Здравје и убавина
Газирана вода и митовите за неа..
Многу нешта можат да се слушнат за газираната вода, како тоа била лоша по здравјето или не? Пронајдовме некое истражување каде во прилог се претставени повеќе митови, но ова се вистинитите одговори
МИТ: Меурчињата не не хидрираат
Нејзините меурчиња потекнуваат од јаглерод-диоксид и според зборовите на д-р. Сузан Џаргин од Универзитетот во Јужна Каролина, меурчињата од минералната вода не ја спречуваат хидратација на телото. Дури, едно истражување од истиот универзитет покажало дека после интензивен тренинг, газираната вода ја надополнува изгубената течност на ист начин како и негазираната вода.
МИТ: Лоша е за забите и коските
Јаглеродната киселина, која настанува со растворање на јаглерод-диоксид, може да ја оштети забната глеѓ доколку се внесува во огромни количини. Значи, се додека не испиете цел пакет кисела вода дневно, безбедни сте. Истото важи и за коските.
МИТ: Дебелее
Вистина е дека сите тие меурчиња предизвикаат надуеност, но тоа е привремено и на долгорочно ниво дури и позитивно. Научниците утврдиле дека газираната вода може повеќе да ве засити од обичната вода, особено на празен стомак. Колку повеќе се чувствувате сити, помалку ќе грицкате. Но, избегнувате газирана вода со вкусови и вештачки засладувачи.
МИТ: Предизвикува киселина
Научниците го разоткрија митот дека сета таа шумлива вода предизвикува киселина. Ако сте склони на киселини треба да ја избегнувате храната која ја предизвикува киселината, а не минералната вода. Но, ако веќе страдате од киселина во желудникот, имате чир или слично, меурчињата можат да ја влошат состојбата.
Извор: денар.мк
Здравје и убавина
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје

Забите можат да бидат добар показател за проблемите во вашето тело. Внимавајте на здравјето на усната шуплина бидејќи секоја промена може да значи дека се случува нешто невообичаено во телото.
Редовно посетувајте стоматолог бидејќи секогаш може да ве предупреди за опасни промени. Експертите открија пет клучни работи поврзани со забите кои можат да зборуваат за вашето општо здравје.
1. Бледи непца и анемија
Бледата непца може да биде предизвикана од анемија, најчесто поради недостаток на железо. Некои варијации на бои постојат природно, така што може да изгледате дека имате побледи или потемни непца од другите. Обично, ако непцата не болат или крварат, не обрнуваме внимание. Но, ако забележите дека вашите непца одеднаш изгледаат доста бледи и дека имате други симптоми, како што се чувство на замор или вртоглавица, јавете се на лекар.
2. Нарушувања во исхраната и забната глеѓ
Ако често повраќате поради нарушувања во исхраната, може да ја оштетите забната глеѓ. Промените во бојата, обликот, транспарентноста или чувствителноста може да укажуваат на основниот проблем што може да доведе до големо расипување и губење на забите со текот на времето.
3. Остеопороза и губење на забите
Ако забите ви се малку променливи, тоа може да се должи на остеопороза. Лекарите можат да откријат дали имало промена во густината на коските поради остеопороза.
4. Габа во устата и слаб имунитет
Здравите луѓе обично го немаат овој проблем. Тоа се случува, пред с, кога имунитетот е ослабен. Симптомите вклучуваат пукнатини во аглите на устата, лош вкус на храна, непријатен вкус во устата или болка во устата.
5. Губење на забите и заболување на бубрезите
Бубрежните заболувања можат да предизвикаат чиреви во устата, промена на вкусот, намалување на производството на плунка … Ова пак води до сушење на устата, со што се зголемува киселоста, а со тоа и можностите за кариес и губење на забите.
Извор: kurir.rs
Здравје и убавина
Мувлата на овошјата може да доведе до несакани последици по здравјето на човекот

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и да си го изедете остантиот дел кој е „здрав“, без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или можеби леб. Сепак, ако навистина правите вака, тоа е една многу лоша идеја.
На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки влакна, кои се шират кружно, како корен на дрво.
Тие не се видливи со голо око, па дури и кога ќе се исече дел од местото кое видливо го зафатила мувла, дел од оваа заразна колонија останува и на остатокот од храната за кој сметате дека е сосема чист.
Ова најчесто се случува кај лебот, овошјето и зеленчукот, а со отргнувањето на мувлосаниот дел не сте го решиле проблемот целосно, бидејќи не сте ни свесни до каде е проширена оваа мувла.
Најдобро е ваквата храна, воопшто да не ја жалите и да ја фрлите, дури и да нема мувла, а на вас ви делува сомнително, подобро фрлете ја и купете свежа, бидејќи компликациите и проблемите кои можат да настанат во вашиот организам можат да бидат фатални.
Извор: Денар
Здравје и убавина
Apple подготвува AI асистент за здравје – пристигнува следната пролет

Apple активно ја проширува својата улога во вештачката интелигенција и дигиталното здравје, а најновиот чекор во оваа насока е Project Mulberry – напредна AI функција во апликацијата Health, која користи податоци од Apple Watch, iPhone и други уреди за да обезбеди персонализирани здравствени совети.
Како ќе работи Project Mulberry?
Според Марк Гурман, познат аналитичар за Apple, Project Mulberry ќе користи биометриски податоци што веќе се собираат од уредите на Apple:
-
Apple Watch ги следи отчукувањата на срцето и физичката активност.
-
AirPods може да собира податоци за дишењето и движењата.
-
iPhone и други уреди ја комплетираат сликата за здравјето на корисникот.
Врз основа на овие податоци, AI асистентот во Health ќе нуди препораки за подобрување на здравјето и кондицијата, слично како консултација со лекар.
Обучен од вистински медицински експерти
За да се осигури прецизноста на препораките, Apple ангажира вистински лекари за да го обучуваат AI моделот. Компанијата исто така планира отворање специјализиран центар во близина на Оукленд (Калифорнија), каде што експерти од различни области – спиење, исхрана, кардиологија, ментално здравје и физиотерапија – ќе снимаат едукативни видео содржини за новата услуга.
Внатрешно, оваа услуга се нарекува Health+, а Apple наводно бара познато медицинско лице кое ќе биде јавното лице на платформата.
Нови функционалности за корисниците
Покрај анализата на податоците и давањето совети, AI Health асистентот ќе воведе и нови можности:
-
Користење на камерата за проценка на формата на телото при вежбање.
-
Следење на исхраната и анализа на нутритивната вредност на оброците.
-
Кратки видео лекции за подобро разбирање на здравствените состојби и препораки за промена на животниот стил.
Кога доаѓа Project Mulberry?
Project Mulberry претставува нова фаза од претходно најавената иницијатива Project Quartz и сега е еден од приоритетите на Apple. Според Гурман, функцијата би можела да биде достапна со iOS 19.4, што значи дека нејзината премиера се очекува на пролет или лето следната година.
Apple против конкуренцијата
Apple не е првиот што влегува во оваа сфера – компании како Whoop и Oura веќе нудат AI асистенти кои анализираат здравствени податоци од уреди за носење. Сепак, Apple има предност со својот интегриран екосистем, што може да ја направи оваа функција подостапна и попрактична за корисниците.
Овој потег дополнително го забрзува трендот на интегрирање на вештачката интелигенција во уредите за носење, со цел да се подобри персонализираната здравствена заштита – едноставна, достапна и секогаш при рака.
Извор: ZD Net.
-
Хроника8 часа
Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за недела (11 мај)
-
Македонија24 часа
Малолетник од Кочани објавувал експлицитни содржини од малолетничка, мајката го пријавила
-
Временска прогноза1 ден
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите
-
Македонија1 ден
ОВР Струга: Стружанец возел мотор пијан и излетал од патот
-
Здравје и убавина20 часа
Клучни 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Скопје8 часа
Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор