Кичево
The Hounds во Република 96250

По бројните настапи и свирки во Кичево и останатите македонски градови, прилепскиот рок бенд The Hounds, оваа сабота (07.05) повторно ќе засвират нотите на Rock & Roll-от во Република 96250, со почеток во 21:30 часот.
Златко Крчески – вокал и гитара, Крсте Крчески – гитара, Јане Петкоски – гитара и Илија Мирчески – тапани, се членовите на бендот.
За изминатите 12 години, колку што постои бендот, на својот распоред имаат реализирано многу настапи.
Целта на бендот, е постепено да се одвојуваат од преработките на песните и да се посветат на авторските теми. Моментално се актуелни со нивната нова тема „Тишина“.
„Тишина„ е новиот сингл на прилeпската груап The Hounds , како предвесник на доаѓањето на вториот албум. Убавиот ритам , културни, урбани стихови, „љубовен амбис„ и ширина на „тишината„ исполнета со звук кој плени, е песната која носи нови звуци ,поразлични од предходните песни.
Кога ќе ја чуете песнатаа,таа ви создава чувство на милување на ветар, ритам кој брановито се шири и дава емоции на смиреност. „Тишина„ зборува за љубовната како приказна со понаков ритам на бендот The Hounds.
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Временска прогноза9 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија17 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт7 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје21 час
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Автомобили5 часа
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот