Временска прогноза
Зимата е на прагот, колку и каде снегот најмногу ќе врне

Според последните анализи и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, во недела и во понеделник и тоа со влажниот и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, снежна покривка ќе се формира на повисоките места и на планините (за над 15 цм нов снег).
Снежната граница како што најавивме и тоа особено во западните и во северните предели ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што врнежи од СНЕГ ќе има и во некои од населените места (градовите). Токму на овие места понекаде ќе се формира снежна покривка и до 10 цм.
На следната метеоролошка карта можете да погледнете каде и колку снег се очекува за време на претстојниот влажен и СТУДЕН бран во нашата држава:
Температурите особено од недела ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени. Наутро пак истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени во најтоплите централни и југоисточни предели од државава.
Во Скопје снег се очекува само на околните планини и на местата со малку поголема надморска височина, што значи дека провејување на снег ќе има само во повисоките делови од котлината.
Заклучок на сето ова: ЗИМАТА ДОАЃА!
За порта истакна Попоски.
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
Временска прогноза
Викендов ќе имаме сончево и пријатно време

Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени, информира Славчо Попоски.
-
Кичево2 дена
Во семеен стан во блокот на Ламели во Кичево доцна вечерва избувнал пожар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (8 мај)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Македонија1 ден
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода
-
Хроника13 часа
МВР со детали за убиството во Штип, приведени биле и помагачи на сторителот
-
Скопје7 часа
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела