Временска прогноза
Попоски истакна најнови метео вести, снег до 1000 н.м.в.

Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на денов и во текот на ноќта ќе продолжат врнежите од дожд кои ја зафатија нашата држава. Локално истите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (околу 20 л/м2 воден талог). На планините ќе има врнежи од СНЕГ.
Кон крајот на денов и вечерва поради продор на СТУДЕНА воздушн а маса од север ќе започне да дува ЗАСИЛЕН, повремено СИЛЕН ветер од северен правец (Долж Повардарието повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км час).
Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на надморска височина од околу, локално и некаде под 1000 метри.
На планините и тоа особено на запад и на северозапад ќе се формира снежна покривка од околу 20 цм, додека помала снежна покривка ќе се формира и на местата со надморска височина од околу 1000, локално и под 1000 метри (до околу 10 цм). Во текот на ноќта која што ни следува, како и утре локално провејување на снег ќе има понекаде и на пониските места (градовите), особено во северните и во западните предели.
Потоа од петок, па за време на викендот следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата (се очекува појава на мраз). Максималните температури особено за викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН и БРЗ пораст, па сево ова негативно ќе влијае врз метеопатите, каде се можни ЗНАЧИТЕЛНИ здравствени проблеми, па најдобро истите да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја земаат препишаната терапија од истиот.
Инаку утре ќе биде релативно ЗИМСКИ ден со потпросечни температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 10 степени, но поради СИЛНИОТ ветер кој се очекува температурите ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените.
Во Скопје и околината очекуваме слично време, со врнежи од дожд до крајот на денешниот ден а ќе започне да дува и ЗАСИЛЕН северен ветер кој ќе услови ЗНАЧИТЕЛНО намалување на температурите, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба

Во текот на оваа ноќ територијата на Република Македонија ќе биде зафатена од уште една голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад која ќе услови поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог за кратко време (нови над 20 литри дожд на метар квадратен).
Локално пак повторно ќе има појава на невреме проследено со обилен пороен дожд кој може да усалови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопје и околината оваа ноќ ќе има нови врнежи, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
Температурите ќе бележат понатамошно опаѓање и ќе бидат пониски дури и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме до денес напладне, предмалку истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре промена во атмосферата, најава за дестабилизација на времето кое носи нови врнежи од дожд и засилен ветер, ова се информациите…

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, утре (сабота 30 август) како и во текот на ноќта кон недела (31 август) времето во Македонија ќе биде променливо и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со услови за појава на град.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината. Утре (сабота 30 август) повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец, додека во текот на ноќта кон недела (31 август) и особено во Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во недела (31 август) ќе бидат во опаѓање и максималните дневни температури во недела ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, што значи дека во недела (31 август) ќе бидеме под влијание на посвежа воздушна маса од север, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до петок (29 август) времето во Република Македонија ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Што се однесува до температурите, тие во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат и 35 степени. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до околу или пак ќе надминува 35 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Наутро пак останува релативно свежо времето со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.
Да напоменам дека разликата помеѓу минималните утрински и максималните дневни температруи на воздухот во следните неколку денови ќе биде огромна (и за повеќе од 20 степени ќе биде разликата деновиве помеѓу истите). Токму поради ова, особено метеопатите ќе ја почувстуваат позначително оваа огромна разлика на температурите, тоа значи дека кај истите се можни поголеми здравствени проблеми.
Промена на времето проследна со развој на нестабилност, локален пороен дожд, грмежи, ветер и пад на температурите ќе имаме за време на викендот (сабота и недела 30/31 август) кога ќе има услови и за локална појава на невреме. Детална метео анализа околу оваа промена на времето следува во следните мои метео објави, утрово истакна метеорологот Славчо Попоски
-
Кичево5 часа
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (31 август)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок
-
Хороскоп23 часа
Месечен Хороскоп (септември 2025)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски предмалку истакна важни информации околу временската состојба
-
Македонија13 часа
Од денес започнува новата учебна година, вештачката интелигенција дел од наставата, образовни асистенти и за средношколците
-
Автомобили1 ден
Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар
-
Мобилни уреди1 ден
„WhatsApp“ одстранил сериозен безбедносен пропуст за „iPhone“ уредите