Кичево
„Joyson Safety Systems“ – Кичево се приклучува со донација за самохраната мајка за која организираме хуманитарен настан во недела
Денес непосредно пред големиот хуманитарен концерт кој е закажан за во недела 12.06.2022 во НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево од 19:00ч администрацијата од реномираната фирма за воздушни перничиња „JSS“ (Joyson Safety Systems) со седиште во Кичево се приклучува со скромна донација за потребите на самохраната мајка која се бори со тешката болест.
Уште еднаш преку нашиот медиум упатуваме голема благодарност до „JSS“ (Joyson Safety Systems) за нивниот добробит, воедно ги охрабруваме сите кои сакаат да учествуваат со свој хуманитарен чин да нè контактираат или да присуствуваат на концертот.
Направи добро дело!
Спаси живот!
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура2 денаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза2 денаОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Хороскоп8 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин20 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин20 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин20 часаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин20 часаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
