Македонија
ИПА Охрид денес реализираше хуманитарна акција за социјално загрозени семејства
Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид, денеска на 33 социјално загрозени семејства од Охрид, им донираше социјални пакети со прехрамбени производи.
Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше реализирана со помош на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.
На овој начин, членовите на Интернационалната полициска асоцијација Охрид ја покажаа својата хуманост, што ќе биде постојана во натамошното работење и ќе се реализира и во Струга, Кичево и Дебар, како подрегиони на Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид.
Интернационалната полициска асоцијација е независно тело составено од членови на полициската служба, без разлика дали се во активна служба или пензија, и без разлика на ранг, пол, раса, боја, јазик или религија. Тоа е цел за да се создаде обврска кон пријателство и да се промовира меѓународната соработка врз основа на начелата утврдени во декларацијата за човекови права усвоена од страна на Генералното собрание на ОН во 1948 година.
Оттука, мотото на ИПА е SERVO PER AMIKECO-СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО
За порта.мк извести Претседателот на ИПА – регион Охрид, М-р Стефан Димоски
Македонија
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
Летното сметање на времето во 2024 година започнува викендов, односно на 31 март (недела) во 02:00 часот по полноќ, така што со поместување за еден час нанапред во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот.
– Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот, се смета како 02:00 часот.
Одлуката на Владата за воведувањето летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви. Инаку Владата, на предлог на Министерството за економија, вчера на седница донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година.
Македонија
Од среда целосно затворање на делница Прилеп – Битола државен пат „P1101“
Времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола“ и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата, истакна АМСМ.
Македонија
(ВИДЕО) Ноќва превој „Стража“ под снежна бура, апел за поголемо внимание додека минувате
Предмалку до нашиот портал пристигна видео од превој „Стража“ каде се забележува дека паѓа снег и се задржува на коловозот.
Имено состојбата моментално може да се карактеризира како алармантна со оглед на тоа дека законот за поседување зимски гуми и опрема заврши, така што апелираме за поголемо внимание додека преминувате преку овој превој.
До сега немаме дополнителни информации како се останатите превои каде често знае снегот да изненади и на пролет.
Исто така се забележани екипи на ЈП Македонија Пат кои работат активно на терен, така што се очекува овој снежен бран кратко да не создава дополнителни проблеми за движење.
Имајте безбеден пат, возете почитувајќи ги патните сообраќајни знаци и услови на патот.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 март)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Македонија2 дена
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево1 ден
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Кичево2 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Спорт1 ден
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle1 ден
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево8 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед