Следете не

Видео

Што може да преживее Apple Watch Ultra? ВИДЕО

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Јутјуберот TechRax го стави првиот издржлив часовник на Apple – Watch Ultra – на неговиот екстремен тест за издржливост.

Apple Watch Ultra беше претставен на почетокот на септември и е првиот издржлив часовник на компанијата. Ова секако е задоволство за многу Јутјубери, кои решиле да го истетовираат, а меѓу нив е и TechRax.

Со цел да се тестираат многуте засилувања што ги користи Watch Ultra, како што се куќиштето од титаниум, дисплејот од сафир и заштитата за круна, TechRax користеше голем број екстремни методи.

Така Apple Watch Ultra беше фрлен на бетон на тест за „drop“, ставен во тегла со шајки, по што теглата беше протресена, а потоа одлучи да го удри часовникот со чекан.

Интересно е тоа што часовникот ги поминал сите овие тестови без трајни или поголеми оштетувања. Тука спаѓаат и ударите со чекан, а колку такви удари биле потребни за конечно да не успее часовникот, погледнете во придружното видео.

Македонија

Посебно внимание во сообраќајот поради појава на голомразица „подледена површина“ на асфалтот

Објавено пред

на

Нашиот сообраќаен сервис апелира за поголемо внимание во патниот сообраќај поради појава на голомразица (подледена површина) на коловозот во нашиот регион, поготово во доцните и раните утрински часови на превој Пресека, Стража и Кичево.

Имајте пријатно и безбедно патување, проследено со законски поставената патна и сообраќајна сигнализација

Прочитај повеќе...

Македонија

„Dacia Duster“ добива уште две верзии 4×4, на пазарот достапен ќе биде и новиот бензинец 1.2 турбо мотор со 130 коњски сили

Објавено пред

на

Кога пристигна новиот Dacia Duster, на клиентите не им беше понуден турбодизел моторот, кој беше столбот на погонот 4×4 во претходните две генерации на овој модел. Сега верзијата со погон на сите тркала е придвижувана од 1,2-литарски турбо бензинец со 130 КС, но тоа очигледно не е доволно.

Имено, Dacia Duster наскоро ќе биде достапен во хибридна верзија со автоматски менувач и погон на сите тркала, потврди извршниот директор Денис Ле Вот.

„Имаше нешто што недостасуваше во нашиот опсег. Работевме напорно на тоа бидејќи мораме да ги направиме овие системи достапни. Ле Вот изјави дека погонот на 4 тркала ќе биде поврзан со хибриден погонски систем TCe 140, а на некои пазари и систем Bi-Fuel LPG. Во хибридниот систем задната оска ќе се движи од електричен мотор, пренесува Autocar.

Новите модели се очекуваат на крајот на годината. Очигледно е дека ова е обид на Dacia да понуди поекономични мотори/погонски системи на своите верзии 4×4 како адекватна замена за дизел моторите.

Извор: AutoCar

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) Петта футсал шампионска титула за „Лукоил Македонија“ во „Бизнис Лигата“

Објавено пред

на

Многу публика и со позитивна атмосфера заврши финалниот меч во Бизнис Лигата на Македонија, одигран во СЦ Борис Трајковски.

Во големото финале од Бизнис Лигата на Македонија кое водеше до шампионската титула вчера силите ги одмерија екипите на бранителот на титулата Лукоил и Ван Хоол.

Екипата на Ван Хоол уште во раната фаза од натпреварот во 7та минута дојде до водство од 0-1 со погодокот на Даниел Стаменковски.

По овој погодок Ван Хоол играше повлечено со целосен акцент на играта во одбраната, со ваква поставеност зададе големи проблеми во нападот на Лукоил кој не можеше да најде решение за ваквата одбрана на Ван Хоол. Од ова и предноста на Ван Хоол од 0-1 на полувремето.

Второто полувреме Лукоил го отвори со офанзивна игра и пресинг по целиот терен, со ваква игра успеваше да развие контра напад кој преку Стојанов во 23та минута успеа да го претвори во гол и израмни на 1-1.

Во понатамошниот дел од натпреварот кај Лукоил проработи и Иван Стојчев кој со два гола во низа успеа да му донесе на Лукоил водство од 3-1. Екипата на Ван Хоол беше упорна и со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот, но искуството на Лукоил дојде до израз во самиот финиш кога играа смирено со долги напади.

Во ваквата игра Александар Ѓоргиевски успеа да постигне гол и да ја запечати победата.

Лукоил со оваа победа од 4-1 стана старо-нов шамипон по 5-ти пат на Бизнис Лигата на Македонија, додека задоволството и среќните моменти за освоеното прво место не ги криеше и првиот човек на Лукоил Македонија, г-дин Андреј М. Куку, кој дава огромна поддршка за спортот, па може често да се забележи неговото присуство каде настапуваат луѓе од компанијата.

Со официјални награди се закитија и неколку фудбалери од Лукоил во повеќе категории.

Стрелци на погодоците:

Лукоил: Горан Стојанов 23’ Иван Стојчев 29’ 33’ Александар Георгиевски 39’

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 7’

Нашиот медиум упатува срдечни честитки за екипата на Лукоил Македонија, целата организацијата на Бизнис Лигата и сите учесниците кои се закитија со награди.

Повеќе фотографии ќе најдете ТУКА

Дел инфо текст: Бизнис лига

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

(ВИДЕО) Два хеликоптери на МВР и еден на АРМ утрово дејствуваат над пожарите во Чучер Сандево, Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05:00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Македонија10 часа

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Вечерва нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите, известуваат...

Хороскоп11 часа

Хороскоп за понеделник (7 јули)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Македонија11 часа

МВР: Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е...

Спорт14 часа

За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање

Во рамки на денешниот ден на традиционалниот фудбалски турнир во с.Староец кичевско се одиграа натпревари согласно транспарентното ждреб извлекување. Турнирот...

Македонија22 часа

ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба

На 04.07.2025 година во 01:25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското...

Lifestyle22 часа

Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена

Кујнските крпи се еден од најкористените, но и најчесто запоставените предмети кога станува збор за одржување на хигиената во домот....

Lifestyle23 часа

5 најчести митови за клима уредите – што е вистина, а што треба да промените во навиките?

Во денешно време, клима уредите се неизбежен дел од секој дом – особено за време на сè пожешките лета. Без...

Временска прогноза1 ден

Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните ...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (6 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

НАЈЧИТАНИ