Здравје и убавина
Следните намирници немаат рок на траење

Рокот на траење на храната може да биде доста збунувачки. Не само што има повеќе датуми за да се разберат (тоа се „рок на траење“ и „најдобро да се употреби до …“), но понекогаш овие датуми можат да бидат сосема погрешни.
Следните намирници немаат рок на траење….
Сол
Сол, било да е морска или камена, не може да се расипе и останува засекогаш свежа, како што била на денот кога сте ја купиле.
Шекер
Шекерот не е проблем да се чува свеж, туку да се спречи да не стане цврст како камен. Шекерот никогаш нема да се расипе бидејќи не дозволува развој на бактерии. Единственото нешто што морате внимателно да направите е да го чувате подалеку од влага и инсекти.
Мед
Медот има неограничен рок на траење. Може да ја смени бојата или да се кристализира, но и понатаму ќе биде добар за јадење. Ако медот се кристализира, едноставно ставете ја отворената тегла во топла вода и мешајте додека кристалите не се растопат.
Ориз
Дури и ако дебел слој прашина е фатен на кутијата, оризот ќе биде подеднакво добар како и првиот ден. Ова важи за сите видови на ориз: долги и кратки зрна, бели, басмати … Но, не и за кафеавиот ориз, кој повеќе е склон кон расипување поради поголемо количество на масло. Единствено што треба е да се грижите за чување на оризот е од инстектите.
Бел оцет
Можете да купите голема количина бел оцет, без страв за расипување. Имено, може да трае вечно. И да ве потсетиме дека, освен во салати и супи, исто така можете да го користите како одлично средство за чистење.
Екстракт од ванила
Чистиот екстракт од ванила засекогаш ќе остане свеж, бидејќи се чува во чист алкохол. Но, бидете внимателни дали навистина се работи за вистински екстракт од ванила, бидејќи вештачкиот нема долг рок на траење. Имајте го ова на ум.
Жестоки пијалоци
Не мора да брзате да ја испиете секоја капка алкохол што ја имате во домот. Добро затворено и на ладно место, чуваното шише може да трае онолку колку што е потребно. Ормар со жестоки пијалоци обично е нешто што се наследедува, но не мора да се грижите за квалитетот на пијалокот наследен од баба. Со текот на времето, пијалаците малку можат да го променат вкусот, но веројатно тоа нема да го почувствувате.
Осушен грав
И сув грав може да стои долго време. Единствено што е можно да му треба е подолго време да омекне пред да го готвите, а понекогаш и воопшто нема да омекне, особено ако стоел две или три години. Но, добро работа е што нема да ја изгуби својата хранлива вредност.
Сируп од јавор
Иако оваа намирница често не ја користите во вашиот дом, но доколку ја имате дома знаејте дека ни ова нема рок на траење. Сличен на медот, сирупот од јавор, најчесто се користи како прелив за палачинки или некои други слатки.
Пченкарен скроб
И оваа храна има неограничен животен век, но мора да ја чувате на ладно место и добро затворена. А како што залихата на пченкарен скроб не се троши толку брзо, слободно можете да ја користите подолго време.
Инстант кафе
Инстант кафето во фрижидер може да се чува засекогаш, без разлика дали пакувањето е отворено или не.
Извор: denar
Здравје и убавина
Единствен рецепт за појак имунитет

Познатиот руски професор и експерт за кинезитерапија, Сергеј Бубновски, тврди дека постои многу едноставен начин за зајакнување на имунитетот.
Според него, клучот е во ладната вода. Како тоа делува?
Секој ден наполнете када со ладна, па дури и ледена вода, и потопете ги стапалата за 10–15 секунди. Потоа избришете ги со крпа и облечете дебели волнени чорапи. Оваа процедура се повторува секоја вечер пред спиење.
Доколку сте подложни на вируси, настинка или кашлица, се препорачува да ја практикувате и почесто — на секои четири часа. Според Бубновски, контактот со ладна вода не само што не ја загрозува здравствената состојба, туку, напротив, го подобрува општото здравје.
Здравје и убавина
Што сѐ знаеме за Јаболковиот оцет?

Јаболковиот оцет е популарен меѓу луѓето кои се стремат кон здрав животен стил, но привлекува внимание и кај научниците поради неговите потенцијални здравствени придобивки. Во последно време, многумина почнаа да го пијат оцетот на празен стомак пред појадок, што всушност не е најздравата практика.
Истражувањата од последниве години покажуваат дека јаболковиот оцет е најделотворен кога се консумира пред оброк, но во попладневните часови. Раствор од оцет и вода може да помогне за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, поддржува слабеење и ја подобрува апсорпцијата на железо.
Се препорачува дневна количина од 20 мл јаболков оцет разреден со вода, но важно е ова да се пие непосредно пред јадење. На тој начин може да се постигнат следниве ефекти:
- Стабилизација на шеќерот во крвта – Истражување од 2013 година покажа дека оцетната киселина го успорува разградувањето на јаглехидратите, што е корисно за луѓето со дијабетес тип 2. Друго истражување од 2011 година покажало дека помага и кај дијабетес тип 1.
- Поддршка во намалување на тежината – Јаболковиот оцет го зголемува чувството на ситост, а најдобри резултати се постигнуваат кога се користи оцет со повисока концентрација на оцетна киселина.
- Подобрување на апсорпцијата на железо – Студија од 2002 година утврдила дека оцетот ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо преку цревата.
Најдобро е оцетот да се консумира пред ручек или рана вечера. Пиењето на празен стомак, особено наутро, не се препорачува, бидејќи може да предизвика несакани појави како горушица, болки во желудникот или лошо варење. Ова посебно важи за луѓе со проблеми со дигестивниот систем.
Здравје и убавина
Само со „20 минути возење“ велосипед секој ден, се подобрува целокупното здравје кај човекот

За некои, велосипедот е средство за рекреација, за некого превозно средство и не е редок случај тоа да е и двете работи. Многу е пишувано за придобивките од велосипедизмот, но вреди да се повторат за оваа активност, што меѓу другото, го радува вашиот паричник.
Тоа е активност што е најлесно да се вклопи во секојдневниот живот, затоа што велосипедот, покрај средство за рекреација, е и превозно средство што лесно ќе ве одведе од точката А до точката Б, истовремено избегнувајќи стоење во колони.
Покрај тоа, вашиот имунолошки систем, како и срцето, мозокот и мускулите ќе ви бидат благодарни за овој вид активност, бидејќи возењето велосипед има позитивно влијание на секоја од нив. На крајот на денот, вашето тело ќе ви биде благодарно, бидејќи благодарение на возењето велосипед, полесно ќе заспиете.
Калории
Возењето велосипед со околу 20 километри на час согорува 563 калории за 60 минути.
Во исто време, недоволната физичка активност го зголемува ризикот од смрт, поради што Светската здравствена организација препорачува возрасните на возраст од 18 до 64 години да имаат најмалку 150 минути умерена физичка активност неделно за да останат здрави.
И при постигнување на оваа цел, идеален партнер може да биде вашиот велосипед. Потребни се околу 20 минути возење на ден за да ја постигнете целта.
Вклопете го велосипедот во секојдневниот живот
Покрај тоа што помага да се држат голем број здравствени проблеми далеку од вас, возењето велосипед е забавна активност што можете лесно да ја вметнете во вашата дневна рутина. Нека велосипедот стане ваше превозно средство за да одите до продавница или да работите.
Возењето велосипед, со текот на времето, ќе има позитивен ефект врз вашата координација и ќе ја подобри циркулацијата, така што резултатот ќе биде побрзо закрепнување на вашето тело.
Покрај тоа, со текот на времето, ќе има зајакнување на мускулите на долниот дел од телото и подобра подвижност на одредени зглобови. Ова значи дека ова може да биде одлична вежба за луѓе кои имаат проблеми со зглобовите и артритис.
Вие нема да се откажете толку брзо
Иако е можно вие самите некогаш да започнете физичка активност и да се откажете многу брзо, возењето велосипед не е една од таквите активности.
Луѓето кои вклучуваат велосипедизам во нивниот секојдневен живот, честопати се посветени на повеќе активности отколку оние кои почнуваат да вежбаат во теретана. За разлика од другите форми на вежбање, повеќето луѓе кои возат велосипед остануваат верни на тоа цел живот.
Возењето велосипед не ги оптеретува колената како што се прави после некое време премногу трчање или пешачење, а од друга страна не бара многу опрема како што е случај со други активности.
Затоа, следниот пат кога ќе заглавите во преполн град, додека седите зад воланот, добро размислете како еден велосипед може да ви го олесни денот и да го подобри вашето здравје.
-
Кичево10 часа
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (17 септември)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за четврток (18 септември)
-
Музика2 дена
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Скопје12 часа
Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет
-
Временска прогноза2 дена
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд
-
Временска прогноза14 часа
Следната седмица вистинска промена на времето
-
Магазин1 ден
Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате