Спорт
(ВИДЕО) „Лалињата“ се пласираа во четвртфиналето на СП во Катар и ќе играат против Аргентина за пласман меѓу четирите најдобри селекции во светот
Фудбалската репрезентација на Холандија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, откако вчера во првиот натпревар од второто коло на шампионатот ја совлада селекцијата на САД со резултат 3:1 (2:0).
Со победата на Аргентина, „лалињата“ веќе го добија својот противник. Аргентина во текот на целиот натпревар ги контролираше случувањата на теренот, ритамот на игра, имаше поголем посед на топката и создаваше прилики.
Сепак, Австралијците најпрвин ја намалија негативата по автоголот на Енцо Фернандеш, а во последните моменти од дуелот голманот Мартинез одлично интервенираше за да го спречи Гаранг Кол да го доведе својот тим во продолжение.
Инаку во првиот натпревар од второто коло на Светското првенство во Катар, Холандија победи со головите на Депај во 10. минута, Блинд во 45. минута и Дамфрис во 81. минута, додека Рајт го постигна единствениот гол за Американците во 76. минута.
Холанѓаните од првиот до последниот момент на натпреварот го диктираа ритамот на игра и покажаа дека се поквалитетна екипа, иако особено во првото полувреме Американците имаа повеќе удари кон противничкиот гол.
Исто така, Холанѓаните имаа среќа да постигнат голови во важни моменти, а секако најважен беше голот на Дамфрис кој го реши победникот.
И покрај овој пораз, селекцијата на САД може да биде задоволна од настапот во Катар, особено ако се земе предвид дека тимот на Берхалтер беше еден од најмладите на овој турнир.
Денеска на ТВ програмата ќе ги гледаме Франција против Полска од 16:00 часот и Англија против Сенегал од 20:00 часот.
Спорт
Во „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
Во седиштето на УЕФА денес беа извлечени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женски фудбал, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година.
Македонската женска репрезентација ќе ги започне квалификациите во Лига Ц, каде што се формирани вкупно шест групи. Натпреварите од оваа етапа ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и двете најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе се борат за место на Мундијалот преку бараж дуели против второ и трето пласираните тимови од Лига А. Овие натпревари ќе се одиграат во октомври и ноември 2026 година, додека последните интерконтинентални баражи се закажани за февруари 2027 година.
Македонија ќе се обиде да стигне до баражите преку групата Ц3, каде што ќе игра против селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Јувентус сигурен против Торино, Влаховиќ го отвори резултатот уште во петтата минута од натпреварот
Јувентус славеше со 3-1 против Удинезе на свој терен во Торино, во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот тим го отвори резултатот уште во петтата минута преку Душан Влаховиќ, кој беше прецизен од белата точка. Во второто полувреме, Федерико Гати зголеми на 2-0 во 67-та минута, а Кенан Јилдаз ја запечати победата со гол во шестата минута од судиското продолжение.
Почесниот гол за гостите го постигна Николо Заниоло во првата минута од дополнителното време. Во следното коло, Јувентус ќе гостува кај Кремонезе, додека Удинезе на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.
Рома ја совлада Парма со 2-1
Рома исто така запиша победа на свој терен, совладувајќи ја Парма со 2-1. Марио Ермосо го отвори резултатот во 63-тата минута, а Артем Довбик во 81-та ја потврди победата. Единствениот гол за Парма го постигна Алесандро Чикарти во 86-тата минута.
Комо убедлив против Верона
Во исто време, Комо беше подобар од Верона со 3-1 на домашен терен.
Спорт
Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски комитет при ФИФА.
Овој комитет, кој функционира под надлежност на Советот на ФИФА, има задача да го следи и поттикнува развојот на фудбалот како олимписка дисциплина, како и да ја унапредува соработката со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со турнирите во рамки на Олимписките игри.
На чело на Комитетот е Самир Шауд од Бразил, а негов заменик е Мустафа Раџи од Либерија. Меѓу членовите се наоѓаат повеќе истакнати фудбалски претставници од различни делови на светот како Кохзо Ташима од Јапонија (делегат на Советот на ФИФА), Чармејн Крукс од Канада, Хрисостомос Гкагкатсис од Грција, Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах од Кувајт, Бранко Радујко од Србија, Хелга Хелгадотир од Исланд и други.
Покрај Омерагиќ, и генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, доби важно меѓународно признание, тој е избран за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА.
Оваа комисија има задача да ја дефинира и унапредува медиумската и комуникациската стратегија на ФИФА, со фокус на дигиталните платформи и јавната комуникација. На нејзино чело е Јасин Идрис Диало од Брег на Слоновата Коска, а заменик-претседател е Армен Меликбекјан од Ерменија.
Во составот на Комисијата се и Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).
Именувањето на Омерагиќ и Јандреоски претставува големо признание за Фудбалската федерација на Македонија и потврда за растечкиот углед на македонскиот фудбал во меѓународната фудбалска заедница, истакна Фудбалската федерација на својот е-медиум.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Кичево1 денД-р Јовановски е новиот градоначалник на град Кичево, човек кој ќе ја врати довербата во заедништвото и меѓуетничкото разбирање
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (4 ноември)
-
Lifestyle1 денКако да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома
-
Магазин1 денGalaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии
-
Магазин1 денXiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот
-
Магазин1 денAmazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија
-
Кичево8 часаВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
