Спорт
(ВИДЕО) Новата ѕвезда на ПСЖ денес беше презентирана пред публиката, додека се слушаа и свирежи за „Мбапе“

Денес Лионел Меси беше претставен како нов фудбалер на богатиот париски клуб. Пред почетокот на натпреварот, сите нови играчи на францускиот клуб се претставија пред навивачите. Прво го стори Хакими, потоа Вајналдум, Донарума, Рамос и на крај Меси.
Меси вечерва не беше во тимот, а покрај него, Серхио Рамос, како и ianанлуиџи Донарума, го следат натпреварот од трибините, додека во тимот се Вајналдум и Хакими.
Lionel Messi is presented to the PSG fans 🔥
(via @PSG_English) pic.twitter.com/AtIE1o9pUg
— ESPN FC (@ESPNFC) August 14, 2021
– Ова беше многу посебна недела за мене. Би сакал да им се заблагодарам на сите за прекрасниот прием откако дојдов во Париз. Беше навистина неверојатно. Возбуден сум и многу среќен, особено што во оваа фаза од кариерата можам да стекнам ново искуство. Се надевам дека заедно ќе уживаме и ќе ја направиме оваа година посебна за сите нас – рече Лионел Меси.
Кога официјалниот говорник го претстави Килијан Мбапе од трибините, следуваа жестоки свирежи и спорадични навреди. Париските навивачи до вчера не гледаат позитивно на својот миленик.
💥 La sonora pitada de la afición del PSG a Kylian Mbappé
🎥 Vía @CanalSupporters
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) August 14, 2021
Причината лежи во фактот што тој одбива да го коментира продолжувањето на неговиот договор, кој истекува следниот јуни, како и шпекулациите дека не сака да игра со Аргентинецот.
ФОТО: printscreen/twitter
Спорт
ФФМ со интензивна постапка за утврдување на неправилностите од мечот помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими.
По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот се веќе добиени.
Тие се прецизни и јасни и укажуваат на тоа дека натпреварот има сериозни нарушувања на интегритетот.
Очигледните неправилности кои се евидентирани се причина Комисијата за натпреварување да не го регистрира натпреварот, односно бодовите од истиот не се заведени.
Истовремено, двата клуба се предадени на дисциплинска постапка.
ФФМ ќе ги искористи сите можни средства согласно своите овластувања за целосно расчистување на овој срамен случај кој фрла сериозна дамка врз фудбалот во Македонија.
Ќе се започне со прибирање изјави од сите лица за кои ФФМ има сознанија дека биле инволвирани во случајот, вклучително и фудбалери за кои постојат индиции за вмешаност.
Притоа, посочуваме дека секој обид за лажно давање изјава ќе сноси соодветна одговорност согласно законските прописи.
Собраниот доказен материјал до овој момент е доставен до архивското одделениe при Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дополнително, за случајот е информирана УЕФА, која внимателно го следи развојот на настаните.
ФФМ ја уверува јавноста дека ќе ја истера постапката до крај и ќе следуваат драстични казни за сите за кои ќе се докаже дека се вмешани во нарушување на интегритетот на натпреварувањето, стои во интегралното соопштение на Федерацијата, кое ви го пренесовме во целост.
Спорт
ФФМ огорчени од фудбалските сцени на мечот од ВМФЛ помеѓу Кожуф и Башкими

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од Втора МФЛ.
– Сцените што сите ги видовме на теренот и однесувањето на поединци претставуваат директна навреда за фудбалот, за фер-плејот и за сите што со чесна намера учествуваат во спортот, истакнаа од ФФМ.
Прочитајте повеќе на официјалниот натпис од ФФМ, во продолжение ТУКА
Спорт
(ФОТО) Момчињата на „ФК Кичево“ гостуваа во Охрид, едниот натпревар го добија постигнувајќи „петка“ на градски

Денес стадионот во склоп на „Билјанини извори“ – Охрид, беше преполн од родители и љубители на фудбалот. Во пелагониска-езерска регионална лига се сретнаа екипа на домаќинот „ФК Ла Масиа“ и нашиот тим од „ФК Кичево“ кој одиграа одличен и возбудлив меч, така што екипите поделија по 1 бод, односно резултатот до последното судиско свирче заврши 3:3.
Во еден цврст натпревар, домаќините го отворија резултатот рано во првото полувреме, но кичевчани брзо се враќаа од резултатска криза. Мал милион неискористени шанси за гол, најпрво преку Матески, Сарџоски и Сталески.
Во листата на стрелци ⚽️ за нашиот тим се запишаа: Дарио Јосифоски, Марко Сталески и Борис Матески од белата точка.
Пред натпреварот на генерација 2010/2011, натпревар одигра и генерација 2012 на „ФК Кичево“ против екипата на „Академија Охрид“ и истиот го доби со резултат од 0:5, стрелци на головите беа: Берк Али ⚽️⚽️, Малик Фазлиоски ⚽️, Мухамед Исмаилоски ⚽️, Дариан Арсоски ⚽️.
Честитки до сите фудбалери за прикажаната игра!
Во прилог фотогалерија преку нашиот објектив од натпреварот на генерација 2010/2011.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за убиството во Штип, приведени биле и помагачи на сторителот
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Македонија10 часа
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза20 часа
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија19 часа
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина7 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје