвидена е кафе пауза во угостителскиот објект „Динга“, наш ИПА пријател од каде се пружа неповторлив поглед кон езерските синила и планинската убавица Галичица. Возењето велосипед е љубов, потреба, незаборавна авантура и неповторливо доживување.

Во време кога државите градат велосипедски автопати, редно е и во охридско-струшкиот регион на Македонија, да имаме безбедни вело патеки а не, да возиме покрај автомобилите, автобусите и камионите и да се ставаме во сериозна и опасна ситуација како ранлива категорија учесници во сообраќајот.

Не сакаме повеќе жртви-велосипедисти на небезбедните патишта во регионот, на кои нема ни трага ни глас од вело патеки означени со современа хоризонтална и вертикална сообраќајна велосипедска сигнализација.

Токму затоа, ги повикуваме сите членови на ИПА Охрид и ИПА Македонија, сите вело клубови од Охрид, Струга и Македонија, сите граѓани вљубеници во велосипедскиот туринг, да се придружат во сабота, да бидеме побројни и уште еднаш, да испратиме силна порака до надлежните дека сме армија велосипедисти која алармира, конечно да се пристапи кон изградба на современа велосипедска мрежа во најатрактивниот регион во Македонија, за Порта.мк истакна претседателот на ИПА Охрид, Стефан Димоски.

Македонија

Кај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, било сопрено патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(44) од Тетово.

При контролата во возилото биле забележани лица кои при легитимирање немале никакви документи за идентификација. Во разговор со возачот, тој посочил дека требало да ги превезе лицата од Гевгелија до Куманово.

Во возилото се превезувале седум лица, сите по нивен исказ државјани на Египет, на возраст од 17 до 52 години.

Возачот и мигрантите се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Спречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода три лица

Објавено пред

на

На 28.11.2025 година на Граничен премин Стар Дојран лишени од слобода се три лица поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик – „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи”.

Од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, Граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и полициски службеници од Фронтекс, во три одделни случаи при извршена гранична контрола за влез во РСМ, кај три лица грчки државјани пронајдени и одземени се околу 200 патрони непријавена ловна муниција.

Во првиот случај околу 10:20 часот, при контрола во патничко моторно возило „дајхатсу териос“ со грчки национални ознаки управуванo од Х.С.(38), пронајдени се над 130 патрони (ловечка муниција) кои биле сокриени на повеќе места во возилото.

Исто така, околу 11:20 часот во патничко моторно возило “хонда” со грчки национални ознаки управуванo од K.K.(76) пронајдени се 24 патрони (ловечка муниција).

Во последниот случај околу 16:30 часот во патничко моторно возило “сузуки витара” управуванo од Т.P(62), пронајдени се над 40 патрони (ловечка муниција), соопшти МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Бензините остануваат исто, додека Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.11.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, истакна РКЕ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Месечен Хороскоп (декември 2025)

ОВЕН Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои...

Здравје и убавина3 часа

Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо

Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува...

Здравје и убавина5 часа

Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши

Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително...

Кичево10 часа

(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“

Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево...

Македонија12 часа

Кај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет

На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (30 ноември)

ОВЕН Вложувате големи напори за да постигнете позитивни резултати во деловното изразување, но има редослед на настани што ги нарушуваат...

Спорт1 ден

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското...

Спорт1 ден

(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен

Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од...

Здравје и убавина1 ден

„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно

Солта го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот многу поголемо отколку што мислиме. Таа е...

Македонија2 дена

Спречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода три лица

На 28.11.2025 година на Граничен премин Стар Дојран лишени од слобода се три лица поради основано сомнение за сторено кривично...

НАЈЧИТАНИ