Спорт
Тимот на „Струга Трим Љум“ вчера го прослави историскиот пехар во првата Македонска фудбалска лига

Струга Трим Љум вчера на својот стадион го славеше историскиот пехар откако официјално беше крунисан во нов првак во Македонската фудбалска лига. Новиот шампион на уверлив начин ја прослави шампионската титула откако и на последниот дерби натпревар победи против Шкупи (2:1) во мечот од последното, 33. коло во Прва МФЛ.
Во натпреварите кои беа без резултатско значење, победа во последното коло оствари Шкендија со 2:1 против Работнички, а Тиквеш со убедливи 4:1 славеше против веќе испаднатата во понизок ранг Победа во Прилеп. Брегалница со 2:1 го совлада Скопје на гости, а во Струмица ремизираа со 2:2 Акедемија Пандев и Силекс.
Натпреварувачката сезона 2022/23 завршува со финалето во Купот на Македонија меѓу Струга и Македонија Ѓ.П.
Спорт
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско

Во чест на големиот христијански празник „Иванден“ во село Староец, долги години традиционално се одржува турнир во мал фудбал. Оваа година домаќините ќе се потрудат тоа да изгледа на повисоко ниво. Имено денес завршува пријавувањето на екипи кое ќе чини 1500 ден, а ждреб извлекувањето е закажано за од 20:00ч во „Паб“.
Натпреварите ќе се одржат во недела и понеделник – 6 и 7-ми јули во попладневните часови, ќе има добра храна, ладен пијалок и одлична фудбалска атмосфера и музика.
Пријавувањето на екипте се врши на тел бр. 078/588-164 и 075/202-255
Фејсбук настан – ТУКА
Се гледаме во с.Староец!
Спорт
Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.
Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.
Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.
Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.
Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.
Спорт
Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.
Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.
Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Временска прогноза6 часа
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Кичево24 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Македонија14 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Спорт4 часа
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје18 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак
-
Македонија3 часа
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица