Автомобили
Колку навистина се „зелени“ електричните возила?
Кога возите, електричните автомобили не испуштаат штетни гасови во атмосферата и ако го погледневме само тој аспект, навистина немаше да се расправа дали тие се еколошки прифатливо решение. Меѓутоа, што е со самото нивно производство, создавањето на батерии и станици за полнење и кој е конечниот биланс во споредба со традиционалните возила на фосилни горива?
Производство на електрични возила
Како што пренесува порталот TheNextWeb, според истражувањето на Министерството за транспорт во Обединетото Кралство, електричните возила се еколошки поприфатлива опција во текот на нивниот животен век во споредба со традиционалните возила кои се напојуваат со мотори со внатрешно согорување фосилни горива.
За време на анализата на целиот животен циклус на овие два типа возила, опцијата која користи електричен погон ќе ослободи 65% помалку гасови кои произведуваат ефект на стаклена градина во атмосферата од традиционалните возила на бензин и дизел.
Треба да се напомене дека најголемиот дел од емисиите на штетни гасови за електричните возила се јавуваат при самото производство, дури 67%. Исто така, интересно е да се констатира дека при производството на електрични возила, според истражувањата од 2020 година, се произведуваат околу 50% повеќе штетни гасови во споредба со традиционалните возила, главно поради производството на батерии.

Фото: Unsplash
Сепак, треба да се напомене и дека со текот на времето, емисијата на штетни гасови во атмосферата при производство на електрични возила ќе се намалува поради процесот на рециклирање на постоечките батерии. Се проценува дека емисијата на стакленички гасови создадени за време на создавањето на електрични возила ќе биде еднаква на количината испуштена при производство на класични возила до 2050 година. Тогаш електричните автомобили навистина ќе станат најдобра опција за возење.
Нешто се премолчува
Во моментов, пак, не се зборува за мрежата за полнење и за изворите на електрична енергија кои ги напојуваат овие возила. Значи, електричното возило како електрично возило е апсолутно и без сомнение подобар избор за нашата планета ако се гледа како изолиран ентитет и ако не ја земеме предвид неопходноста од неговото напојување.
Но, тоа не би дало реална состојба и не е професионално да се креваат електрични возила до небо без да се истакнат постоечките проблеми за кои недоволно се зборува. Земете ги на пример Соединетите Американски Држави како една од земјите со најразвиена мрежа на станици за полнење на електрични возила. Според истражувањето на Управата за енергетски информации, во оваа земја само 12,2% од потрошената електрична енергија доаѓа од обновливи, еколошки извори. Останатите 87,8%… Можете да погодите.

Фото: Unsplash
Дали во таква ситуација навистина можеме да зборуваме за електричните возила како решение кое ќе ја спаси планетата од нас самите пред природата да реши да го притисне копчето за рестартирање? Не сме сигурни како можеме да го тврдиме тоа. Но, останува фактот дека електричните автомобили ќе стануваат се по „нежни“ за нашата планета како што одминува времето, а ни останува само да се надеваме дека човештвото ќе се сврти кон обновливите извори на енергија.
Која е иднината на електричните возила?
Иднината, барем што се однесува до самите производители на автомобили, никогаш не е подобра. На пример, Volvo планира целосно да го прекине производството на традиционални автомобили до 2030 година. Се развиваат и напредни батерии кои ќе овозможат подолги патувања со едно полнење и подобрена долговечност. Ќе се подобри и мрежата за полнење, станиците ќе станат пораспространети, а животот со електричен автомобил ќе биде многу полесен отколку што е сега.
Но, сето ова е жално доколку енергијата што се користи за напојување на електричните автомобили не престане да се произведува со согорување на јаглен и други тековни методи. Без барем делумна транзиција кон обновливите извори на енергија, нема да има еколошки возила.
Автомобили
Најпродаваните автомобилски брендови во Европа: Шкода се искачува, азиските брендови ограничени во Топ 10
Продажбата на нови автомобили во Европа продолжува да расте, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на моторни возила (ACEA). Во првите десет месеци од годината, пазарот забележал стабилен раст и јасна доминација на европските производители.
Клучни резултати за европскиот автомобилски пазар
-
Во ЕУ се регистрирани 8.974.026 нови автомобили, што е раст од 1,4% во споредба со истиот период во 2024 година.
-
Во Европа (ЕУ + ЕФТА + Велика Британија) продадени се 11.020.514 автомобили, што претставува раст од 1,9%.
-
Пазарот покажува дека само два азиски бренда се во Топ 10, додека европските производители продолжуваат да доминираат.
Водечки брендови во продажбата на автомобили во Европа
-
Volkswagen е апсолутен лидер со 1.017.781 продадени автомобили, што означува раст од 5,3% (во 2024: 966.942).
-
Toyota се позиционира на второто место со 616.104 автомобили, но бележи пад од 6,3% во споредба со минатата година.
-
Škoda го зазема третото место со 601.963 продадени возила, што е значителен раст од 10,6% и јасен показател за нејзиниот подем.
-
Renault е четврти со 545.923 возила (+7,2%).
-
BMW следува со 531.047 автомобили (+4,2%).
-
Peugeot бележи 469.322 продадени возила (-2,0%).
Завршен пласман во Топ 10
-
Dacia — 465.879 автомобили (+5,9%)
-
Mercedes-Benz — 460.666 автомобили (+2,0%)
-
Audi — 428.839 возила (-1,2%)
-
Hyundai — 349.790 автомобили (-2,2%)
Овие бројки покажуваат стабилен европски пазар каде традиционалните брендови продолжуваат да го држат приматот, додека Škoda прави значителен пробив, а азиските производители се соочуваат со ограничен раст во најсилниот автомобилски регион во светот.
Извор: B92
Автомобили
Како да заштедите гориво во зима: Експертски совети за правилен притисок во гумите
Редовната проверка и одржување на правилниот притисок во гумите во текот на зимскиот период е една од најбрзите, најевтините и најефикасните мерки за намалена потрошувачка на гориво и побезбедно возење.
Со падот на температурите, многу возачи ја забораваат оваа едноставна, но клучна проверка.
Зошто студот го намалува притисокот во гумите?
-
Студот предизвикува контракција на воздухот во гумата.
-
Ова доведува до намален притисок, полошо прилепување, побрзо абење и повисока потрошувачка на гориво (5–10%).
-
За секои –5°C, гумата губи приближно 0,07 бари.
Колку често треба да се проверува притисокот?
Експертите препорачуваат:
-
Најмалку еднаш месечно.
-
Во нај студените месеци – на секои две недели.
-
Особено после многу студени ноќи или пред долги патувања.
-
Притисокот се проверува кога гумите се ладни (автомобилот стоел 2 часа или возел <3 km).
Превисок притисок – исто така опасен
Во зима обично се додаваат околу 0,2 бари, но само внимателно и во согласност со препораките од производителот.
Последици од премногу напумпани гуми:
-
Нерамномерно абење
-
Намален контакт со патот
-
Поголем пренос на удари и вибрации
-
Оштетување на структурата на гумата
Последици од низок притисок
Нискиот притисок е уште поопасен:
-
Оштетување на внатрешноста на гумата
-
Забрзано абење
-
Полоша контрола врз возилото
-
Подолго растојание за сопирање
-
Полошо држење во кривини
-
Поголем ризик од дупната гума
Заклучок
Редовната проверка на притисокот во гумите во текот на зимата е:
-
Брза
-
Евтина
-
Критична за безбедноста
-
Ефикасна за намалување на потрошувачката на гориво
Извор: Mondo
Автомобили
Регистрациите на нови автомобили во ЕУ пораснаа за 5,8% во октомври: Еве кои се најсилните пазари
Шпанија предничи со рекордeн раст на електрични возила од 90,1%
Во Европската Унија во октомври биле регистрирани 916.609 нови патнички автомобили, што претставува раст од 5,8% во однос на истиот месец минатата година, објави Здружението на европски производители на автомобили (ACEA).
Раст на најголемите пазари
Три од четирите водечки европски пазари бележат годишен раст:
-
Шпанија: +15,9%
-
Германија: +7,8%
-
Франција: +2,9%
-
Италија: –0,5% (единствен пад)
Електричните автомобили со најголем скок
Сегментот на електрични возила на батерии (BEV) бележи раст од 38,6% на ниво на ЕУ.
Најголеми зголемувања по земји:
-
Шпанија: +90,1%
-
Франција: +63,2%
-
Германија: +47,7%
Пазарен удел по тип на возила во октомври
-
Хибриди (HEV): 34,5%
-
Бензинци: 24,8%
-
Електрични – BEV: 18,9%
-
Plug-in хибриди: 10,5%
-
Дизел: 8,1%
Податоци за периодот јануари–октомври 2025
-
Регистрациите на нови автомобили пораснале за 1,4% на годишно ниво.
-
Уделот на електрични возила достигнал 16,4%.
-
Продадени се 1.473.447 BEV автомобили — раст од 25,7% во споредба со истиот период лани.
Најголемите пазари за електрични автомобили
Четирите водечки пазари —
Германија, Франција, Белгија и Холандија — учествуваат со 62% од сите BEV регистрации во ЕУ во првите десет месеци од 2025 година.
Извор: Blic
-
Кичево15 часаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Кичево2 дена(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Култура15 часаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Магазин1 ден(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (3 декември)
-
Кичево2 дена„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
-
Македонија2 денаДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови
-
Хороскоп3 часаХороскоп за четврток (4 декември)
